ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ЖивотОд Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс„Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши“ – Мартина Димоска за Канал 5 открива како детската љубопитност ја однела до аналогните мисии, „NASA“ и проектите за идното истражување на Месечината и Марс.Од детската соба во Кичево, украсена со ѕвезди и планети, до работата во „NASA Johnson Space Center“ во Хјустон – патот на Мартина Димоска е приказна за љубопитност, истрајност и верба дека и навидум невозможните соништа можат да станат реалност. Македонката која има учествувано во четири аналогни вселенски мисии во САД, Полска и Шпанија, а командувала и со мисиите „SELENE“ и „TERRA NOVA“, денес работи на човековите системи поврзани со идните мисии „од Месечината до Марс“. Во ексклузивното интервју за Канал 5, Димоска зборува за тоа како започнала нејзината фасцинација со вселената, што навистина значи да се биде аналоген астронаут, како изгледа животот во изолирано живеалиште со ограничени ресурси и зошто психолошката подготовка ќе биде една од најголемите предизвици за идните мисии кон Марс. „Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши“ Димоска вели дека нејзиниот интерес за вселената започнал уште во детството. Љубопитноста и желбата да разбере како функционираат нештата постепено ја насочиле кон инженерството, а ѕвездите и планетите кои нејзината мајка ѝ ги лепела по ѕидовите во детската соба дополнително ја поттикнале фасцинацијата со вселената. Особено важно влијание имала и нејзината желба да наоѓа решенија за проблемите со кои се соочувала нејзината сестра. Денес, токму тоа го препознава како почеток на нејзината љубов кон инженерството – да се забележи проблем и да се најде решение. „Имав сестра со посебни потреби и уште од најмала возраст сакав подобро да ја разберам нејзината состојба, што ѝ е потребно и како можам да ѝ помогнам. Сакав да најдам начини, дури и преку најмали и најкреативни решенија, да ѝ го направам секојдневието полесно. Тогаш можеби не го знаев тоа, но денес сфаќам дека токму таму започна мојата љубов кон решавањето проблеми. За мене инженерството е токму тоа, да увидиш проблем и да креираш некакво решение што би го решило истиот.“ Во еден момент, вели таа, одлучила да „оди all in“ и да ризикува за својот сон, иако не знаела каде точно ќе ја одведе тој пат. „Во еден момент сфатив нешто многу лично - сакав да живеам живот кој ќе биде исполнет со смисла и цел. Сакав да бидам некаде каде што навистина можам да придонесам, да променам нешто и моето знаење и труд да имаат значење - нешто што може да им помогне на луѓето, да придонесе кон иднината и постојано да ги поместува границите на она што го сметаме за возможно. Тогаш решив да одам „all in“. Бев подготвена да ризикувам сè за да го остварам тој сон. Не знаев каде точно ќе ме одведе тој пат, ниту дали ќе успеам, но знаев дека не сакам еден ден да се прашувам: ‘што ако се обидев?’. Иако долго време изгледаше дека сите шанси се против мене, продолжив да верувам во себе, да работам напорно и чекор по чекор да одам напред. Денес, кога ќе погледнам назад, сфаќам дека токму истрајноста, вербата и подготвеноста да не се откажам ме донесоа до местото на кое сум денес.“ Што значи да се биде аналоген астронаут? За Димоска, аналогните мисии се еден вид генерална проба за идните вселенски мисии. Наместо виртуелна симулација, аналогните астронаути престојуваат во реални живеалишта и средини кои се дизајнирани да реплицираат дел од условите што би ги очекувале астронаутите на Месечината или Марс. Се тестираат технологии, процедури и научни експерименти, но истовремено се тестира и човекот – неговата способност да функционира во изолација, ограничен простор, со ограничени ресурси, замор и стрес. „Тоа е искуство многу поблиску до вселенската реалност отколку што луѓето можеби замислуваат. Не станува збор само за тоа да облечете костум и да се чувствувате како астронаут. Станува збор за одговорност, дисциплина, доверба и способност да функционирате како дел од екипаж дури и кога сте уморни, под притисок или во непозната ситуација. На некој начин, аналогните мисии ни овозможуваат денес, на Земјата, да ги откриеме проблемите и да ги научиме лекциите што еден ден ќе бидат клучни за безбедноста и успехот на вистинските мисии кон Месечината и Марс.“ Димоска објаснува дека во вселената не постои простор за непроверени технологии, бидејќи грешките можат да бидат исклучително скапи и опасни. Затоа, она што може да се погреши и поправи на Земјата, подобро е да се направи пред технологијата да биде испратена во вселената. Четири мисии и искуство што не се заборава Во својата кариера Димоска учествувала во четири аналогни мисии – „UND ILMAH-14“, „SELENE“, „APICES“ и „TERRA NOVA“. За Мартина, сите овие искуства имаат една заедничка нишка – подготовката, дисциплината и способноста да остане смирена во предизвикувачки услови. Таа има поминато бројни обуки и курсеви, меѓу кои и „NASTAR Wings“, „Austrian Space Forum Mission Training“ и „NAUI“ сертификат за нуркање. Нејзиното образование во областа на вселенските студии, како и практичната работа со технологии и системи за човечки летови, ѝ помогнале да научи да им верува на процедурите, да ги познава сопствените ограничувања и да носи рационални одлуки дури и во тешки услови. Особено впечатлива за неа била последната мисија, „TERRA NOVA“, каде што имала можност паралелно да спроведува истражување со астронаутката Пеги Витсон во рамки на експериментот „AstroMentalHealth“. Додека астронаутката го спроведувала истражувањето во орбитата, Димоска го правела истото на Земјата. Токму таа директна поврзаност, вели, ѝ покажала колку аналогните мисии можат да бидат значајни за идните вселенски истражувања. „Кога ќе погледнам наназад, најсилниот впечаток не е еден конкретен момент од една мисија, туку целиот процес што стои зад нив – часовите поминати во поставување на тезата, истражувањето, развојот и подготовката на експериментите, дискусиите и градењето партнерства, подготовките за самите мисии, но и сето она што не се гледа однадвор: континуираното вежбање, обуките, повторувањето на процедурите и постојаното надградување. Мојата подготовка за вселенски мисии започна многу пред да влезам во првото аналогно живеалиште. Еден од важните чекори беше „NASTAR Suborbital Spaceflight Training“, каде што за првпат не се подготвував само теоретски за тоа што значи вселенски лет, туку го почувствував и физички. Обуката вклучуваше физиологија на вселенскиот лет, влијанието на забрзувањето и G-силите врз човечкото тело, како и практична работа во „STS-400 High Performance Human Centrifuge“, каде што се симулираат различни фази од летот – од лансирањето и забрзувањето, преку достигнувањето на апогејот, до повторното влегување во атмосферата. Кога ќе го почувствуваш забрзувањето врз сопственото тело, вселенскиот лет одеднаш престанува да биде само нешто што си го читал во книги или гледал на екран.“ Првото македонско знаме што било испратено над Кармановата линија било лансирано на 29 август 2024 година, со мисијата „NS-26“ на „Blue Origin“ и леталото „New Shepard“, преку астронаутот Иман Џахагир. За Мартина Димоска, тоа било многу повеќе од симболичен чин – доказ дека нејзиниот сон може директно и индивидуално да придонесе и дека, исто како и преку аналогните мисии што самостојно ги финансирала, и една мала земја како Македонија може да биде дел од поголемата приказна за истражувањето на вселената. Таа ги издвојува и малите нешта кои можеби за некого изгледаат незначајно, но за неа имаат големо значење. Денес, во „Mission Control“ во Хјустон, се наоѓа и македонска копачка со македонското знаме, благодарение на нејзиниот колега и аналоген астронаут Џошуа Кивијарв. За Димоска, ваквите моменти се доказ дека не е секогаш потребно да се направи нешто огромно за да се остави трага. Понекогаш е доволно да ја понесете својата земја, својата приказна и своите корени со себе и да ги оставите таму каде што никогаш претходно не биле. Затоа, кога ја прашуваат кој момент ѝ останал најмногу во сеќавање, таа вели дека тешко може да издвои само еден. За неа, тоа е целиот мозаик – од првото истражување и поставувањето на тезата, преку долгите часови работа, непроспиените ноќи и вложувањето на сè што има во еден навидум невозможен сон. Во тој пат, особено место имаат и луѓето кои ја поддржувале – искрените пријатели и колеги кои, наместо да ѝ поставуваат сопки или да ѝ кажуваат дека нешто е невозможно, ѝ подале рака и верувале во неа тогаш кога малкумина верувале. Пештери, бункери и живот со ограничени ресурси Една од мисиите се одвивала во пештера во Шпанија, недопрена од надворешниот свет. Екипажот имал ограничени количини вода и храна, без туширање, а во одредени денови оброците биле сведени на итни енергетски плочки. Во Полска, пак, Димоска работела во бункер од Втората светска војна, пренаменет во вселенско живеалиште. Таму немале кафе, чај, шеќер, сол или свежа храна. Токму ваквите ограничувања, објаснува таа, покажуваат колку многу влијаат врз човекот работите што во секојдневието ги земаме здраво за готово. Но најголемиот предизвик не е нужно физичкиот напор. „Најголем е психолошкиот товар што се создава кога повеќе стресори се наталожуваат истовремено“, вели Димоска. Изолацијата, нарушениот сон, монотонијата, заморот, огромниот обем на работа и постојаната потреба за донесување рационални одлуки создаваат комбинација која може сериозно да влијае врз човекот. Затоа, според неа, добриот екипаж е една од најважните компоненти на успешната мисија. Од NASA до идните мисии кон Месечината и Марс Денес Димоска работи како „Program Human Systems Discipline Integrator“ во „NASA Johnson Space Center“ во Хјустон, преку „Leidos“. Нејзината работа е поврзана со човековото здравје, перформанси и интеграција на човековите потреби во системите што ќе се користат во идните вселенски мисии. Тоа вклучува области како вселенските костуми, лунарните возила, пресуризираните ровери, живеалиштата и операциите на површината на Месечината. Поентата, објаснува Димоска, не е само технологијата да функционира. Таа мора да биде безбедна, употреблива и прилагодена на човекот кој ќе треба да живее и работи со неа. И токму технологиите што денес се развиваат за Месечината треба еден ден да помогнат во следниот голем чекор – човечкото истражување на Марс. „Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши“ Како порака до младите, особено до оние кои сакаат да се занимаваат со наука, технологија и инженерство, Димоска има едноставна, но силна порака: „Не дозволувајте туѓите ограничувања да станат ваши.“ Таа смета дека младите не треба да се плашат од големи цели само затоа што на другите им изгледаат нереални. Не мора да се знае целиот пат однапред – важно е да се знае насоката и да се направи следниот чекор. Неуспехот, вели таа, не значи дека некој не е доволно добар. Понекогаш значи само дека имал храброст да се обиде со нешто што сè уште не знае како да го направи. А дали еден ден би заминала во вселената? Одговорот е јасен – да, доколку ѝ се укаже можност, би ја прифатила. Но за неа тоа не е само личен сон. Димоска смета дека Македонија треба да почне сериозно да инвестира во сопствената научна и технолошка инфраструктура и да создава услови за развој на вселенски сектор. „Најважно е што ги имаме луѓето, знаењето и искуството со кои тоа може да се изгради“, порачува таа.Тагови: NASA марс Мартина Димоска месечината Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37