Шест грешки што мажите често ги прават во кревет, а кај жените ја гасат желбата за интимност - Канал 5

Шест грешки што мажите често ги прават во кревет, а кај жените ја гасат желбата за интимност

Една грешка блискоста може да ја претвори во непријатност, а многумина не се свесни дека ја прават.

Шест грешки што мажите често ги прават во кревет, а кај жените ја гасат желбата за интимност

Сексуалната привлечност не настанува во спалната, на блискоста и желбата влијаат и начинот на кој партнерот се однесува во текот на денот, вниманието што си го даваат еден на друг, но и атмосферата што му претходи на интимниот чин. Понекогаш е доволен само еден погрешен потег за желбата потполно да се угаси.

Ова се најчестите грешки што би требало да ги избегнувате.

Недостаток на предигра

Ова не е само физичка подготовка за интимниот чин, туку и начин на поврзување на партнерите.

Кога некој брза или целосно ја прескокне предиграта, другата страна може да има чувство дека фокусот е на самиот чин, а не на заедничкото искуство. Нежните допири, бакнежите, гушкањето и малото внимание често имаат големо влијание врз чувството на блискост и пожелност.

Лоша хигиена

Привлечноста може веднаш да ја снема доколку партнерот не води сметка за личната хигиена. Непријатниот мирис на телото, неизмиените заби, потта или неуредноста може комплетно да го уништат моментот. Туширањето, свежата облека и основната грижа за хигиената не се само прашање на изглед, туку и знак на почит кон личноста со која ја делите интимноста.

Расправија непосредно пред сексот

Партнерите тешко е се опуштаат и препуштаат на блискоста ако помеѓу нив постои лутина и нерешени проблеми. Критиката, подигањето на тонот и меѓусебното обвинување целосно ја гаси желбата. Емоционалната поврзаност е дел од сексуалната привлечност, па искрениот разговор и смирување на тензиите често мора да претходат на интимата.

Користење на мобилниот телефон

Проверувањето на пораки, социјални мрежи или електронска пошта од работа во моментот кога вниманието би требало да биде насочено кон партнерот може да остави впечаток на незаинтересираност. Едноставен гест, како оставање на телефонот, покажува дека заедничкиот момент е важен и допринесува кон чувството на поврзаност.

Притисок и брзање

Желбата треба да биде обострана и да не делува како обврска. Инсистирањето, наговарањето или брзањето на партнерката кога не е расположена може да има сосема спротивен ефект и дополнително да ги оддалечи партнерите. Трпението, разбирањето и почитувањето на чувствата создаваат атмосфера во која двајцата партнери се чувствуваат пријатно.

Неспретен почеток на интимноста

Начинот на кој партнерот ја почнува блискоста може многу да влијае на расположението. Несоодветните шеги, грубите зборови или директните барања без романтика одбиваат многу жени. Наместо тоа, допирот, комплиментот, бакнежот или искрената желба често создаваат подобра атмосфера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

Заврши гласањето во Брвеница, граѓаните избираа меѓу Стојанчо Радически од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ     

Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата

За 21 часот Државната изборна комисија најави дека ќе ги објави првичните резултати од денешниот втор круг избои за градоначалник на Брвеница.

ВМРО-ДПМНЕ пред малку го призна поразот на нивниот кандидат Стојанче Радичевски и ја честиташе победата на на кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Жешка одбојкарка

Атрактивната Кајла Симонс , која важи за најсекси одбојкарка во светот, ги воодушеви своите обожаватели со најновата објава на Инстаграм.

Фото: Жешка одбојкарка

Оваа 31-годишна девојка, поранешна универзитетска одбојкарка, а денес инфлуенсерка и модел, сподели неколку фотографии на кои позира на плажа.

Со текот на годините, Кајла стекна голема база на обожаватели и има речиси милион следбеници на Инстаграм.

Нејзината најнова објава прикажа дека 31 годишната екс одбојкарка ужива на егзотичните Бахами.

На фотографиите таа носи светлозелено бикини кое ги истакна сите нејзини облини. На некои од нив позира легната покрај морето, додека на друга го покажува своето тело покриено со песок.

Нејзината објава собра многу допаѓања и коментари. „Не сум сигурен дали песокот некогаш изгледал вака добро“, „Апсолутно прекрасна“, „Божица“ – ова се само дел од коментарите под објавата.

За време на студиите на Универзитетот „Маршал“, Кајла играла одбојка. Таа се откажа од професионална одбојкарска кариера по завршувањето на четиригодишните студии, поради притисок и конфликти со универзитетската управа, која барала од неа да отстрани фотографии од Инстаграм и да го избрише својот профил.

Сега убавата Кајла е инфлуенсерка и модел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Од Алта банка – Битола информираат дека од 2 ноември 2026 година (понеделник), експозитурите на АЛТА банка АД Битола привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување.

Алта банка – Битола: Експозитурите нема да работат со клиенти

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер