3Бочварски: Ребалансот е доказ за економската неспособност на власта и сиромаштијата во која живеат граѓаните
Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
1Срамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон!
Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
1Алармантен број на убоди од инсекти: Над 30 луѓе побарале помош на клиника од убоди на оса, пчела, стршлен
МакедонијаНа Врховен му фалат половина судии, покажува ревизорскиот извештајНа Врховен му фалат половина судии, а вработените го тужат и бараат околу 70 илјади евра, покажува ревизорскиот извештај.Највисокиот суд во државава се соочува со сериозен недостиг на судии, финансиски проблеми, но и со тужби од вработени кои во судски постапки бараат околу 70 илјади евра, - покажува конечниот извештај за извршена ревизија на Врховниот суд за 2024 година. Во документот се наведува дека во тек се 28 судски постапки што се водат пред надлежните судови, кои не се завршени и не може да се пресмета за колку пари ќе биде кусок судот кој обезбедува единствена примена на законите од страна на судовите.. И покрај тоа што е забележан позитивен тренд на зголемување на бројот на решени предмети, ревизорите предупредуваат дека ефикасноста е ограничена поради недостиг од судии. Од предвидени 28 судиски места, на крајот на 2024 година биле пополнети само 11, кои подоцна се зголемиле на 14. Дополнителен проблем претставува и нефункционирањето на клучни административни позиции. Врховниот суд од септември 2023 година нема судски администратор, што директно влијае врз организацијата и управувањето со судската служба. Во делот на судската полиција, ревизијата утврдува дека се надминати законските ограничувања за прекувремена работа. Исплатени се 781 час повеќе од дозволениот годишен максимум, што укажува на недостиг на кадар. Ревизијата предупредува дека ваквата состојба може да ја загрози независноста и стабилноста на судската власт, како и да го забави спроведувањето на реформите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСрамен потег на Белата куќа: Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да поништи црвен картон! Американскиот претседател ја искористил врската со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА, според информациите од Гардијан и од него побарал помош за поништување на доделен црвен картон. Трамп се јавил во ФИФА три пати за четири дена за да го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун! Според информациите од британските медиуми, Доналд Трамп, претседателот на САД, направил сè што можел за да ја спречи суспензијата на Фоларин Балогун. Гардијан добил информации дека Доналд Трамп ја искористил својата врска со Џани Инфантино, првиот човек на ФИФА. Тој ја повикал организацијата-три пати за четири дена, инсистирајќи одлуката да се промени, напорот на американскиот претседател вродил со плод и дошло до промена на одлуката сега таа се води како вродило со плод како „условен црвен картон “. - Ви благодарам ФИФА, го направивте она што беше исправно и ја поништивте големата неправда - напиша Трамп преку социјалните мрежи.Тагови: Доналд Трамп ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаОЈО бара мерки на претпазливост за тројцата насилници 15 дена по крвавиот напад врз детето во ЧентоСкопското обвинителство соопшти дека побарало мерки на претпазливост за тројцата осомничени за нападот врз 14-годишното момче во скопската населба Ченто.Според првичните сознанија, како што соопштија, на 22 јуни осомничените учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го удирале со тупаници и клоци и му нанеле расекотини со нож по телото. Со предложените мерки им се забранува да го напуштат живеалиштето, да не се доближуваат до местото на настанот, ниту да контактираат со детото и неговите родители... -Во меѓувреме, продолжуваат да се вршат вештачења на пронајдени траги и се преземаат други дејствија за прибирање докази, велат од основно јавно обвинителство Скопје. Иако настанот се случил на 22 јуни, МВР поднесе кривични пријави за против тројцата осомничени дури по 11 дена, откако мајката на детето јавно реагираше дека случајот се води како насилство, а не како потешко дело обид за убиство, и покрај седумте убоди од нож што му биле нанесени. Мотивите за нападот, се уште не се познати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗелен хуман град: Дали Град Скопје ќе ги заштити скопјани или профитите на Титан УСЈЕ?Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани .Советникот на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, Марјан Калевски денеска поднесе советничко прашање до Град Скопје во врска со тоа дали Градот Скопје ќе ја исполни својата законска должност и ќе застане на страна на скопјани со тоа што ќе достави негативно мислење за обнова на А - интегрираната дозвола на ТИТАН - Усје поради големото загадување што го предизвикува фабриката во согласност со член 100 став (1) од Законот за животната средина. Дополнителна тежина на ова прашање дава фактот што Советот на Град Скопје на својата 5 седница на 25 декември 2025 година едногласно ја усвои иницијативата на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за дислокација на Цементарница „Усје“ и сите други индустриски загадувачи со заклучок: „Се задолжува градоначалникот на Град Скопје да се обрати до владата за да го разгледа начинот за започнување на постапка за дислокација на Усје и сите големи индустриски загадувачи на соодветни места надвор од скопската котлина согласно Законот за животна средина и Просторниот план на РМ“ Поради сериозноста на состојбата со загадувањето во Скопје, како и засегнатоста на сите скопјани со овој повеќедеценики проблем, побаравме одговорот на прашањето да добиеме во најкус можен рок без да се чека истекот на деловнички утврдениот рок, со цел навремено да ги информираме граѓаните. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да престане да се бори со сите расположливи средства за заштита на здравјето на граѓаните и животната средина од опасните, животозагрозувачки последици на загадувачката индустрија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter