3Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 2. септември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 2. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска ќе имате можност да го проширите кругот на луѓето со кои се дружите. Оние кои бараат нова љубов , тоа ќе им биде поттик. Кариера Иако во моментов малку потешко се снаоѓате, затоа што не може се да биде по ваше, денеска сепак ќе бидете пофалени. Здравје и совет Јадете повеќе овошје. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вие сте една од ретките личности која во секое време е расположена за забава и излегување. Ако сте во двојка , одете заедно. Кариера Тоа што знаете некои работи за одредени луѓе , резултат е на вашата способност да ги откриете . Не морате со тоа да се фалите. Здравје и совет Бидете подискретни. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во врска со љубовните прашања би можеле денеска да се фалите пред други или да си замислите дека вредите повеќе. Бидете поскромни. Кариера Приватниците ќе имаат една шанса, но треба да проверуваат дали е се легално поставено. Останатите добро ќе работат. Здравје и совет Ќе имате голем апетит. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веќе ви е здодеано да ударате со главата од ѕид. Признајте си дека не оди. Подобро да бидете трпеливи , отколку на сила да барате љубов. Кариера Во една работа ќе покажете исклучителна снаодливост. Без проблеми ќе го решите она што им е тешко на другите. Здравје и совет Во добра форма сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се впуштите во раскажување ,,ловечки приказни” за вашиот љубовен живот , за да го компензирате сегашното незадоволство. Кариера Вистината е дека сте постигнале многу добри резултати , но денеска ќе бидете склони уште повеќе да ги ,,надувате”. Бидете малку пореални. Здравје и совет Скромноста сепак е доблест. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат за да го земете главниот збор во врската. Не претерувајте. Кариера Не е исклучено денеска да вио дадат мала работна задача што ќе треба да го заврпшите или дома или да се вратите назад на работното место. Здравје и совет Прифатете го неизбежното. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ништо нема да ги наруши вашите складни односи со саканите личности , но нема да биде ништо стимулирачко за љубовта. Кариера Одличен ден за проширување на стручните знаења Можно е дека пред вас е вистинска шанса за професионално усовршување. Здравје и совет Посилни сте од другите. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се двоумите како да се поставите во еден посебен однос. Ве боли што сте провоцирани , а сепак сте вљубени. Кариера За да функционирате на работата , ќе морате со доверба да се потпрете на другите околу себе.Тие ќе ве упатат. Здравје и совет Поработете на својата дисциплина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами , нека излезат меѓу луѓе,зашто ќе имаат шанса за да ги прошират своите контакти , а при тоа и подобро да запознаат некого. Кариера Денеска најдобро ќе поминат оние кои ќе тргнат на кусо службено патување. Таму се ќе излезе подобро од очекуваното. Здравје и совет Опуштајте се редовно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Има големи шанси за добар провод со пријателите. Ќе ви биде убаво , а доколку сте во врска , повикајте го партнерот во друштво. Кариера Ќе се чувствувате гордо поради очигледните заслуги. Ќе работите полесно и попосветено. Нема да ви недостига мотив. Здравје и совет Не возете ако сте возбудени. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе имате поддршка од партнерот за повеќето прашања . Тоа ќе ја зацврсти вашата меѓусебна доверба и однос. Кариера Извесни се добри финансиски резултати или вести за нив. Вие и натаму работите прецизно и квалитетно. Здравје и совет Зголемен апетит. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите лични односи ќе се развиваат вообичаено без возбудувања. Ќе ви биде дури и по малку здодевно. Кариера Треба подобро да се фокусирате на другите.Внимателно следете ги како работат, па нешто и ќе научите. Здравје и совет Не ги надминувајте своите можности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКолку пати дневно треба да се шета кучето? Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленикОсобините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно. За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија. Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот. Колку прошетка е доволно во текот на денот? На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра. Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор. Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот. Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош. Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата. Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот. Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter