Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари - Канал 5

Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари.

Вучиќ: Претседателски избори во декемви или јануари, најдоцна до почетокот на февруари

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека доколку парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш претседателските избори ќе се одржат во јануари, најдоцна на почетокот на февруари, а доколку парламентарните избори се одржат во октомври, претседателските избори би можеле да се одржат до крајот на декември, објави Телеграф.

„Ако парламентарните избори се одржат во ноември, тогаш тие ќе се одржат во јануари. Ако парламентарните избори се одржат во октомври, можно е да се одржат кон крајот на декември или почетокот на јануари. Ако се одржат во ноември, тогаш дефинитивно ќе се одржат во јануари, или можеби најдоцна на почетокот на февруари.“

Кога го прашаа дали го видел истражувањето на Crte за резултатите од изборите, тој одговори дека на почетокот не верувал, но кога подоцна видел колку пари добиваат од разни земји, тогаш, како што вели, тие сигурно знаат подобро.

„Верувам во тие студии „Крте“. На почетокот не им верував, бидејќи имам некои свои, но кога видов колку пари добиваат од скандинавските земји, разни европски земји, од Европската Унија, тие сигурно го прават тоа подобро и знаат подобро од нас. Значи, ние сме на работ на пораз, тие се на работ на победа, и тоа е во ред. Ќе се бориме до последен момент, а кога ќе изгубиме, ќе продолжиме да се бориме“, рече Вучиќ, додавајќи дека ќе ги признае резултатите од изборите, без оглед на исходот.

Тој рече дека верува оти луѓето ќе ја изберат својата иднина на изборите.

Тој истакна дека денес околу 18 часот оди во Баново Поље за да се види со Богатиќ.

„Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани на Србија за досегашната поддршка на политиката на одговорност и сериозност. Веднаш ќе ги признаеме и ќе ги честитаме резултатите од изборите, какви и да се тие. Но, ние ќе ги зачуваме нашите идеи, нашата програма и план, ќе ги заштитиме и ќе се бориме за нив. И тоа е планот Србија брзо да се движи напред, Србија да се развива, пензиите и платите да растат, ние да ги зачуваме семејствата како столб на нашето општество, ние да ја зачуваме нашата земја, за да можеме сами да ја заштитиме и одбраниме“, рече Вучиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода.

Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди.

Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите.

Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината.

Тогаш последиците беа урнатини и жртви.

Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат.

Тогаш светот се солидаризираше со Скопје.

Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата.

Разликата е една.

Земјотресот беше сила на природата.

Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата.

Последиците се видливи.

Разорена доверба.

Ослабени институции.

Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти.

За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата

Денеска се навршуваат точно 63 години од најмрачното утро во историјата на главниот град, кога во 5 часот и 17 минути, силен земјотрес со магнитуда од 6,1 степен според Рихтеровата скала го разурна Скопје. 

Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата

За само неколку секунди, градот се претвори во урнатини.Катастрофата однесе 1.070 човечки животи, а над 3.000 граѓани беа повредени. Повеќе од 200 илјади скопјани во една секунда останаа без покрив над глава. Часовникот на Старата железничка станица, кој тогаш засекогаш запре, денес стои како нем сведок на трагедијата што го сопре времето, но и на болката која и по повеќе од шест децении не избледува кај постарите генерации.од пепелта на трагедијата се роди приказната за невидена хуманост. Скопје стана Град на солидарноста. 87 нации од целиот свет, подадоа рака. Помошта во лекови, храна, тимови за спасување и монтажни куќи почна да пристигнува од сите меридијани, испраќајќи порака дека човечноста нема граници.

По земјотресот, почна масовната обнова. Полскиот урбанист Адолф Циборовски учествувал и ја надгледувал обновата на градот по препорака на Обединетите Нации. Во негова чест во Старата чаршија денска беше откриена спомен плоча а на церемонијата директно од Полска допатува неговата внука Јулија.

Според визијата на јапонскиот архитект Кензо Танге, Скопје подоцна се трансформираше во модерен град на иднината. Утрината на гробишптата во Бутел во спомен на загинатите од земјотресот беше положено свежо цвеќе... Дел од граѓаните и денеска имаат силни емоции на оваа тема.

Сепак постземјотресно Скопје има посилни градби а од 2014 сите градби законски мора да се и сеизмички отпочни вели поранешниот дирекр на ИЗИС Михаил Гаревски.

Централниот дел од културната манифестација е предвидена за вечерва, кога во Музејот на Град Скопје ќе бидат отворени две мултимедијални изложби.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер