Собранието денеска ќе гласа за вториот ребаланс на буџетот - Канал 5

Собранието денеска ќе гласа за вториот ребаланс на буџетот

Вториот ребаланс на буџетот е пред пратениците на денешната собраниска седница.

Собранието денеска ќе гласа за вториот ребаланс на буџетот

Министерката за финансии Кочоска во експозето кажа дека тој не се носи поради проблеми со ликвидноста, туку е последица на преземените мерки за намалување на ДДВ и акцизата кај бензините и дизелот.

Опозициските партии го критикуваа новото прекројување на годишниот буџет, велат владата со овој чекор покажала слабост во управувањето со државната каса.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода скопјанец, во неговото возило се пронајдени повеќе парчиња различни минерали, дрога и пари, следува пријава

На 09.11.2025 во 23:10 часот во с.Беровци, прилепско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина при РЦ за ГР Југ го лишија од слобода К.С.(30) од Скопје. 

Лишен од слобода скопјанец, во неговото возило се пронајдени повеќе парчиња различни минерали, дрога и пари, следува пријава

При контрола на патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 61 парче минерален камен во различна големина, 59 парчиња македонски рубин, едно парче амазонит, едно парче титаниум оксид, марихуана, 489720 денари во различни апоени и 10 банкноти по 200 евра.

Лицето е задржано во ОВР Прилеп и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина, САД и Русија на нова рунда преговори во Абу Даби

Во Абу Даби започна нова дводневна рунда трилатерални мировни преговори меѓу Украина, САД и Русија, во обид да се постигне договор за ставање крај на речиси петгодишната војна во Украина.

Украина, САД и Русија на нова рунда преговори во Абу Даби

Американската делегација ја предводат Стив Виткоф, специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп, и неговиот зет и советник, Џеред Кушнер.

На чело на украинската делегација е разузнавачот Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи Владимир Медински, советник на рускиот претседател Путин.

„Делегацијата ќе донесе одлука во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите со преговорите.“ изјави – Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Според извештаите на светските медиуми, во фокусот на разговорите во Абу Даби се безбедносните гаранции, прекинот на огнот и територијалните прашања. Киев бара гаранции против нова агресија и запирање на руските напади, додека Москва инсистира на територијални отстапки, откажување на Украина од членството во НАТО и ограничување на нејзината армија.

Во пресрет на преговорите, американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам за мировниот процес.

„Штотуку имавме добри разговори за Украина и Русија. Како што знаете, има средби утре во Абу Даби. Всушност, започнуваат денеска, но практично тоа е утре, во вторник. Работевме многу напорно за да го завршиме руско-украинскиот кошмар, во кој загинуваат многу луѓе,“- изјави – Доналд Трамп, претседател на САД.

И додека Вашингтон, Москва и Киев преговараат за ставање крај на војната, Европа засега останува надвор од главната преговарачка маса во Абу даби. Таму отпатуваа претставници од повеќе европски земји, но само на одделни средби со американската и украинската страна, без директно да учествуваат во преговорите, откако Кремљ претходно се спротивстави на европското учество.

Поддршка за дипломатските напори пристигна и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека Европа е за мир.

„Мислам дека најважното нешто што нè обединува е тоа што сите сакаме мир. Пред сè, народот на Украина сака мир. И токму на тоа се работи во моментов, меѓу другото и во Абу Даби. Многу е важно да ја поддржуваме Украина, бидејќи таа е фактор на стабилност. Русија е таа што ја нападна Украина. Тоа никогаш не смееме да го заборавиме. Ако Украина престане да се бори во овој момент, таа ќе биде избришана од картата. Ако Русија престане да се бори во овој момент, војната ќе заврши. Затоа, максимално ги поддржуваме сите мировни напори и разговори.“- изјави – Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Ова е прва средба во ваков формат по девет месеци, откако претходната рунда преговори во февруари заврши без напредок. Иако позициите на Москва и Киев за клучните прашања остануваат спротивставени, според Ројтерс, постои внимателен оптимизам дека дводневните разговори би можеле да донесат одреден напредок, барем во решавањето на хуманитарните прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер