„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците - Канал 5

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

Наскоро полициски возила со камери ќе мерат брзина во движење и ќе ги казнуваат оние кои возат пребрзо, најави министерот за внатрешни работи Тошковски. 

„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците

На критичните сообраќајни точки се прават анализи и ќе бидат поставени дополнителни мобилни уреди кои ќе го следат сообраќајот. Тошковски најави и дека до крајот на годината се очекува на адреса на граѓаните да стигнувасат и казни за погрешно запирање или паркирање на улиците и булеварите.

– Предлогот којшто го добивме од експертите е во постоечките возила коишто ги имаме да исталираме камери, коишто камери ќе можат да ја детектираат брзината, а тие може да се постават било каде, може во од, во движење да констатираат. Наредниве месец, месец и половина сигурен сум дека ќе отпочнеме со достава до оние кои не го почитуваат правилата, во рамки на истиот систем значи преку СМС пораки, и на оние коишто погрешно паркираат и запираат, особено во рамки на главните крвотоци во рамки на главниот град,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Тошковски на денешната тематска прес-конфеенција соопшти дека проектот „Безбеден град“ ја освоил наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи, во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи...

Доказ за успешноста, рече, е и статитиката, која годинава покажува 34 загинати помалку... За 10 месеци лани на патиштата згаснале 108, годинава 74 животи.

– Тошковски вели дека целта на проширување на опсегот на системот безбеден град е да се превенира, а не да се полни буџетската каса. зборува за критичарите... изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Нареден град во кој ќе се применува системот Сејф Сити е подрачјето на СВР Струмица, а до крајот на годината се очекува системот да профункционира и во СВР Штип.

Псоледен регион што ќе остане е подрачјето на СВР Битола, кое се очекува да биде покриено со ситемот најдоцна до февруари.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата во нов судир за „АЛТА банка“ пред утрешната надзорна расправа

Прво премиерот Мицкоски, па гувернерот Славески, вицегувернерите, минстерката Димитриеска-Кочоска, претставници на државни органи и граѓански организации се меѓу триесетината сведоци кои се повикани на надзорната расправа во Собранието .

Власта и опозицијата во нов судир за „АЛТА банка“ пред утрешната надзорна расправа

Прво премиерот Мицкоски, па гувернерот Славески, вицегувернерите, минстерката Димитриеска-Кочоска, претставници на државни органи и граѓански организации се меѓу триесетината сведоци кои се повикани на надзорната расправа во Собранието за случувањата со Алта банка. Комисијата е закажана за утре во 10 часот, на тема: причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

Лидерот на СДСМ Филипче, очекува јавноста да ги добие одговорите на сите прашања што се отворија овој период и да се утврдат одговорните за банката. Во врска со најавата од премиерот Мицкоски дека веќе има заинтересиран купувач, пак, Филипче прашува во кое својство премиерот е вклучен во процесот, и кој би купил банка со сомнителен капитал.

- Тој нашол купци за Алта банка. Во кое својство? Што е премиерот Мицкоски? Дилер, посредник, пронаоѓач на потенцијални купувачи на банки кај нас? Потребно е да има најмалку две банки за да се организира аукција. Најдени ли се тие банки или целокупната законска обврска на Народна банка ја презел Христијан Мицкоски? Знае ли тој кои банки се тие. Избрани ли се банките коишто ќе учествуваат на аукцијата? Ако се избрани, зошто не ги знаеме? Ако не се избрани, како тој и во кое својство ги бара и ги најавува, изјави Филипче.

Ваквиот став на Филипче, според според владејачката партија, е очигледна нервоза кај опозицијата затоа што ќе се најде решение за Алта банка, додека во време на СДСМ, како што велат, банките пропаѓале и се затворале.

-Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра, сомнителни пари од Венецуела која тогаш беше под санкции. Дополнително, трансакциите поминувале или стигале до земјите како Русија, Белорусија и Србија. Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија. Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие, изјави Бране Петрушевски.

Покрај политичката, власта и опозицијата очекуваат и правна одговорност. Од СДСМ повикуваат јавното обвинителство да го прекине молкот за Алта банка и да ја испита одговорноста за нејзиниот влез во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ, пак, бараат одговорност од опозицијата за намерно ширење паника и хистерија во јавноста.

На ваквите повици, од обвинителството одговорија дека постапуваат според докази, а не по барање од политчките партии. Савески кажа дека го следат случајот и доколку има сомнежи за кривично дело, ќе отворат истрага.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Белата куќа ја номинираше Кристи Меккормик -  поранешната републиканска потпретседателка на Комисијата за помош при изборите на САД за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. 

Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Меккормик не е кариерен дипломат, туку доаѓа од областа на правосудството - до мандатот во Комисијата за избори, работела како виш адвокат за судски постапки поврзани со прекршување на федералните закони за гласање во американското Министерството за правда а била стационирана и во Багдад како американски експерт за избори, надгледувајќи ги националните избори во Ирак.

Меккормик неодамна се најде во фокусот на американските медиуми, откако се појавија наводи оти тврдела дека демократите активно промовираат гласање од страна на „нелегални граѓани“ за да победат на изборите. Меккормик даде оставка од својата функција во јули годинава.

-Значи, работиме на додавање на документарен доказ за државјанство во тој формулар. Има многу отпор од демократската страна. Значи, не знам како ќе го направиме тоа во нашата комисија бидејќи ние сме двопартиска комисија, двајца демократи и двајца републиканци, и ни требаат три наспроти нула гласови за да помине било што,- -Кристи Меккормик, предлог за нов амбасадор на САД во Македонија.

Номинацијата на Кристи Меккормик ќе биде проследена до Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, каде е потребно мнозинство гласови за да биде избрана.

Целокупниот процес вообичаено трае од шест месеци а во некои случаи и повеќе од една година, што значи дека новиот амбасадор на САД би можел да пристине во земјава најрано во втората половина од следната година.

Во моментов, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава е Никол Варнс – дипломат од кариера во Службата за надворешни работи на САД, откако амбасадорката Анџела Агелер замина од својата функција на почетокот на годинава како дел од пошироките дипломатски промени на американската администрација по враќањето на Доналад Трамп во Белата куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба

Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.

Јанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба

„Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба!

Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.

Со реализацијата на овој капитален проект, Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, каде што директно ќе ги пласираат своите производи, без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите. Инвестираме во здравјето на граѓаните, поддршката на домашните производители и развојот на одржлива локална економија.

[✔] Инвестиција на Општина Кавадарци: 26.500.000 денари + ДДВ.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер