Заборски од „Макпетрол“: Итно да се промени селекторскиот кадар на карате репрезентацијата - Канал 5

Заборски од „Макпетрол“: Итно да се промени селекторскиот кадар на карате репрезентацијата

Како клуб кој редовно партиципира во сите национални тимови и загрижени поради катастрофалниот лош настап на нашата репрезентација од последното светско првенство, се обраќаме до сите членови на ИО на КФРСМ и до сите карате клубови.

Заборски од „Макпетрол“: Итно да се промени селекторскиот кадар на карате репрезентацијата

Карате клубот „Макпетрол“ реагира на настапот на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното Светско првенство во Будимпешта и прикажаните резултати, за кои директно го обвинува селекторот Александар Кузмановски и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби. Во продолжение пренесуваме дел од реакцијата на тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски.

„Како клуб кој редовно партиципира во сите национални тимови и загрижени поради катастрофалниот лош настап на нашата репрезентација од последното светско првенство, се обраќаме до сите членови на ИО на КФРСМ и до сите карате клубови. По завршувањето на светското карате првенство за сениори во Будимпешта, не можеме, а да не посочиме на некои основни работи кои се погрешно поставени во КФРСМ и затоа во моментов немаме, а ако нешто не промениме, нема ни да имаме повеќе врвни сениорски спортски резултати.

Бараме одговорност за неуспешниот период на стагнација на сениорскиот тим и посочуваме дека резултати нема да имаме ако веднаш не се престроиме и направиме итно промени во водечкиот дел на тренерскиот и селекторскиот кадар, таканаречен стручен тим на КФРСМ, каде што предводници се селектори на сениорскиот тим и тимот помлади сениори (У21). Да напоменеме дека во тој стручен тим, во моментов не се вклучени најдобрите тренери и клубови, оние од кои во најголем број е составена репрезентацијата, а тоа се клубовите „Макпетрол“ - Скопје и „Штип“ - Штип.

Основниот проблем е што во КФРСМ во моментов имаме 75 регистрирани клубови, од кои еден дел воопшто не работат ништо, поголем дел работат детско или пионерско - кадетско карате и имаме многу мал број клубови кои работат натпреварувачко карате, на сериозни спортисти јуниори, помлади сениори и сениори. За селектори во КФРСМ се поставија и назначија тренери кои немаат постигнато никакви позначајни спортски резултати. Некои дури немаат ни спортски сали, има селектори кои немаат сопствен пионер кој бил државен првак. Ако сакаме да водиме и во иднина ваква политика, сениорски резултати едноставно нема да имаме.

Како најтрофеен клуб кој веќе 27 години редовно партиципира со спортисти во сите национални тимови и клуб кој работи натпреварувачко карате, сериозно сме загрижени по дебаклот и катастрофално лошиот настап и резултатски постигнувања на нашата репрезентација од светското и претходно одржаното европско сениорско првенство. Одговорност за лошите резултати претпоставуваме дека ќе се побара од селекторите кои го изработија планот и програмата. Овој пат тие тренери и селектори сами ги водеа подготовките и имаа максимална поддршка, како никогаш досега, од страна на ИО и клубовите и за таа намена се потрошија големи финансиски средства, а резултати нема.

Најважно од се е можеби тоа што репрезентативците имаа забележителен и очигледен пад на спортската форма, сите спортисти претходно беа многу добро подготвени, тие на контролните балкански и светски натпревари освоија високи пласмани и медали и демонстрираа многу добра форма. Кога репрезентацијата остана да работи самостојно, спортската форма која претходно се создаде и вроди резултати се сруши и спортистите на светското првенство не можеа да го дадат ни оптимумот кој секогаш го давале. Ако репрезентацијата е составена од индивидуалци кои имаат повеќекратно освојувано европски и светски медали, се наметнува прашањето што се случи со репрезентацијата кога остана сама да се подготвува, зашто репрезентативците не беа доволно мотивирани сплотени и подготвени да направат поголеми резултати.

Мора да се прифати фактот дека сениорската репрезентација на Македонија е најслаба репрезентација на Балканот. Сите балкански држави од нашето опкружување освоија медали. Ние не успеавме да освоиме ниту медал, ниту пак остваривме висок пласман на ова првенство, што е повторување на искуството од минатото европско сениорско првенство. Веќе сме во длабока криза и континуирано одиме во надолна линија. Факт е дека нашите спортисти и тимови не поминаа повеќе од второ коло и затоа мораме најитно да промениме нешто ако сакаме да ја задржиме оваа генерација на сениори, после која ние како федерација немаме квалитетна генерација. Затоа сме загрижени дека ќе навлеземе во многу голема криза од која нема враќање.

Ако сакаме да се вратиме на вистинскиот пат мора да направиме и промена во делот од Правилникот за направен сениорски резултат и резултат за помлади сениори (У21). Демотивирачки е кога селекторот неправедно ги зема наградите со години наназад, за кои нема реализирано ниту еден тренинг, награди од по 5.000 евра за постигнат врвен спортски резултат. Таа пракса кога селекторите ги добиваат незаслужено наградите за кои други тренери вложиле голема стручност, финансии и лично залагање, внесе големо незадоволство кај клупските тренери кои се најзаслужни за овие спортски резултати, по што нивната мотивираност за постигнување резултати видно се намали. Овој дел од Правилникот треба да се промени, во спротивно сениорски резултати ние нема да имаме. истакнува д-р сц. Бошко Заборски, тренер на карате клуб „Макпетрол” од Скопје. “

Реакцијата на К.К.Макпетрол и тренерот Бошко Заборски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванија ќе го задржи руското и белоруското жито

Литванија ќе ги задржи пратките со жито што Русија и Белорусија ги извезуваат преку пристаништето Клаипеда, сè додека не се утврди нивното потекло, изјави за Ројтерс претставник на литванското Министерство за земјоделство.

Литванија ќе го задржи руското и белоруското жито

Тој додаде дека оваа регулатива би можела да доведе до одложување на извозот во траење од неколку месеци. Уште од септември, Литванија врши проверки на пратките со жито од Русија и Белорусија, поради сомневања дека дел од житото всушност потекнува од украински територии кои се под руска окупација.

Почнувајќи од следната недела, пченицата, 'ржта, семките од сончоглед и пченката што пристигнуваат во балтичкото пристаниште Клаипеда од Русија и Белорусија – а се наменети за други земји – нема да поминат царинска процедура сè додека не заврши проверката на нивното потекло, изјави за Ројтерс неименуван литвански функционер.

„Процесот на проверка може да трае два месеци или подолго“, истакна функционерот, додавајќи дека секоја пратка за која ќе се утврди дека има лажно пријавено потекло, ќе биде или вратена или уништена. Бидејќи Литванија не располага со лабораторија способна за вршење на вакви анализи, процесот трае подолго, бидејќи тестирањето мора да се изврши во странство.

ЕУ воведува санкции за увоз на руско жито

Извозниците ќе ги сносат сите трошоци поврзани со складирањето, тестирањето, враќањето или уништувањето на житото, додаде литванскиот функционер. Иако ЕУ воведе санкции за увоз на руско жито, неговиот транзит кон други дестинации останува дозволен. Официјална Москва не даде коментар за правниот статус на житото што потекнува од региони кои меѓународната заедница ги признава како украинска територија.

Од средината на август, испораките на руска и украинска пченица од пристаништата на Азовското и Црното Море се речиси целосно запрени, по нападите врз бродови и терминали. Во такви околности, Русија почна да ги менува своите извозни рути, при што е забележан значителен пораст на пратките со жито преку Каспиското Море.

Руските трговци ја пренасочија пченицата наменета за извоз главно кон балтичките пристаништа, преку кои во септември поминале 1,2 милиони тони – што претставува над 60 отсто од вкупниот руски извоз на жито по морски пат. Според Ројтерс, компаниите пренамениле терминали што претходно се користеле за утовар на ѓубрива и јаглен, прилагодувајќи ги за транспорт на жито.

Русија се свртува кон арктичката поморска рута

Во меѓувреме, балтичките земји се обидуваат да го запрат транзитот на руско и белоруско жито преку нивните пристаништа. Во октомври, Естонија, Латвија и Литванија предложија забрана на ниво на целата ЕУ, при што Естонија веќе воведе свои ограничувања.

Од своја страна, Русија – за првпат – се сврте кон арктичката поморска рута за испорака на пченица на меѓународните пазари. Кон крајот на октомври, комерцијалното пристаниште во Мурманск и компанијата за трговија со жито „Деметра Холдинг“ објавија дека е во тек утовар на 3.400 тони жито од „клучни земјоделски региони“.

Мурманск се наоѓа во заливот Кола во Баренцовото Море, неговото пристаниште останува без мраз, иако лежи 200 километри северно од Арктичкиот круг. Тоа е едно од најважните пристаништа во северна Русија, служи како матично пристаниште за рибарска флота и мразокршачи, а се наоѓа на западниот крај на Северната морска рута.

Кој увезува најмногу руско жито?

Податоците од консултантската фирма „ПроЗерно“ покажуваат дека, во периодот од почетокот на новата земјоделска сезона во јули до октомври, Иран бил најголемиот увозник на руско жито, со вкупно 1,716 милиони тони – кои главно се состојат од јачмен и пченка.

Египет увезол 1,35 милиони тони, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони, според „ПроЗерно“. Според истите податоци, и Нигерија се наоѓа меѓу првите пет увозници, со 420.900 тони.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МФ: Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026

Обезбедуваме стабилност во Буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството.

МФ: Собранието го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Со Дополнетиот Ребаланс на Буџетот вкупните приходи се планирани на ниво од 374,2 милијарди денари или пониско за околу 5,3 милијарди денари на проекциите за 2026 година. Истовремено на исто ниво е направена надолна корекција на расходната страна, односно вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари. При тоа нивото на дефицитот во Буџетот останува на ниво од 46,3 милијарди денари.

Дополнетиот предлог ребаланс пред пратениците го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која истакна дека приоритет на Владата е да ја зачува економската стабилност и да одговори на предизвиците поради продолжените глобални геополитички случувања. Оттука измените и дополнувањата на Буџетот се во насока на обезбедување стабилност во Буџетот до крајот на годината и сигурност за граѓаните и стопанството.

„Државната каса до крајот на годината е стабилна и е обезбедено финансирање на сите обврски – плати, пензии, исплата на социјални надоместоци, обврски кон стопанството, како и отплатата на долгови кои доспеваат. Тоа е суштината на одговорното управување со јавните финансии – да се реагира навреме кога околностите го бараат тоа, да се заштитат граѓаните и економијата и, пред сè, да се гарантира дека државата ги исполнува своите обврски“, рече министерката.

На расходната страна надолната проекција се должи на намалување на расходите за стоки и услуги и субвенциите, а во насока на дисциплинирано трошење и обезбедување дополнителни средства за најранливите категории граѓани и здравствени услуги.

Со ребалансот се обезбедени дополнителни 3,7 милијарди денари за социјални трансфери, од кои 1,4 милијарди денари за социјални надоместоц, и дополнителни 887 милиони денари за здравствена заштита. За Министерството за социјална политика, демографија и млади се обезбедуваат дополнителни 1,8 милијарди денари за ранливи категории, социјална помош, народни кујни и социјални услуги. Исто така дополнителни 600 милиони денари за редовна и навремена исплата на породилните надоместоци.

Капиталните расходи се проектирни на 40,1 милијарда денари со кои се продолжува со вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Исто така продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер