Вучиќ: Приштина не сака да ја исполни обврската за ЗСО - Канал 5

Вучиќ: Приштина не сака да ја исполни обврската за ЗСО

„Стигнавме до ѕид, се надевам дека разговорите ќе продолжат“, вели Вучиќ.

Вучиќ: Приштина не сака да ја исполни обврската за ЗСО

Српскиот претседател Александар Вучиќ по средбата во Брисел изјави дека е јасно дека Приштина не сака да ја исполни обврската за ЗСО. Стигнавме до ѕидот, посочи Вучиќ. Курти го отфрли и предлогот на ЕУ за надминување на кризата по изборите на северот на Косово, кои беа бојкотирани од Србите. Вучиќ изрази надеж дека разговорите ќе продолжат и дека во иднина ќе се постигнат некои договори. Во Брисел беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица, заедно со изјавата на претседателот Вучиќ, која ја штити државата Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Имавме тешки состаноци и би рекол дека сум многу загрижен, бидејќи за клучното прашање за формирање на ЗСО, јасно е дека Приштина не сака да ја исполни својата обврска од пред десет години, изјави Вучиќ на новинарите по новата рунда дијалог под покровителство на ЕУ во Брисел.

„Денеска првпат стигнавме до ѕидот и тоа беше јасно од моментот кога беше претставен нацртот на Управувачкиот тим“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека претставниците на Косово повториле дека ваквата ЗСО не е во согласност со уставот на Косово и дека не сакаат Република Српска во Косово.

-Сите членови од Статутот јасно се однесуваат на претходно договорени членови од 2013 и 2015 година. Нема ниту една точка во која се разговара за нешто што не е веќе договорено и не е веќе потпишано, подвлече Вучиќ.

Тој рече и дека вечерва разговарале за актуелната ситуација по, како што рече, „срамните и нелегитимни“ избори на северот на Косово и дека ЕУ излегла со свој предлог кој тој го прифатил, но Приштина го одбила.

-До 28 мај треба тие што добија 3,4 отсто од гласовите и 0,02 отсто од српското население … Некој треба да упадне во канцелариите и да го заземе тој простор. Знаете ли каков е тој ризик? И луѓето во ЕУ знаат, рече Вучиќ, но не сакаше да даде детали за европскиот предлог.

-Се надевам дека разговорите ќе продолжат и дека и покрај тоа што дојдовме до ѕид, ќе можеме да најдеме решенија во иднина. И едните и другите мораме да правиме компромиси и отстапки. Во 2015 година јас и Мустафа ги потпишавме принципите, сега се одрекуваат од нив, велат не може никој. Или ќе се прифати договореното во 2013 и 2015 година, или ќе биде крај на се. Некој мора тоа да го разбере, рече тој.

Вучиќ го поздрави усвојувањето на Декларацијата за исчезнати лица и вети дека Србија ќе ја пребарува секоја локација на која косовските Албанци изразуваат сомневање дека таму се останките на нивните најблиски, но подвлече дека Белград го очекува истото од Приштина.

Претседателот на Србија предупреди дека кога нема договор се радуваат и екстремните Албанци и екстремните Срби.

Вучиќ на албанските новинари од Косово им порача и дека Србија направила бројни грешки во минатото, но дека се плаши дека Приштина не само што не научила ништо од тие грешки, туку ги прави на уште погруб начин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите

Бугарскиот премиер Румен Радев го изненади Брисел утринава со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин, и покрај западните санкции против Москва.

Радев го изненади Брисел со поддршката на договорот за снабдување со дизел меѓу Трамп и Путин и покрај санкциите

„Знаете кој е нашиот проблем во моментов во европа? Високите цени на горивата. Секој чекор за намалување на цените на горивата и за гарантирање на нашата конкурентност, го цениме“, рече Радев по пристигнувањето на дводневниот самит.Неговите коментари го доведоа во конфликт со неговите колеги лидери на ЕУ, кои остро го осудија договорот како ризичен, опасен и погрешен.

„Многу жалиме за овој договор за дизелот. Очигледно не е многу голем дел, но сепак е во погрешна насока“, рече шведскиот премиер Улф Кристерсон.

„Секој чекор сега за да им се помогне на Русите да го зголемат финансирањето на војната е лош знак. Затоа, ние цврсто се држиме до ставот на Зеленски.“рече тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ

Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли  и високи претставници на ММФ

Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст.

„Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти.

Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години.

На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст.

Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година.

На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост.

На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбаси

Во четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.

„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбаси

Состојки за денешниот рецепт:

2 големи конзерви грав

1 пиперка

1 главица кромид

3 парчиња колбаси

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер