Мареј се повлече од Вимблдон 2024 во сингл

Триесет и седумгодишниот британски тенисер Енди Мареј се повлече од Вимблдон 2024 во сингл. Тој планира да се натпреварува во двојки со својот брат Џејми. Ова го објави „ITV.com“.

Во првото коло на Грен слем турнирот во Лондон, Мареј требаше да ги одмери силите против Чехот Томаш Мачац.

Минатата недела поранешниот светски рекет број еден беше опериран за отстранување на циста на 'рбетот.

Мареј двапати го освои Вимблдон, во 2013 и 2016 година.

Вимблдон 2024 се одржува од 1 до 14 јули во Лондон. Актуелен победник во сингл конкуренцијата е Шпанецот Карлос Алкараз.

Министерот Мисајловски на средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин.

Министерот Мисајловски искажа благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата НАТО декларирана единица.

Амбасадорот Лосон порача дека од особена важност е стабилноста на регионот и дека Обединетото Кралство останува посветено на одбранбената соработката со нашата земја и развојот на армиските капацитети.

Од страна на министерот и амбасадорот беше заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да соработуваат во рамки на Алијансата со взаемни заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност, соопштуваат од МО.

Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на  безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa.

Подобрување на квалитетот на услугите во Агенцијата за храна и ветеринарство, засилување на инспекциските контроли во делот на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита на животните, нивната благосостојбa и ветеринарното јавно здравство, но пред се жестока борба против криминалот и корупцијата. Ова на денешното официјално примопредавање на функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство го истакна новиот прв човек на АХВ Оливер Миланов.

Тој, на средбата со својот претходник, поранешниот директор на АХВ Николче Бабовски истакна дека дигитална трансформација на институцијта ќе биде во фокусот на неговото раководење со АХВ. Целта е обезбедување на подобра комуникација, но и безбедност на информациите, транспарентност и отчетност, со што како што потенцира тој, ќе ја подигнеме и довербата на граѓаните кон Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Како прв човек на Агенцијата, ќе ја интензивирам соработката со меѓународните организации, пред се со оние од областа на безбедноста на храната и задрвствената заштита и благосостојбата на животните, но и со останатите, со домашните и меѓународните експерти, со медиумите и со другата јавност, со цел унапредување на работењето на институцијата во интерес на граѓаните, бизнис и невладиниот сектор – истакна Миланов.

Бабовски го запозна Миланов со тековните активности во АХВ и му посака успех во работата како прв човек на Агенцијата за храна и ветеринарство.

-Време е за напорна работа, резултати, отчетност и транспарентност –порача новиот директор на АХВ, Миланов.

Агенција за храна и ветеринарство

Милионски долгови и блокирана сметка на претпријатието кое треба да ги одржува патиштата

Со блокирана сметка и долг од 10 милиони евра, „Македонија пат“ со години ги одржува магистралните и регионалните патишта, утврдил извештајот на Државниот завод за ревизија за 2022 година.

Долгот на претпријатието пак, кон доверителите пред две години достигнал 15,7 милиони евра, ама тоа не било причина да пораснат платите и надоместоците на вработените, покажува ревизорскиот извештај.

Поради финансиските предизвици на претпријатието, ревозорите посочиле дека одржувањето на магистралните и регионалните патишта е во опасност.

-Ваквиот начин на функционирање на ЈП, кое не е во можност редовно да ги плаќа доспеаните обврски, влијае врз зголемување на обврските по извршни решенија и зголемување на обврските по основ на камати, што неповолно влијае на финансиската стабилност и ликвидност на претпријатието и во исто време влијае на тековното работење на добавувачите и вредноста на стоките, работите и услугите кои се добиваат во постапките за јавни набавки.- Државен завод за ревизија.

Во извештајот е констатирано дека ЈП низ годините има тренд на зголемување на обврските кон добавувачи во земјата поради изградба на нови делници, зголемени трошоци за набавка на нафта и нафтени деривати, како и растот на цените на стоките и услугите.

Обврските кон добавувачи во 2018 година се во вкупен износ од околу 480 милиони денари, додека во 2022 година бележат зголемување и изнесуваат 966 милиони денари.

Директорот на „Македонија пат“, Костадин Ацевски признава за лошите состојби во претпријетието. Доколку не се направат сериозни промени, иднината на ова претпријатие, според него, е доведена во прашање.

притисни ентер