Франција во исчекување – триумф на екстремната десница или пресврт пред изборите во недела?

Франција се подготвува за вториот круг од парламентарните избори по убедливата победа на крајно десничарската „Национален собир“ на Марин Ле Пен. 

Од исходот ќе зависи дали Франција за прв пат по втората светска војна ќе има влада предводена од екстремно десна партија, но и дали Емануел Макрон ќе се соочи со непријатна кохабитација и премиер кој би се противел на неговите одлуки. Кандидатот за премиер на Национален Собир, 28 годишниот Џордан Бардела би бил најмладиот на оваа функција, а веднаш по изборите порача дека е подготвен да води, но и да се бори против имиграцијата. Сепак, од партијата порачаа дека доколку не обезбедат апсолутно мнозинство, немаат намера да формираат влада.

-Очигледно е дека не можеме да прифатиме да формираме влада, ако не можеме да дејствуваме. Бидејќи тоа што го бараат гласачите од нас е да ја промениме политиките што не се спроведуваат. И не можеме да прифатиме влада која ќе биде уникатна со тоа што би имала министри кои не би можеле да дејствуваат. Тоа би било мислам, најлошото предавство кое може да му го направиме на нашите гласачи,-- Марин Ле Пен – „Национален собир“.

Дел од политичките аналитичари во Франција велат дека очекуваат жестока борба меѓу крајната левица и десница, но дека финалниот збор ќе го имаат неопределените.

-Пред се, ќе им биде потребно на „Национален собир“ да го бараат гласот на неопределените од првиот круг кои се уште имаат значајно учество во изборите и кои се уште се третина од електоратот,- Бруно Каутрес- Политиколог.

Француските граѓани пак, се поделени во своите ставови. Дел од нив велат дека потребна е промена на политичката сцена, некои пак и една недела по првиот круг, се уште не можат да се помират со изборниот резултат.

-Среќна сум, задоволна. Зошто? Бидејќи има потреба од промени, всушност, сосема едноставно е. / Ме боли многу(резултатот). И ме шокира затоа што не разбирам. Јас навистина не разбирам. / Како да сум мамурна. Тоа е тоа. Нема да плачам, но сум многу разочарана. / Да се избере помеѓу Левицата (LFI) и „Национален собир“ во однос на вредностите кои ги брани секоја од страните е доста срцепарателно.

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на предвремени избори по катастрофалниот резултат кој неговата партија го доживеа за време на европските избори каде крајната десница извојува убелива победа, а партијата на Макрон беше на третото место. Изборниот резултат од Европските пак, се преслика и на национално ниво.

Вториот круг од изборите кој треба да одлучи во која насока ќе се движи државата треба да се одржи во недела, а доколку ниту една опција не успее да формира парламентарно мнозинство, извесно е дека земјата ќе навлезе во политичка криза. Во таков случај, претседателот не може повторно да го распушти парламентот, а францускиот устав предвидува преоден рок од една година.

Средба на министерот Владо Мисајловски со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду

Министерот за одбрана Владо Мисајловски попладнево во Министерството за одбрана оствари средба со амбасадорката на Грција, Н.Е. Софија Филипиду и одбранбеното аташе полковникот Константинос Самарас.

На средбата министерот Мисајловски истакна дека ќе се заложи на интензивирање на билатерална одбранбена соработка со Грција како наш НАТО сојузник и сосед со кој имаме заедничка визија за мирот, безбедноста и стабилноста на регионот и Алијансата, соопштија од МО.

Припадник на ИД е осуден на 30 години затвор за убиство на две лица во геј бар во Осло

Норвешкиот суд осуди човек од ИД на 30 години затвор за напад во геј бар во Осло во 2022 година. Нападот се случи за време на Парадата на гордоста.

Заниер Матапур уби две лица и тешко рани уште деветмина, откако отвори оган врз толпата пред Лондон паб, популарен геј бар во норвешката престолнина, пишува ДВ. Окружниот суд во Осло соопшти дека Матапур испукал 10 куршуми од автомат и осум истрели од пиштол кон луѓето.

„Ова е големо олеснување“, рече Еспен Евјент, шеф на група за поддршка на преживеаните и роднините на жртвите. Самиот Евџент бил застрелан во лондонскиот паб. Обвинителот Ауд Кинсарвик Гравас ја нарече пресудата „вистински исход“ и „историски тешка казна“.

Матапур, кој е роден во Иран и како дете емигрирал во Норвешка, се заколнал на верност на таканаречената Исламска држава (ИД), соопштија обвинителите.

За време на судењето, и обвинителството и одбраната се согласиле дека Матапур пукал во толпата и немало сомнеж дека се работи за терористички напад.

Адвокатот на Матапур, Мариус Дитрихсон, побарал ослободителна пресуда, велејќи дека неговиот клиент бил поттикнат во нападот од дански разузнавач кој се претставувал како висок член на терористичката група ИД.

Престрелката ја шокира Норвешка, која има релативно ниска стапка на криминал, но во последните децении се забележани таканаречени напади на т.н. волци-самотници.

Атрактивна порно ѕвезда на најдобар начин го искористи старото БМВ (ВИДЕО)

Атрактивната Рајли Дизел им е добро позната на фановите на платформата OnlyFans, но и на корисниците на Инстаграм, Фејсбук и ТикТок, каде што објавува свои фотографии и видеа.

Сепак, на нејзината страница можете да видите повеќе од провокативна содржина.

Така, таа неодамна го претстави BMW X5 E53, произведен во периодот од 1999 до 2006 година и воодушеви многу фанови.

Што го прави стариот автомобил посебен, се прашувате, а одговорот е во видеото.

притисни ентер