Мицкоски: Утре се очекува жителите на Гостивар да добијат технички исправна вода - Канал 5

Мицкоски: Утре се очекува жителите на Гостивар да добијат технички исправна вода

Во текот на утрешниот ден се очекува жителите на Гостивар да добијат технички исправна вода за користење, потврди премиерот Христијан Мицкоски, оценувајќи дека кризата се санира во рекордно време. 

Мицкоски: Утре се очекува жителите на Гостивар да добијат технички исправна вода

Стручни екипи од скопскиот водовод веќе неколку дена вршат хиперхлорирање на главниот цевковод и денеска веќе се добиени добри резултати од земените примероци а во меѓувреме гостиварчани и понатаму преку пунктови се обезбедуваат со вода за пиење.

„Ние обезбедивме вода за пиење. Екипи од Скопје од Водовод се во Гостивар, работат на хиперхлорирање на инсталациите, очекувам денеска иако резултатите се веќе добри, очекувам денеска или да речеме утре да излезе соопштение дека е водата технички исправна за користење. Во рекордно време од една недела сето тоа се санираше така што тоа што ние какао Влада можеме да го направиме го правиме. “

Во последните 24 часа регистрирани се 125 нови први прегледи кај пациенти со симптоми поврзани со епидемијата во Гостивар, покажуваат најновите податоци на Министерството за здравство. Од нив, 86 прегледи се извршени во Општата болница, а 39 во Здравствениот дом. Според дневниот извештај, во Општата болница во Гостивар најголем дел од прегледите биле на Инфективното одделение – 45, потоа на Педијатрија – 40, а еден пациент бил прегледан на Ургентниот центар. Во изминатите 24 часа е регистрирана и една нова хоспитализација, на Педијатрија. Министерот за здравство Сашо Клековски и вчера апелираше да се почитуваат здравствените препораки околу хигиената за да се спречи појава на болести поврзани со епидемијата.

„Познати се бактериите и вирусите кои се најдени во примероците земени од водата, познати се инкубациските периоди на тие бактерии и вируси и таму не би требало да има „опашки“ на епидемијата. „Опашки“ може да се јават од нехигиена односно од болести на немиење на раце условно кажано. Сите да се придржуваат до препораките и нормално до личната хигиена.“

По Гостивар, проблем со квалитетот на водата се покажа и во други општини. Во Валандово беше забрането користење на водата за пиење поради арсен но ден подоцна забраната беше тргната бидејќи нови анализи покажаа присуство на арсен далеку под границата. Се уште останува на сила забраната за пиење на вода во Крушево откако анализите покажале бактериолошка неисправност. Водата не смее да се користи за пиење и во тетовското село Лешок, каде може да се користи исклучиво за техничка употреба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)

Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ овие денови уживаат во Кварнер, а во Опатија пристигнаа со луксузната јахта „Лејди Б“.

Лепа Брена со сопругот крстарат низ Јадранското Море во новата јахта (ФОТО)

Откако пристигнаа со јахтата, застанаа во хотелот и ресторанот „Беванда“ во Опатија и „Амор Си Клуб“, каде што беа топло пречекани од нивните домаќини.

На Инстаграм, Беванда објави фотографија од брачната двојка со пораката: „Неочекувани драги гости во Беванда. Лепа Брена и Боба Живојиновиќ застанаа во „Беванда“ и „Амор Си Клуб“, пристигнувајќи со брод во Опатија, пред утрешниот концерт на Крк. Им посакуваме пријатен престој и успешен настап.“

На фотографијата, Брена позира во лежерна летна облека - бела ленена кошула и панталони, заедно со шапка и очила за сонце, додека Боба избра светло сина маица, темни шорцеви и апостолки. Во позадина можете да ја видите нивната луксузна јахта закотвена на брегот.

Тие пристигнаа во Хрватска со новата јахта

Брена и Боба пловат по Јадранското Море со новата јахта „Лејди Б“. Тоа е импресивен брод со две палуби, украсен како луксузен апартман на море. Точната вредност на јахтата не е позната.

Тие го посетуваат хрватскиот брег во последните неколку дена, а пред Опатија беа видени и на други јадрански дестинации. Отпловија во Опатија непосредно пред концертот на Брена во Крк, каде што повторно ќе настапат пред публиката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје пред 63 години а денес гледаме разорена цела Македонија.

СДСМ: Денес се сеќаваме на земјотресот што го разурна Скопје- денес имаме разурната цела Македонија

Тогаш беше природна катастрофа. Денес државата се соочува со системска непогода.

Тогаш земјата се тресеше дваесет секунди.

Денес, веќе повеќе од две години, се разоруваат довербата, институциите, економијата и перспективите.

Повеќе од две години се трујат: водата, народот, медиумите, информациите, институциите. Иднината.

Тогаш последиците беа урнатини и жртви.

Денес гледаме разболени граѓани, празни фрижидери, задолжена и изолирана држава и млади што си заминуваат.

Тогаш светот се солидаризираше со Скопје.

Денес организирана криминална група криминална група и Христијан Мицкоски покажуват солидарност само кон сопствените интереси - криминалот и корупцијата.

Разликата е една.

Земјотресот беше сила на природата.

Денешните проблеми се последица на политички одлуки и на начинот на кој се управува со државата.

Последиците се видливи.

Разорена доверба.

Ослабени институции.

Земја од која младите заминуваат,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Клучката кај Момин поток влегува во завршна фаза, а пуштањето во употреба е најавено до крајот на годината.

Финишира изградбата на клучката кај Момин поток – ќе биде пуштена во употреба до крајот на годината

Градежните активности се реализирани околу 75%, а новата сообраќајна врска треба да придонесе за намалување на гужвите и побезбедно одвивање на сообраќајот.

Увид во градежните активности денеска извршија градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и премиeрот Христијан Мицкоски, при што беше најавено дека Владата ќе продолжи со поддршка на општинските проекти.

За клучката кај Момин поток обезбедени се 60 милиони денари од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер