3„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи
Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
2 Сакате нов почеток, да почнете „од нула“? Трансформирајте го својот живот со овие совети – тајната лежи во малите чекори.
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Кој е интересот на талогот на СДС и Филипче да се стават на линија на Кина, против нашиот стратешки партнер, САД?СДС хистерична само декларативно е прозападно ориентирана партија, затоа во пракса се покажува дека е на линија на Кина и против САД.Тоа се гледа во нивното делување, лажењето, заплашувањето и хистерија која ја креираат во државата за да се спротивстават на можноста во Македонија да се градат дата центри и да се развива ИТ индустријата. Изговорите им се дека со тоа ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија, ќе се зголеми цената на струјата и дека ќе се загрозела водата за пиење. Која случајност, истите овие тези, како што известуваат американски медиуми, ги користат кинески ботови по социјалните мрежи во САД со цел да ги свртат Американците против изградбата на дата центри и системи за вештачка интелигенција. На нас не ни требаат кинески ботови, за тоа го имаме талогот на СДС на чело со Венко Филипче кои се на иста линија со Кина, против нашиот стратешки партнер САД и против развојот на нашата држава. Кампањата на Кина преку ботови на социјалните мрежи, со цел во Америка да се спречи дополнителен развој на вештачката интелигенција и дата центрите е затоа што тие им се најголема конкуренција. Но, тоа што не е јасно која е целта и интересот на талогот на СДС за истото да го прават во Македонија и оттука да делуваат против нашиот стратешки партнер. Дали СДС повеќе би сакале во држава да инвестираат кинески компании отколку напредни ИТ компании од САД? Или пак СДС единствено што знае е развој на марихуана економија за свои клановски интереси, нешто што го видовме за седум години власт кога доделија околу 70 лиценци за производство на марихуана на нивни луѓе. Македонија мора да развива и да обезбедува напредни и добро платени работни места, преку инвестиции во вештачката интелигенција и ИТ секторот, затоа што тоа е иднината и во таа насока се движи светот. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСедници на три собраниски комисииВо Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички сиситем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика и надворешна трговија и Законодавно-правната комисија.Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година е единствената преостанта точка на дневниот ред на седницата на собраниската Комисија за политички сиситем и односи меѓу заедниците, како и на Законодавно-правната комисија. Собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија, пак, ќе ги разгледа платформите за дипломатските активности на: вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Норвешка Дритон Кучи, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Бугарија Крум Ефремов, вонредниот и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска Мухарем Јусуфи и вонредниот и ополномоштен амбасадор во романија Габриел Атанасов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се сретна со двајца претставници на „Обединети Македонци во Канада“, претседателот Ристо Дурловски и членот Душко Јанков.Тие ја запознаа со животот и успесите, но и со проблемите и предлозите на припадниците на македонската дијаспора, врзани за учеството во економските, политичките, образовните, научните и културните односи во татковината. Неспорно е дека македонската дијаспора од Канада е неразделен дел од македонското национално ткиво, се согласија соговорниците. Претседателката ги информираше за усвоената Национална стратегија за дијаспората, како чекор напред во градењето заедништво преку различни форми на соработка, насочени кон нивно полесно и побрзо интегрирање во македонскиот општествен живот, како и за тековните активности околу формирањето на Советот за дијаспора во рамките на нејзиниот кабинет, предочувајќи им ја можноста и потребата да номинираат свој претставник во него. Нашинците изразија интерес за учество на дијаспората на парламентарните и претседателските избори, за потесна комуникација со Агенцијата за иселништво, како и за интересот за институционално учество во процесот на одлучување во татковината, особено за прашања што директно ги засегаат, како на пример, консултирање при номинацијата на амбасадор и конзули во Канада, но и за други. Исто така, во разговорот, Дурловски и Јанков предочија дека релативизацијата на географијата и далечината, со подемот на вештачката интелигенција и дигитализацијата, кај најмладите генерации на македонска дијаспора, го зголемува интересот за запознавање, студирање, работа и живот во земјата на нивните родители и претци. На крајот, претставниците на македонската дијаспора од Канада и укажаа на претседателката на обврската да ја посети Канада и на лице место да ги собере, види и чуе мислењата на нашите иселеници за прашањата што ги засегаат, а тие, нејзините!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Супер Ел Нињо“ урива рекорди: Научниците предупредуваат на повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаиКлиматските научници проценуваат дека повеќе од 450.000 луѓе би можеле да починат во текот на следните шест месеци поради екстремните горештини предизвикани од „супер Ел Нињо“.Повеќе од 450.000 дополнителни смртни случаи во светот во следните шест месеци би можеле да бидат поврзани со екстремните горештини што ги носи исклучително силниот Ел Нињо, покажуваат проценките на климатски научници. Проекцијата од околу 451.000 случаи се однесува на периодот од септември до февруари 2027 година и не ги вклучува предвремените смртни случаи што веќе се поврзуваат со долгорочниот раст на температурите. Научниците предупредуваат дека зголемената смртност од горештините би можела да продолжи и до јуни или јули следната година. Најпогодени во следните шест месеци се очекува да бидат Нигерија, Индонезија, Судан, Индија и Бразил, додека меѓу најизложените региони се Сахел и Југоисточна Азија. Во САД се проценуваат околу 3.500 дополнителни смртни случаи поврзани со високите температури. Проекциите се базираат на податоци за односот меѓу температурите и дополнителната смртност во повеќе од 24.000 региони низ светот, комбинирани со прогнозите за Ел Нињо. Научниците велат дека сегашниот Ел Нињо веќе ги надминал претходно забележаните температурни рекорди за овој климатски феномен, неколку месеци пред очекуваниот врв. Покрај екстремните горештини, се очекува зголемен ризик од суши, шумски пожари и поплави, како и последици врз производството и цените на храната. Како итни мерки се препорачуваат подобри предупредувања за топлотни бранови, отворање центри за разладување, дополнителен медицински персонал и поголема заштита на луѓето што работат на отворено. Научниците нагласуваат дека Ел Нињо е природен климатски феномен, но дека неговите последици можат дополнително да се засилат поради глобалното затоплување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter