СветТрамп може да одлучи да го објави прелиминарниот договор за завршување на војната со Иран пред петокТрамп може да одлучи да го објави прелиминарниот договор за завршување на војната со Иран пред петок, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, откако американскиот претседател изјави дека договорот веќе е потпишан.Венс го опиша меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран како„многу општ“ документ на страница ипол. Високи американски претставници, исто така, почнаа да даваат некои детали за договорот, брифирајќи дека Ормутскиот теснец ќе биде повторно отворен во петок - истиот ден кога договорот официјално ќе биде потпишан во Женева. Ова се случува во време кога Трамп присуствува на самитот на Г7 во Франција, на кој денеска ќе се одржи посебна сесија за Иран на која ќе присуствуваат лидерите на Египет, Катар и Обединетите Арапски Емирати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаВо Собранието дебата за Предлог законот за судската и јавнообвинителската службаПредлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници Предлог законот за судската и јавнообвинителската служба не е реформски, не ги исполнува барањата на синдикатите и не ја унапредува положбата на вработените- ова е ставот на засегнатите службеници кои во Собрание говореа на јавна расправа за законското решение. Порачаа дека се незадоволни бидејќи министерството за правда до Собранието доставиле текст, за кој велат дека е целосно различен од договореното со нив. Забележуваат дека барале поинаква пресметка за раст на платите, но и разграничување на нивните позиции. Критики за предлог законите имаше и вишата обвинителка Фатиме Фетаи, а во одбрана на предлог-законот во Собранието беше заменик министерот за правда Ален Деребан. Појаснува дека платите ќе се зголемуваат преку постигнатите колективни договори, а со целиот предлог морале да побрзаат поради роковите од реформската агенда. Заменик-министерот рече дека аргументираните забелешки кои се прифатливи ќе бидат преточени во амандмани, за во второ читање на законот да ги усвојат пратениците на комисијата за политички систем. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаНова шема на измами ги демне граѓаните Нова шема на измами ги демне граѓаните – по онаа со лажните сообраќајни несреќи, измамниците најдоа нова метода да извлечат пари од џебот на граѓаните, односно сега злоупотребуваат огласи за продажба на користени работи. Последната жртва која се пожали до Канал 5 ни посочи дека огласила детско седиште за во возило, по што и се јавил наводна купувачка од Крушево на Вибер, испраќајки линк од лажна страница за Карго преку кој наводно и ги испраќа парите и каде таа треба да ја наведе трансакциската сметка за да може да ги преземе средствата. Од наводно безбедносни причини, на оштетената и било побарано и да ја наведе состојбата на сметката, но во позадина и се повлека наведената сума. -Страницата изгледаше сосема легитимно, побара податоци од картичката, ова преку вебстраницата, под изговор дека е потребна безбедносна верификација, но јас мислев дека примам пари, но наместо тоа ми беа земени пари и префрлени преку Вестерн Унион – Виена, – Оштетена граѓанка. Откако забележала дека е станува збор за измама, оштетената граѓанка веднаш се обратила во Полициската станица и во матичната НЛБ банка. На полицијата, оваа меѓународна измамничка шема, а и наводниот купувач веќе им биле познати од други случаи – но првенствено и рекле да се обиде да ги врати средствата преку банка, оти биле резервирани, не и реализирани. -Она што е најапсурдно, парите кај мене се уште стојат како резервирани, не се конечно реализирани, значи постои прозорец да се преземе некаква акција. Доволно е банката, полицијата, Вестерн Унион во еден момент да соработуваат и да може трансакцијата да може да се блокира, ама таа соработка очигледно не се случува, се остава граѓанинот сам да ги обиколи сите институции, сам да го реши она што е институционална одговорност,- – Оштетена граѓанка. Канал 5 побара став и од банката и од МВР околу тоа што ќе преземат и дали веќе нешто преземаат.. иако најавија одговори, до подготовката на прилогот се уште не одговорија. Измамниците, на лажната страница каргоекспрес.глобал која ја користат го злоупотребуваат логото на вистинската компанија каргоекспрес.мк, од за Канал 5 телефонски посочија дека и други граѓани им се пожалиле и дека неколку пати и тие самите пријавиле во полиција. На левиот дел од екранот е вистинската страница на карго експрес.мк – која воедно ви дава и да ги користите опциите на истата, за разлика од страната каргоекспрес.глобал која е на десната страна од екранот, која е само направена да ве наведе да помислите дека е вистинска, а всушност е лажна позади која стојат измамниците. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38
МакедонијаСе отвара ли нова дискусија во Брисел за идниот модел за проширување на ЕУ?Новиот бран на предлози за промена на процесот на проширувањето е добар знак дека Брисел наместо декларативно, веќе во детали ја дискутира идната генерација на пристапни договори со земјите кандидатки.Новиот бран на предлози за промена на процесот на проширувањето е добар знак дека Брисел наместо декларативно, веќе во детали ја дискутира идната генерација на пристапни договори со земјите кандидатки, оценува шпанскиот аналитичар Виктор Бургете Видал за германско-францускиот нон-пејпер како и идејата на еврокомерската Кос, Унијата да имплементира заштитни мерки меѓудругото и во вид на забрана на употреба на вето за идните членки во првите пет до петнаесет години од приемот. -Беше добро прифатен во повеќето главни градови, но сè уште е почетна дебата и ќе го видиме во следните месеци, Комисијата треба да го разгледа предлогот и сега ја имаме оваа отворена идеја на Кос која се обидува да се справи со една од главните загрижености во европските главни градови, а тоа е прашањето за управување во рамките на ЕУ. Не станува збор само за проширување – ЕУ има 27 членки, тоа се многу членови и поради тоа начинот на кој функционира управувањето со ЕУ, некогаш е многу е тешко да се донесат одредени одлуки,- - Виктор Бургете Видал, виш истражувач за геополитика и безбедност во Центарот за меѓународни односи во Барселона. Тоа што вчера Украина и Молдавија ги отворија пристапните поглавја, според Бургете Видал, не значи дека ќе имаат полесен прием во ЕУ, бидејќи како што вели, секоја од земјите кандидатки има свои сложености според кои имаат поинакви услови од ЕУ при преговорите, а во минатото тоа се случи и со Бугарија и Романија посочува тој. -Нема споредба кога се анализира влијанието од приклучувањето на Украина кон ЕУ и Македонија - според популација, големина на земјоделскиот пазар, влијанието што ќе го има врз европскиот буџет, земјоделските фондови, но и кохезионите фондови. Мислам дека во предлогот на Мерц е сосема јасно дека Украина треба да се третира поинаку, но тоа не значи дека ќе биде полесен или ист пат (како Западен Балкан) кон интеграција во ЕУ,- - Виктор Бургете Видал, виш истражувач за геополитика и безбедност во Центарот за меѓународни односи во Барселона. На настанот посветен на 40 годишнината од влезот на Шпанија во ЕУ, Бургете Видал посочи дека Шпанија го поддржува проширувањето со нови членки но и напомена дека шпанските пристапни преговори се одвивале преку тежок реформски процес на политичка стабилизација и економски раст, но и соочување со големи ограничувања од ЕУ, конкретно во областа на нејзината рибарска флота. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДен по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица15:00Тошковски го осуди настанот со палењето на возилата пред бугарската амбасада 11:13Работна посета на министерот Муцунски на Лондон08:35Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38Опожарени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје18:13
Брза реакција на СВР Скопје: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада19:38