„Само Вистина“ со Благојче Атанасовски и Љуљзим Фаризи - 12.06.2026 - 1 дел - Канал 5

„Само Вистина“ со Благојче Атанасовски и Љуљзим Фаризи - 12.06.2026 - 1 дел

„Само Вистина“ со Благојче Атанасовски и Љуљзим Фаризи - 12.06.2026 - 1 дел
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение „САНО“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Народната канцеларија во Скопје се сретна со претставници на граѓанското здружение „САНО“, коешто ги обединува родителите и децата кои го победиле, или сè уште се борат со канцерот.

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на граѓанското здружение „САНО“

Тие ја информираа за минатата и тековна работа на здружението, како и за проблемите и предизвиците со коишто се соочени.

Мајките на излекуваните деца се навратија на тешко извојуваната победа на болеста, но и на отсуството на поголемо разбирање и поддршка во истата.

Според нив, справувањето со тешката болест во голема мера ќе биде полесно доколку постои финансиска поддршка од државата во форма на паричен надомест за време на болничкото лекување, како и во првите 5 години по лекувањето заради големиот ризик од враќање на болеста во овој период.

Децата ја запознаа претседателката со своите образовни и културни активности, како и со намерите и очекувањата.

Претседателката изрази восхит за нивната херојска борба и победа над опаката болест, поттик за остварување на младешките соништа и длабоко разбирање за нивните рационални барања.

Таа укажа на можноста „САНО“ да го користи просторот на Народната канцеларија за запознавање на јавноста и кревање на свеста за нивните енормни проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуден е Белгиец кој снимал видео, а потоа со автомобил усмртил седуммина

Еден возач во Белгија е прогласен за виновен во петокот за убиство на седум лица откако со автомобилот се судрил со карневалска парада додека се снимал за социјалните мрежи.

Осуден е Белгиец кој снимал видео, а потоа со автомобил усмртил седуммина

Паоло Фалцоне (38) ќе биде осуден следната недела за смртоносната несреќа што се случила во март 2022 година во јужниот белгиски град Ла Лувиер, објави „Еуроњуз“.

Тој возел со 170 км/ч и се снимал себеси

Според обвинителите, трагедијата се случила додека Фалцоне, кој имал претходни прекршоци за пребрзо возење и возење под дејство на алкохол, го возел својот БМВ со 170 км/ч низ зона од 50 км/ч. Тој се враќал дома од ноќен клуб рано наутро во недела и не бил свесен дека учесниците во традиционалната карневалска парада се собрале на улицата.

Истрагата открила дека Фалцоне снимал објава за социјалните мрежи во времето на несреќата и не гледал кон патот. Тој се соочува со затворска казна до 30 години.

Шест лица загинаа на лице место

Шест лица загинаа на лице место, а службите за итни случаи им пружија помош на околу четириесет повредени лица на површина од неколку стотици метри. Седмата жртва подоцна почина во болница.

Обвинетиот на суд: Се однесував како целосен идиот

За време на судењето, Фалцоне изрази жалење за своите постапки и рече дека немал намера да повреди никого. „Целосно признавам дека се снимав себеси додека возев со луди брзини. Тоа го правев често“, рече тој. „Се однесував како целосен идиот“.

Поради големиот јавен бес, апелациониот суд, во потег редок за сообраќајни несреќи, нареди судењето да се одржи пред порота. Постапката се водеше во посебна сала за сместување на речиси 200 повредени лица, вклучувајќи лица кои останаа трајно инвалиди и роднини на починатите.

Совозачот, исто така, е осуден

Патникот кој бил во автомобилот во времето на несреќата, исто така, е прогласен за виновен за непружање помош на лица во опасност. Тој се соочува со казна затвор до две години.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ужасни несреќи во Унгарија: Осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа во две сообраќајни несреќи што се случија на автопатот „М1“ во Унгарија, во близина на Ѓер.

Ужасни несреќи во Унгарија: Осум лица загинаа

Утрово околу 4:30 часот, камион се судрил со градежна машина на 114-тиот километар од автопатот „М1“, објавува „Magyar nemzet“.

Возилото се запалило по судирот, а возачот на камионот починал на местото на настанот.

Кратко потоа, околу 5:15 часот наутро, минибус се судрил со камион кој беше запрен поради претходна несреќа на 113-тиот километар.

Во минибусот имало девет лица, од кои седум загинале на самото место, а двајца се повредени.

Камионот се удрил во неколку стационарни машини.

Возилото ги турнало машините една кон друга, потоа неговата кабина се запалила, а пожарот потоа се проширир на товарот.

Пожарникарите од Ѓер кои пристигнале на местото на настанот почнале да ги гаснат пламените јазици со два водни млазови, што веќе спречило понатамошно ширење на пламенот.

Во име на владата, унгарскиот премиер Петер Маѓар изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Тој во објава на Фејсбук изјави дека жртвите се странски државјани, но не ја прецизираше нивната националност, а полицијата не одговори веднаш на прашањата од Ројтерс.

Полицијата им соопшти на медиумите дека сите жртви се возрасни мажи, дека минибусот имал молдавски регистарски таблички и дека камионот вклучен во првата несреќа исто така имал молдавски регистарски таблички.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер