Министерот Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и Германија
1Министерот Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
2Повеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и Германија
Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
2Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
МакедонијаПовеќе од 200.000 луѓе ги користеле бесплатните Wi-Fi конекции обезбедени со поддршка од ЕУ и ГерманијаПовеќе од 200.000 луѓе го користеле WiFi4WB - (WiFi за Западен Балкан) бесплатниот интернет низ Република Македонија од почетокот на имплементацијата на иницијативата, што ја покажува големата побарувачка за бесплатен јавен интернет пристап.Овој значаен резултат беше одбележан денеска во Скопје, каде што претставници на Европската Унија, Германија и Владата на Република Македонија се собраа по повод завршувањето на поставувањето на WiFi бесплатниот интернет во сите 64 општини кои учествуваат во иницијативата. Преку WiFi4WB, бесплатен јавен Wi-Fi е достапен на јавни површини избрани од општините, вклучувајќи плоштади, паркови, културни центри, библиотеки и други локации што ги користат локалните заедници. Иницијативата има за цел да го направи пристапот до интернет подостапен и да овозможи повеќе луѓе да ги искористат можностите што ги нуди дигитализацијата, независно од тоа каде живеат. WiFi4WB е дел од EU4Digital, регионална програма која ја поддржува дигиталната трансформација и поврзаноста низ Западен Балкан. Иницијативата е кофинансирана од Европската Унија и Германската Влада, а ја спроведува Германското Друштво за Интернационална Соработка - ГИЗ, во соработка со националните институции, општините и Македонски Телеком. Осврнувајќи се на ова достигнување, Михаел Рокас, амбасадор на Европската Унија во Република Македонија, изјави: „Дигитализацијата е еден од главните приоритети на ЕУ. Инвестираме многу во оваа област, вклучително и во нашите партнерски земји како Македонија. Надоградувајќи се на најдобрите практики и искуство од ЕУ, овој проект им нуди на граѓаните еднакви можности во дигиталната сфера преку обезбедување бесплатен Wi-Fi пристап на јавни места, од кој имаат корист и жителите и посетителите. Тоа е опиплив пример за тоа како поддршката од ЕУ се преведува во конкретни, секојдневни придобивки за луѓето и заедниците низ целата земја.“ Петра Дрекслер, амбасадорка на Германија во Република Македонија, ја истакна посветеноста на Германија на дигиталната инклузија и регионалната соработка: „Сигурниот пристап до интернет повеќе не е само прашање на погодност. Тој е од суштинско значење за пристап до образование, јавни услуги, информации и вработување, како и за целосно учество во брзорастечкото дигитално општество. Сепак, пристапот до овие можности не е секогаш еднаков. Географијата и локалната инфраструктура сè уште можат да одредат колку лесно луѓето се поврзуваат со дигиталниот свет. Токму ова е јазот што преку овој проект се обидовме да го решиме.“ Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација, ја нагласи важноста на достапната поврзаност за дигиталниот развој на земјата: „Вистинскиот успех на дигиталната трансформација не се мери во кабинетите, туку на улиците, во парковите и во секојдневието на нашите граѓани. Денес, со бесплатен и брз интернет на 72 јавни локации во 64 општини и над 204 илјади корисници, покажуваме дека дигитализацијата не е само стратегија на хартија, туку реална придобивка за граѓаните.” Министерот во продолжение истакна и дека поврзаноста повеќе не е луксуз, туку предуслов за еднакви можности, модерни јавни услуги и општество во кое никој нема да биде оставен настрана од дигиталниот напредок. Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком, ја истакна вредноста на јавната интернет-поврзаност за локалните заедници: „Улогата на Македонски Телеком во овој проект е да обезбеди врвна поврзаност, бидејќи дигиталната инклузија има вистинска вредност само кога е поддржана од највисоките стандарди. Горди сме што ја споделуваме визијата за модерно, поврзано и инклузивно општество со нашите партнери и, како партнер за имплементација на WiFi4WB, придонесуваме за нејзино остварување. Остануваме посветени на градење дигитално општество во кое секој граѓанин има еднаква можност да учествува.“ Низ Западен Балкан, WiFi4WB обезбедува околу 500 бесплатни јавни Wi-Fi мрежи за заедниците во регионот. Инспирирана од програмата на ЕУ WiFi4EU, преку која се поврзани повеќе од 7.000 заедници низ Европа, иницијативата придонесува за посилна регионална дигитална поврзаност и поголемо усогласување со европските дигитални стандарди. Завршувањето на поставувањето на WiFi бесплатните јавни мрежи во Република Македонија претставува важен чекор кон поповрзано и дигитално поинклузивно општество, при што фокусот сега се насочува кон обезбедување континуирани придобивки за заедниците од воспоставената инфраструктура.Тагови: ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМинистерот Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со ЛитванијаМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Република Литванија.Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Република Литванија, во чии рамки оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи Кештудис Будрис и официјално ја отвори првата резидентна Амбасада на Македонија во Вилнус. На средбата со министерот Будрис во фокусот беа натамошното унапредување на политичкиот дијалог, економската соработка, евроинтегративната агенда, актуелните безбедносни предизвици и соработката во рамките на евроатлантското сојузништво. Посебно внимание беше посветено на европската интеграција, надминувањето на пречките и динамизирањето на пристапниот процес. Министерот Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од Литванија за стратешката цел на државата, полноправно членство во Европската Унија. Тој ја реафирмираше посветеноста на Владата на спроведувањето на реформската агенда, како и конструктивниот пристап кон изнаоѓање заемно прифатливо решение во билатералниот дијалог со источниот сосед, засновано на европските вредности и принципи. Централен настан во рамките на посетата беше официјалното отворање на македонската Амбасада во Вилнус, со што се отвора ново поглавје во односите меѓу двете држави и се создаваат дополнителни можности за продлабочување на политичката, економската и институционалната соработка. „Повеќе од три децении нашите две држави градат пријателство засновано на меѓусебна почит, доверба и вредности што ги споделуваме“, истакна Муцунски. Воедно, тој изрази посебна благодарност за солидарноста покажана по трагичниот пожар во Кочани, кога четворица од најтешко повредените пациенти беа примени на лекување во Вилнус и Каунас. „Македонскиот народ нема да го заборави тоа. Семејствата во Кочани нема да го заборават тоа. И јас нема да го заборавам тоа“, истакна Муцунски. Министерот посочи дека новото дипломатско присуство ќе отвори дополнителни можности за економско, образовно, културно и технолошко поврзување. „Гледаме можности за продлабочување на економските врски, зголемување на трговијата и инвестициите, за поврзување на нашите студенти, академската заедница и уметниците, како и за заедничка работа во областа на иновациите и дигиталната трансформација“, рече Муцунски. На крајот, тој ја нагласи и пошироката улога на новата Амбасада во натамошното поврзување на двете држави. „Оваа Амбасада ќе биде мост меѓу Скопје и Вилнус, меѓу нашите институции и бизнис-заедници, и меѓу нашите граѓани. Заедно, нашите две дипломатски мисии ќе создадат посилна основа за дијалог, соработка и нови можности што ќе создаваат конкретни придобивки за граѓаните“, истакна Муцунски, соопштуваат од МНРиНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
БалканУтре е Ден на жалост во Бугарија- снимките со дрон го покажуваат ужасот на верижниот судар (ВИДЕО)На автопатот Тракија во Бугарија се случи трагедија, во која, според последните информации, загинаа 12 лица, додека 50 лица се повредени.Поради магла и несоодветна брзина на возење, се случија неколку верижни судири, во кои учествуваа 86 возила. Властите воведоа делумна вонредна состојба што ги опфаќа општините Јамбол, Тунџа и Стралџа. Одлуката е донесена поради вонредни околности и големата материјална штета предизвикана од тешката сообраќајна несреќа. Исто така, беше одлучено 12 ноември да се прогласи за Ден на жалост во Бугарија. Премиерот Румен Радев најави дека ќе го посети местото на трагедијата на автопатот кон Бургас, додека властите апелираа до доброволни дарители на крв да им помогнат на повредените. Во меѓувреме, на социјалните мрежи се објавени снимки од дрон, кои го покажуваат ужасниот обем на трагедијата во Бугарија. Drone footage reveals the horrifying scale of the tragedy on Bulgaria’s Trakia Motorway. Over 50 vehicles, including cars and trucks, were involved in the massive pile-up, leaving at least 12 people dead and dozens injured. One of Bulgaria’s deadliest road disasters. 😭 https://t.co/NfyVJyGotH — една българка (@transbulgaria) November 10, 2026 Според сведоците, причина за трагедијата била големата брзина. Како што изјави еден од нив, видливоста била само еден до два метра. „Најголемиот ужас беше во автобусот. Бевме еден врз друг. Кога излеговме, почнавме да се оддалечуваме од автобусот за да не се запали“, рече жена од автобусот полн со луѓе кои одеа на одмор.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook