Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери - Канал 5

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Изминатите 14 години на политички превирања во Велика Британија, во Кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит“, бр. 10 имаше една „фигура на стабилност“ - мачорот Лери. 

Мачорот Лери 14 години „служи“ на „Даунинг стрит“, бр. 10 во мандатот на пет премиери

Миленичето на пет премиери би можел да го дочека и својот шести официјален сопственик, бидејќи општите избори во Обединетото Кралство се одржуваат на 4 јули.

Лери досега беше милениче на пет премиери од Конзервативната партија, а доколку анкетите се покажат точни, мачето наскоро би можело да го пречека и првиот шеф на Британската влада од Лабуристичката партија.

Со заминувањето на сегашниот премиер Риши Сунак, од Кабинетот би заминало и неговото куче, лабрадорот-ретривер Нова, што на Лери тоа „веројатно не би му пречело“, според луѓето околу „Даунинг стрит“, бр. 10. Сопругата на Сунак, Акшата Мурти изјави дека Лери и Нова имале „жестоки тепачки“ во домот.

Лидерот на лабуристите Кир Стармер неодамна изјави дека неговото семејство има мачка и хрчак. Сепак, кој ќе се пресели на „Даунинг стрит“, бр. 10 - допрва ќе се види.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинати

Хеликоптер на американската телевизиска станица KNBC се урна синоќа во Лос Анџелес. 

ВИДЕО: Телевизиски хеликоптер што снимал сообраќајна несреќа се урна во САД, тројца загинати

Во несреќата загиналенајмалку три лица, вклучително и пешак на паркинг, а едно лице е пренесено во болница. Хеликоптерот се урнал нешто пред 19 часот по локално време, на околу 40 километри северозападно од центарот на Лос Анџелес.

Екипи за итна помош и новинарски екипи се наоѓале во близина во тоа време, известувале за посебна несреќа со автобус во која исто така имало жртви.

„Знаеме дека станува збор за хеликоптер на информативната редакција и знаеме дека изгубивме контакт со нашите луѓе“, изјави во етер водителката на KNBC, Колин Вилијамс.

Претходно истата вечер, таа соопштила дека станицата изгубила контакт со екипажот на хеликоптерот. Противпожарната служба на Лос Анџелес соопштија дека на местото на несреќата се пронајдени три починати лица, додека едно лице е пренесено во локална болница; неговата состојба е непозната.

Едно од починатите лица било „пешак кој се наоѓал на паркингот“, изјави капетанот на противпожарната служба, Бранден Силверман.

Причината за несреќата сè уште не е позната, а властите не го соопштија бројот на лица кои се наоѓале во хеликоптерот. Силверман изјави дека леталото е речиси целосно уништено и дека истражителите ќе треба да ги пребараат остатоците за да ги идентификуваат жртвите и да го потврдат идентитетот на хеликоптерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност и температури до 23 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. 

Сончево со мала до умерена облачност и температури до 23 степени

Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 23 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати

Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани  до 7:30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати

Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.

Изгаснати се 11 пожари во Општина Теарце: с. Нераште – ѓубре, Општина Свети Николе: с. Ерџелија – ниска вегетација и ѓубре, Општина Велес: с. Раштани и с. Белештевица – ниска вегетација, Општина Карпош: Кеј на Вардар – ѓубре. Општина Сарај: с. Долно Свиларе – ниска вегетација и мешана шума, Општина Гази Баба: с. Трубарево – ниска вегетација и ѓубре, Општина Долнени: с. Десово – ниска вегетација, Општина Битола: кај „Економијата“ од затворот, близу Битола – ниска вегетација, Општина Куманово: с. Агино Село – ниска вегетација, Општина Илинден: с. Дељадровци и с. Мршевци – ниска вегетација, Општина Гази Баба: с. Стајковци – ниска вегетација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер