Од денес достапни електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“, од утре се отвора експозитурата во Скопје
Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар, ја подигнуваме еколошката свест и одговорност
1Од денес достапни електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“, од утре се отвора експозитурата во Скопје
2Герасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар, ја подигнуваме еколошката свест и одговорност
3„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
ЖивотМеган Маркл за првпат во јавноста по апсењето на нејзиниот таткоМеган Маркл за првпат во јавноста по апсењето на нејзиниот татко. Го откажа говорот во Брисел.Меган Маркл, војвотката од Сасекс, утрово за првпат се појави во јавноста со својот сопруг, принцот Хари, откако нејзиниот татко Томас Маркл беше уапсен. Светските медиуми повторно будно го следат секој чекор на Меган Маркл, иако овој пат причината не се нови бизниси или изјави што често ја поларизираат јавноста. Војвотката од Сасекс утрово за првпат се појави во јавноста откако нејзиниот татко се најде во центарот на скандал поради сериозни обвинувања. Иако планираше да одржи говор заедно со својот сопруг во Европскиот парламент во Брисел, во последен момент таа одлучи да се откаже од обраќањето. Според британските медиуми, Меган Маркл (45) „не се чувствува доволно силна за јавен настап“, а најверојатната причина се актуелните обвинувања против нејзиниот татко. Сепак, таа одлучи да отпатува со својот сопруг во Брисел и да биде покрај него за време на еден важен настан посветен на безбедноста на најмладите на интернет. Томас Маркл (82) беше уапсен на Флорида на 6 ноември, под обвинение за поседување материјали што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца. Неговата ќерка кратко изјавила дека е длабоко потресена од овие сознанија и потсетила дека нивниот однос драстично се влошил уште пред нејзината венчавка со Хари во 2018 година. Според нејзини претходни изјави, таа со години знаела вознемирувачки информации за својот татко, па затоа одлучила да му оневозможи контакт со семејството, со цел да ги заштити Арчи и Лилибет.Тагови: Меган Маркл принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд денес достапни електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“, од утре се отвора експозитурата во СкопјеНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за располагање со средствата и користење на банкарските услуги на клиентите на „АЛТА банка“.Од НБРМ соопштија дека од денес, клиентите ќе можат да ги користат услугите на електронското и мобилното банкарство, согласно лимитот од 15.000 денари неделно за клиентите кои поседуваат платежни картички и до 20.000 денари за две недели за оние кои не поседуваат. Од утре најавуваат дека ќе биде отворена и првата експозитура во Скопје, во Трговскиот центар „Бисер“ во Аеродром. -„АЛТА банка“продолжува да работи, а привремената администрација е заштитна мерка којашто се применува до разрешување на сопственичката состојба. – порачауваат од Народната банка...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: 20 контејнери за текстилен отпад во Центар, ја подигнуваме еколошката свест и одговорностОпштина Центар, во соработка со лиценцираната компанија „Еко-текс груп“, почна со поставување специјализирани контејнери за селекција на текстилен отпад, пред основните училишта и детските градинки.„Првиот контејнер за текстилен отпад го поставивме пред ООУ „Коле Неделковски“. Преку ваквите иницијативи ги учиме децата, но и возрасните, да се однесуваат општествено и еколошки одговорно. Со едукација за собирање, рециклирање и повторна употреба заедно придонесуваме за почиста и поздрава средина“, рече градоначалникот Горан Герасимовски. Во првата фаза ќе бидат поставени 11 контејнери, а во втората уште девет, со што мрежата ќе опфати вкупно 20 локации. Граѓаните во овие контејнери ќе можат одделно да оставаат стара облека, обувки и други текстилни производи. Наместо да завршат во комуналниот отпад, тие ќе бидат селектирани, сортирани и упатени на натамошен третман и рециклирање. Со ваквите активности Општина Центар делува во согласност со принципите за заштита на животната средина, важечките законски прописи и меѓународните стандарди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook