ФудбалВидео: Тепачка на трибините на мечот Иран - Нов ЗеландГолема навивачка тепачка го одбележа натпреварот од Светското првенство меѓу Иран и Нов Зеланд одигран во Лос Анџелес. Првото коло од Светското првенство донесе интересен дуел меѓу Иран и Нов Зеланд, кој на крајот заврши без победник со резултат 2:2. Нов Зеланд двапати имаше предност во текот на средбата, но Иран се врати двата пати и успеа да освои вреден бод на почетокот од Мундијалот. Иако двете селекции имаа свои можности за победа, на крајот мораа да бидат задоволни со поделбата на бодовите. Покрај на зелениот терен овој дуел бил интересен и на трибините. WATCH: IRANIAN MONARCHISTS CAUSE MASSIVE BRAWL DURING IRAN’S FIRST WORLD CUP MATCH AGAINST NEW ZEALAND pic.twitter.com/JkjQwYBxNv — Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) June 16, 2026 По натпреварот се појавија видеа од инциденти на трибините, каде што беа снимени судири меѓу навивачите, што фрли дополнителна сенка врз воведниот натпревар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураУтре на БИТ Фест Битола, Националниот џез оркестар со концертна програма „Македонски сновиденија“На 16 август, со почеток во 20:00 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи во Битола, во рамките на програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ.Под диригентската палка на маестро Владимир Николов, оркестарот ќе ја ќе ја претстави својата концертна програма „Македонски сновиденија“ - енергична фузија од македонскиот фолклор и современиот џез, водејќи ја публиката низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонската традиција, прераскажани преку слободниот јазик на џезот. Програмата е составена од нови аранжмани на македонски народни песни и оригинални композиции инспирирани од домашниот фолклор. Овој уникатен проект веќе постигна огромен успех на меѓународната сцена. Во ноември 2025 година, оркестарот реализираше исклучително успешна европска мини - турнеја, претставувајќи ја македонската музичка приказна во големата сала „ELTE“ во Будимпешта, модерниот културен центар „La Fabrika“ во Прага, како и во легендарниот џез клуб „Porgy & Bess“ во Виена. Низата меѓународни успеси продолжи и во мај 2026 година, кога истата програма беше изведена во Брисел, во престижниот културен центар „BOZAR“, каде оркестарот уште еднаш беше пречекан со стоечки овации и високи оценки од европската публика. Националниот џез оркестар е еден од водечките биг-бенд состави во регионот, препознатлив по својата уметничка извонредност, современ пристап и силна посветеност кон развојот на современата џез музика. Оркестарот обединува врвни домашни џез музичари и меѓународно признати гости - уметници. Основан како национална институција во 2024 година, тој брзо стана централна сила во културниот живот на земјата. Со иновативна програма и распродадени настапи, тој изгради репутација како национален џез бренд. Меѓу гостите солисти досега се истакнуваат Курт Елинг, Јелоуџекетс, Курт Розенвинкел, Марија Мендеш, Дони МекКаслин, Алаин Перез, Ренато Кико, Дон Менца, Шеун Кути, Зиги Фајгл, Луис Бониља, Франческо Беарцати, Мајк Холобер, и други меѓународно признати уметници. Сите тие придонесоа за растечкиот меѓународен профил на оркестарот. Диригентот Владимир Николов е композитор чие творештво опфаќа широк спектар на музички јазици и жанрови, црпејќи инспирација од класичната музика и џезот. Како аранжер соработувал со ансамбли како што се Metropole Orchestra, Konzerthausorchester Berlin, BBC Radio Orchestra. Меѓу соработниците, се истакнуваат: Џон Клејтон, Ренди Брекер, Винс Мендоза, Шака Кан, Џејкоб Колиер, и многу други. Тој оркестрирал музика за неколку филмски проекти, меѓу кои добитникот на Оскар „The Artist“ (2012). Исто така го оркестрирал аранжманот за преработката на „All Night Long“ од Џејкоб Колиер, награден со Греми 2020 година. Концертот се реализира во соработка со Општина Битола, КИЦ – Битола и Центарот за култура – Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамВидео: Мекларен го враќа она што фановите го чекаа 34 години!Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“.Британскиот производител „McLaren“ го претстави новиот суперспортски автомобил McL 6GT за време на манифестацијата „Monterey Car Week“; инспириран од недовршениот проект M6GT на основачот Брус Мекларен, возилото треба да влезе во сериско производство во 2028 година. Според Motor1, главната одлика на новиот модел е мануелниот менувач кој ја пренесува силата од V8-моторот на задните тркала – со што McL 6GT станува првиот Мекларен со ваков систем уште од легендарниот модел F1, претставен во 1992 година – додека конструкцијата дополнително се одликува со монокок и каросерија изработени од јаглеродни влакна. McLaren го замислил автомобилот како спој на модерна технологија и традиционално возачко искуство; покрај дигиталните инструменти, тој располага со физички контроли, алуминиумски прекинувачи, хидрауличен систем за управување и класична рачка за менувачот, додека дизајнот вклучува бројни детали што им оддаваат почит на историјата на компанијата и на Брус Мекларен. McLaren’s manual supercar revealed! Say hello to the McL 6GT. pic.twitter.com/bzT0ZAs59N — Motor1 (@Motor1com) August 14, 2026 Целосните спецификации и цената сè уште не се објавени, но McLaren потврди дека серискиот модел McL 6GT ќе биде позициониран над моменталната палета на спортски автомобили и суперспортски возила на компанијата, што укажува на тоа дека ќе биде еден од најексклузивните модели на овој британски бренд.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЖивотВидео: Кози „ без билет“ се возат со автобусДве избегани кози предизвикаа вистински хаос во Портланд, откако талкаа низ улиците, козите одлучиле да се качат во автобус на јавниот превоз.Две кози се впуштиле во необична авантура во Портланд, Орегон, откако залутале без надзор до автобуска станица, па дури и накратко се качиле во автобус на јавниот превоз. Оваа необична глетка е забележана на станицата FX2, во близина на крстосницата меѓу Авенијата „Саутист 162“ (Southeast 162nd Avenue) и улицата „Дивижн“ (Division Street), каде што животните слободно се движеа. „ТрајМет“ (TriMet), агенцијата што управува со јавниот превоз во Портланд, соопшти дека полицијата примила повик на бројот за итни случаи во врска со две кози што се движеле во близина на станицата. Снимката од безбедносната камера го забележа моментот кога две животни му пријдоа на автобусот и влегоа во возилото. Сепак, нивното прво возење со јавниот превоз беше краткотрајно. Козите набрзо излегоа од автобусот и продолжија да талкаат кон блискиот трговски центар. Овој необичен настан брзо привлече внимание токму затоа што животните, барем накратко, изгледаа како обични патници кои го чекаат својот превоз.Тагови: коза Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook