Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
1Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
МакедонијаСДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?Досега Антикорипцискиот тим на СДСМ има објавено тендерска мрежа тешка над 100 милиони евра. Едни исти омилени фирми на власта добиваат милионски тендери низ институциите и општините под контрола на ВМРО. Ленди Груп за само две години добила 74 тендери, Пирамид Билдинг Солушнс добила 51 тендер, Масев дури 93 тендери. Станува збор за повеќе од 200 тендери доделени на само на 3 омилени фирми на власта. Оваа шема е надградема. Зад секој нивни тендер што го добиле речиси секогаш се појавуваат истите фирми за проктирање и надзор: МГ Проект и МБМ Архитекти. Дали е сето ова случајно? Секако дека не е случајно. Се е бизнис за Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Колку уште докази треба да се објават за конечно да започне истрага Јавното обвинителство? Како тоа едни исти фирми добиваат тендери, како едни исти фирми добиваат надзор и проектирање а никој не презема ништо? Станува збор за 100 милиони евра, пари на граѓаните. СДСМ нема да запре. Ќе продолжиме да ги разобличуваме сите тендерски шеми, сите злоупотреби и сите сомнежи за корупција. Ги повикуваме и граѓаните да продолжат да пријавуваат криминал, корупција и злоупотреби на дигиталната платформа www.micko.mk. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот. Да ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Сите ќе одговараат, од прв до последен! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓанитеНа седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени.На седницата на Комисијата за финансирање и буџет, пратеникот од СДСМ Благој Бочварски, посочи дека ребалансот на Буџетот за 2026 година е уште една потврда за погрешните економски политики на Владата, кои резултираат со повисоки цени, стагнација на платите, поголем дефицит и зголемен јавен долг. Бочварски посочи дека граѓаните секојдневно ја чувствуваат економската криза преку растот на цените и намалената куповна моќ. „Не може да се даде преодна оценка за буџет на држава каде индустриското производство опаѓа, инфлацијата е речиси двојно поголема од европскиот просек, каде порастот на цените на храната е 8%, на овошјето над 16%, пијалаци над 10%“, рече Бочварски. Тој посочи дека животот станува сè поскап, додека Владата не презема мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните. „Потрошувачката кошничка расте од месец во месец и дојде веќе до 70.000 денари или три минимални плати, а од друга страна имаме минимална плата којашто за првпат после седум години стагнира“, рече Бочварски, додавајќи дека залудни се обидите на Владата на граѓаните да им презентира розева слика за реалната состојба во државата. Пратеникот Бочварски, посочи дека економските показатели покажуваат дека Владата нема исполнето ниту едно од клучните економски ветувања, а тоа се потврдува и со предложениот ребаланс. „Ветивте силен раст и развој - го нема. Ветивте повисоки плати - ги нема. Ветивте намален јавен долг - тој се зголеми за 2,5 милијарди евра. Ветивте дефицит под 3%, а денес имаме 4,1%. Ветивте високо ниво на странски инвестиции, а тие уште првата година паднаа за 60%. Ветивте зголемување на субвенциите за земјоделците, а во реалноста тие се намалија“, рече Бочварски. Притоа, тој порача дека ребалансот е директна последица на нереалното планирање на буџетот и потфрлањето во наплатата на приходите. „Буџетот не издржа ниту до средината на оваа година. Има потфрлање во приходите кои нема да можат да ја следат расходната страна од буџетот која пак хронично троши повеќе отколку што може да собере од нашата економија. Со овој ребаланс се потврдува дека буџетот не издржа ниту до средината на оваа година“, рече Бочварски. Воедно, Бочварски додаде дека приходната страна на буџетот е нереално проектирана, со што власта повторно се обидува да направи економска манипулација. „Проектирате зголемување на приходната страна за 4,6 милијарди денари, а имаме потфрлање на приходите од неверојатни 240 милиони евра. Од планираните 375 милијарди денари, на половина од годината се собрани околу 170 милијарди, додека за втората половина се очекуваат 210 милијарди денари. Ова е нова економска манипулација. Од погрешни претпоставки не можат да излезат точни резултати“, рече Бочварски. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураБројот на загинати во земјотресите во Венецуела се искачи на 3.342Бројот на загинати во двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, објави венецуелското министерство за информирање.Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе кои останаа без своите домови скокна на над 17.300. Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала се случи на 24 јуни, на околу двесте километри западно од Каракас. По него следуваше втор земјотрес со магнитуда од 7,5 степени, на оддалеченост од 45 километри, а потоа и низа последователни потреси. Земјотресот со магнитуда од 7,5 степени беше најсилниот во последните повеќе од сто години, велат податоците на американскиот геолошки институт.Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМилиони луѓе на погребната поворка на ајатолахот Али Хамнеи во Техеран (ВИДЕО)Милиони луѓе се придружија на погребната поворка во Техеран за да го испратат телото на починатиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи на пат кон светиот град Ком.Според иранските медиуми, денешниот настан е најголемиот јавен собир во модерната историја на земјата. Поворката почна утрината од верскиот комплекс „Голема мосала“ во Техеран, каде што што изминатите два дена беше изложено телото на Хамнеи. İran'ın başkenti Tahran'da yüz binlerce kişi, ABD ve İsrail'in düzenlediği saldırılarda öldürülen Ali Hamaney'i uğurluyor. 🛑 Hamaney'in cenazesinin akşam ezanından önce Kum kentine ulaştırılması bekleniyor... pic.twitter.com/1sNPjIBAys — Taha (@Taha_Sivas_5858) July 6, 2026 Организаторите очекуваат поворката, која се движи по траса долга околу 10 километри, да трае помеѓу 10 и 12 часа. Хамнеи кој беше убиен на 28-ми февруари од американските сили, ќе биде погребан во четврток. По атентатот, за негов наследник беше назначен неговиот син Моџтаба Хамнеи. İran'ın başkenti Tahran'da yüz binlerce kişi, ABD ve İsrail'in düzenlediği saldırılarda öldürülen Ali Hamaney'i uğurluyor. 🛑 Hamaney'in cenazesinin akşam ezanından önce Kum kentine ulaştırılması bekleniyor... pic.twitter.com/1sNPjIBAys — Taha (@Taha_Sivas_5858) July 6, 2026 Тагови: Али Хамнеи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter