Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
2Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
СветУкраина, САД и Русија на нова рунда преговори во Абу ДабиВо Абу Даби започна нова дводневна рунда трилатерални мировни преговори меѓу Украина, САД и Русија, во обид да се постигне договор за ставање крај на речиси петгодишната војна во Украина.Американската делегација ја предводат Стив Виткоф, специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп, и неговиот зет и советник, Џеред Кушнер. На чело на украинската делегација е разузнавачот Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи Владимир Медински, советник на рускиот претседател Путин. „Делегацијата ќе донесе одлука во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите со преговорите.“ изјави – Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ. Според извештаите на светските медиуми, во фокусот на разговорите во Абу Даби се безбедносните гаранции, прекинот на огнот и територијалните прашања. Киев бара гаранции против нова агресија и запирање на руските напади, додека Москва инсистира на територијални отстапки, откажување на Украина од членството во НАТО и ограничување на нејзината армија. Во пресрет на преговорите, американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам за мировниот процес. „Штотуку имавме добри разговори за Украина и Русија. Како што знаете, има средби утре во Абу Даби. Всушност, започнуваат денеска, но практично тоа е утре, во вторник. Работевме многу напорно за да го завршиме руско-украинскиот кошмар, во кој загинуваат многу луѓе,“- изјави – Доналд Трамп, претседател на САД. И додека Вашингтон, Москва и Киев преговараат за ставање крај на војната, Европа засега останува надвор од главната преговарачка маса во Абу даби. Таму отпатуваа претставници од повеќе европски земји, но само на одделни средби со американската и украинската страна, без директно да учествуваат во преговорите, откако Кремљ претходно се спротивстави на европското учество. Поддршка за дипломатските напори пристигна и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека Европа е за мир. „Мислам дека најважното нешто што нè обединува е тоа што сите сакаме мир. Пред сè, народот на Украина сака мир. И токму на тоа се работи во моментов, меѓу другото и во Абу Даби. Многу е важно да ја поддржуваме Украина, бидејќи таа е фактор на стабилност. Русија е таа што ја нападна Украина. Тоа никогаш не смееме да го заборавиме. Ако Украина престане да се бори во овој момент, таа ќе биде избришана од картата. Ако Русија престане да се бори во овој момент, војната ќе заврши. Затоа, максимално ги поддржуваме сите мировни напори и разговори.“- изјави – Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската комисија. Ова е прва средба во ваков формат по девет месеци, откако претходната рунда преговори во февруари заврши без напредок. Иако позициите на Москва и Киев за клучните прашања остануваат спротивставени, според Ројтерс, постои внимателен оптимизам дека дводневните разговори би можеле да донесат одреден напредок, барем во решавањето на хуманитарните прашања.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието денеска ќе гласа за вториот ребаланс на буџетотВториот ребаланс на буџетот е пред пратениците на денешната собраниска седница.Министерката за финансии Кочоска во експозето кажа дека тој не се носи поради проблеми со ликвидноста, туку е последица на преземените мерки за намалување на ДДВ и акцизата кај бензините и дизелот. Опозициските партии го критикуваа новото прекројување на годишниот буџет, велат владата со овој чекор покажала слабост во управувањето со државната каса. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
МакедонијаЈавна дебата за планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје Почист воздух во Скопје во следните пет години – ова е целта на новиот план за борба против аерозагадувањето. Каде е најголемиот проблем и кои мерки би дале најдобри резултати? На денешната дебата беа презентирани анализите за загадувањето во изминатите десет години, како и компјутерски модел кој овозможува да се предвиди како предложените мерки би влијаеле врз квалитетот на воздухот. „Направено е моделирање на аерозагадувањето со светски признат модел, односно софтверот ADMS Urban, кој е развиен од Кембриџ и валидиран со постојната мерна мрежа, односно мониторинг-станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање. Направен е еден дигитален близнак на овој модел со којшто може да се прави идно предвидување и моделирање на дополнителни емисии на загадувачки супстанции.“ – доцент на Машински факултет – Скопје. Мерките за намалување на загадувањето опфаќаат повеќе сектори, а нивното влијание врз квалитетот на воздухот се менува во зависност од периодот во годината. Од Машинскиот факултет посочуваат дека во грејната сезона особено се издвојуваат домаќинствата. „Мерките се однесуваат на промена на енергентите што се користат за греење во домаќинствата, субвенционирање на топлински пумпи, користење соларни панели во индустријата, како и примена на најдобрите достапни техники. Во делот на транспортот, предвидена е набавка на електрични автобуси, проширување на велосипедската мрежа и воведување зони со ниски емисии во централното градско подрачје.“ – доцент на Машински факултет – Скопје. Од иницијативата „Стоп за Усје“ реагираат дека мерките што се однесуваат на цементарницата не го адресираат, според нив, главниот проблем со емисиите на азотни оксиди. „NOx е емисијата која што е навистина проблематична за Усје, бидејќи Усје актуелно прави 500 милиграми на метар кубен, вредност која е над европски дозволениот максимум. Затоа апелираме да се направи детална ревизија на предложените мерки и да се применат предлозите и препораките од сите учесници.“- – Марија Манучева, Иницијатива „Стоп за УСЈЕ“. Покрај мерките за намалување на емисиите, потребен е и подобар систем за следење на метеоролошките услови и загадувањето. Лидија Стојова предлага во секоја општина да има автоматска метеоролошка станица и станица за мерење на загадувачките супстанции, со цел попрецизно да се утврди ширењето на загадувањето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21