Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид - Канал 5

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Општина Илинден и оваа година ја продолжува традицијата на организирање летен училишен камп за најуспешните ученици од општинските основни училишта. 

Најуспешните ученици од општина Илинден и оваа година на летен камп во Охрид

Како признание за нивниот труд, посветеност и постигнати резултати, учениците престојуваат во Охрид, еден од најатрактивните туристички центри во државата.

Летниот камп се реализира во рамки на Програмата за работа на градоначалникот Александар Георгиевски и Стратешкиот план за развој на Општина Илинден 2022–2026, со цел поттикнување на образовниот развој, мотивацијата и личниот напредок на младите.

За време на нивниот престој во Охрид, учениците ги посети градоначалникот Георгиевски, кој им честиташе за остварените резултати и им посака уште многу успеси во иднина. Во непосредна и пријатна атмосфера, тој истакна дека токму знаењето, трудот и истрајноста се вредности кои отвораат нови можности и заслужуваат да бидат препознаени и наградени.

Со ваквите проекти, Општина Илинден континуирано вложува во младите генерации, поттикнувајќи ги да се стремат кон нови знаења и достигнувања. Грижата за младите и нивниот развој останува еден од врвните приоритети на локалната самоуправа, која и во иднина ќе продолжи да создава можности за нивна мотивација, едукација и напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ден по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица

44-годишниот скопјенц што вчера беше приведен за палаењето на дипломатските автомобили пред бугарската аамбасада се уште не е изведен пред судија и не е познато за какво дело ќе одговора.

Ден по инцидентот пред бугарската амабсада сторителот се уште е во полициска станица

Тој беше задржан во полициска станица а Од обвинителството единствено велат дека се постапува и најавија повеќе информации откако ќе ја добијат пријавата од МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го осуди инцидентот. Посочи дека лицето бргу по настанот е обезбедно и дека нема да се толерира било какво насилство како и во случај кога се работи за предмети на друга држава а за мотивите упатува на обвинителството.

-Сторителот којшто се сомничи за палењето на возилата сопственост на бугарската амбасада е многу бргу идентификуван, обезбеден од страна на МВР во соработка со АНБ и тие беа вклучени во рамки нас споделување на клучни информации за овој кривично правен настан. Како што имам информација обвинителот оваа постапка ќе ја води по итна постапка, во текот на денот ќе има соопштение од обвинителството и судот за чекорите кои ќе бидат преземени,- изјава – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Кои се мотивите за палењето на возилата Се уште нема одговор.. И додека се чекаат официјалните информации, во јавност веќе кружат информации дека наводно скопјанецот бил револтиран за тоа што возилата непрописно се паркираа пред амбасадата..

Прашан за проблемот со автомобилите пред странските амбасади кои се наоѓаат во централното градско подрачје, министерот Тошковски најави засилени контроли во иднина.

-Законот треба да важи за сите и за македонските граѓани и за странците во Македонија а секако и за оние кои се официјални претставници на странски држави во Македонија особено во однос на управување возила во сообраќајот. Во иднина фоукс ќе се стави и на непрописното паркирање, изјава – Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи

Дипломатските возила пред амбасадата на Бугарија беа запалени вчера околу пладне а набргу интервенирала скопската противпожарна бригада и било спречено целосно опожарување. Нема повредени лица ниту пак биле зафатени објекти во близина на амбасадата.

Сторителот беше уапсен по само неколку часа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватот Дарио Шариќ се враќа во Евролигата во дресот на Анадолу Ефес

По 10 години, хрватската НБА ѕвезда, Дарио Шариќ се врати во дресот на Анадолу Ефес.

Хрватот Дарио Шариќ се враќа во Евролигата во дресот на Анадолу Ефес

Хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ (32) ја заврши својата НБА кариера по 10 години и од следната сезона повторно ќе го носи дресот на турскиот великан, Анадолу Ефес, тимот од кој замина за САД.

Веста за враќањето на Шариќ во европската кошарка прв ја објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ, а потоа потврда дојде и од Турција.

Шариќ ќе биде едно од најголемите засилувања на Ефес за следната сезона, во која се очекува турскиот клуб да се врати во врвот на Евролигата, како и пред три сезони кога ја освоија титулата.

Откако цела деценија стекна искуство во САД, хрватскиот центар сигурно може да му помогне на тимот од Истанбул во остварувањето на тие цели. Ефес објави дека хрватскиот кошаркар потпишал договор на две години со можност за продолжување на соработката за една година.

Имајќи предвид дека Шариќ веќе еднаш помина две сезони во тимот од Истанбул, тој би можел да стане една од најголемите легенди во историјата на овој турски клуб, гигантите на кошарката таму.

Шариќ ја започна својата кошаркарска кариера во Зрињевац, играше и за Загреб и Дубрава, а потоа се етаблираше во Цибона, со која ја освои и АБА лигата на Фајналфорот во Белград. Следеа две години во Ефес, па дури и десет во САД. Беше играч за Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома, Голден Стејт, Денвер и Сакраменто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На украинскиот претседател му е забрането да лета над оваа земја

Полскиот претседател Карол Навроцки му даде рок од неколку дена на својот украински колега Володимир Зеленски да ја повлече одлуката за именување на една од украинските единици по нацистичката Украинска бунтовничка армија (УПА).

На украинскиот претседател му е забрането да лета над оваа земја

Полскиот претседател Карол Навроцки му даде рок од неколку дена на својот украински колега Володимир Зеленски да ја повлече одлуката за именување на една од украинските единици по нацистичката Украинска бунтовничка армија (УПА), изјави портпаролот на полскиот лидер, Рафал Лескиевич.

„И дадовме на украинската страна неколку дена. Зеленски треба да донесе одлука. Тој сè уште има време да се осигури дека оваа единица нема да го носи името на херој на УПА“, изјави Лескиевич за полските медиуми.

Тој додаде дека досега немало реакција од украинската страна по ова прашање.

Се шпекулира дека од овие причини, полската страна му забранила на авионот на Зеленски да лета кон самитот на Г7 во Женева преку нејзината територија, па тој патувал преку Молдавија.

Според некои медиуми, ова е веќе втор пат Зеленски инцидентно да го промени аеродромот за кратко време.

Претходно, полскиот претседател размислуваше да му го одземе на Зеленски Орденот на Белиот орел, кој му беше доделен во 2023 година од претходниот шеф на државата, Анджеј Дуда.

Сепак, по состанокот на Советот на Редот минатиот понеделник, Навроки не донесе никаква одлука, ниту пак ги објави препораките што ги доби од Советот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер