Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
2Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
ЕвропаЕУ нема да ги промени шенгенските правила за возачите на камионитеВо понеделникот сите превозници во Скопје имаа протест пред седиштето на Европската Унија.Европската комисија соопшти дека шенгенските правила нема да се променат, иако претставниците на институцијата се свесни дека одредени категории, вклучувајќи ги и професионалните возачи на камиони, се соочуваат со проблеми при влегување и излегување од европските земји кои се дел од зоната на слободно движење. „Свесни сме дека за одреден број експерти од трети земји кои не се прекугранични работници, потребно е да имаат пристап до шенген-зоната повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова се однесува на професии кои бараат висок степен на мобилност, како што се возачите на камиони, но и спортистите и уметниците на турнеи“, изјави портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, на редовната прес-конференција. Во понеделникот сите превозници во Скопје имаа протест пред седиштето на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет годиниРезулатите од учениците и мерките што ги превземаме нема да имаат одма резултати, тие ќе бидат за пет години. Она што е важно е да се продолжи со работа. Министерката во посета на училиштето „Љубен Лапе“ во Аеродром на прашање зошто училиштето браќа миладиновци не е реновирано воопшто откако две години во него учеа учениците од блаже конески додека целосно се реновираше, таа одговри сите ќе стигнат на ред. Од министерството за образование засега нема најава дека ќе има клими уреди во училиштата, учениците ќе се разладуваат со отворени прозорци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваКаролина Гочева блесна во Марков за 35 години независностБел фустан, дизајн на Марков и Каролина Гочева – совршена модна комбинација!По повод прославата на 35 години Македонија на градскиот плоштад во Скопје, Македонската Кралица Каролина Гочева восхити во бело издание со потпис на дизајнерот Марков. Таа изгледаше беспрекорно стилизирана од Јована Зука, едноставен природен мејк-ап и фризура во Холивудски стил ја надоплнуваа впечатливата бела тоалета. Станува збор за дело на Марков, долг фустан со слим линија кој ја оцртува фигурата комплетиран од куса наметка со изразено рамо изработени со вез од кристали во златни мотиви. Како вистинска дива пеејќи рамо до рамо со светски познатиот тенор Хозе Карерас ја остави публиката без здив, а стајлингот беше надополнет со високи бели ракавици. Елегантно, маркантно и гламурозно модно издание на Каролина кое несомнено ќе биде запаметено. Тагови: Каролина Гочева Марков дизајн фустанот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07
МакедонијаРеновирана спортската сала „Гоце Делчев“ во општина ИлинденОпштина Илинден целосно ја реновираше спортската сала „Гоце Делчев“ во населеното место Илинден, со што објектот доби современи, функционални и побезбедни услови за спортистите, младите и сите љубители на спортот.„Реновирањето се реализираше по речиси две децении активно користење на салата, со повеќе градежни и технички интервенции насочени кон подобрување на нејзината функционалност, безбедност и енергетска ефикасност.“ – истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски. Во рамки на проектот е извршена целосна санација на таркетот, со стругање и нанесување три слоја специјален заштитен лак отпорен на гребење и пролизгување, како и ново обележување на теренот за различни спортски дисциплини. Обновени се и ѕидовите и таваните, додека трибините се бојадисани и опремени со нови седишта. Поставена е нова заштитна ограда, а извршена е и замена на гумираниот под и реновирање на соблекувалните. Дополнително, во рамки на реконструкцијата се бетонирани стопи и поставени метални елементи за монтажа на мобилни столбови за одбојка, со што се унапредуваат условите за одржување тренинзи и натпревари во повеќе спортови. Како дел од активностите за модернизација на спортската сала, претходно беа заменети дотраените металхалогени рефлектори со современи ЛЕД светилки. Новото осветлување овозможува подобра видливост и значително поголема енергетска ефикасност. Вложувањето во спортската инфраструктура останува еден од приоритетите на локалната самоуправа, со цел создавање квалитетни услови за развој на спортот, поттикнување на здрави животни навики и обезбедување подобар квалитет на живот за сите граѓани. Општина ИлинденТагови: Илинден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter