Шта прави Меси неколку дена по поразот во финалето на Светското прванство? (ВИДЕО) - Канал 5

Шта прави Меси неколку дена по поразот во финалето на Светското прванство? (ВИДЕО)

Лионел Меси го имаше своето прво јавно појавување по поразот на Аргентина од Шпанија во финалето на Светското првенство во 2026 година. 

Шта прави Меси неколку дена по поразот во финалето на Светското прванство? (ВИДЕО)

Вчера навечер, тој го следеше натпреварот на клубот Леонес ФК, кој го води неговото семејство, во градот Аројо Секо во близина на неговиот роден Росарио, пишува Goal.com.

Аргентинската радио станица Кадена 3 Росарио објави видео на кое се гледа Меси на балконот на стадионот. Носејќи црна дуксерка со качулка, тој се насмевна и им мавташе на навивачите кои го скандираа неговото име. На официјалниот профил на станицата на платформата X беше објавено: „Меси го посети Аројо Секо и испрати посебен поздрав до Кадена 3. Лионел Меси беше во Аројо Секо за да ги гледа Леонезите“.

Поддршка за семејниот клуб

Ова е првото појавување на Меси пред медиумите од завршувањето на Светското првенство во Северна Америка. Тој се врати во Росарио со своето семејство на 21 јули и се повлече од очите на јавноста за да се одмори откако загуби во финалето.

Клубот Леонес ФК е основан од семејството на Меси, а претседател е неговиот брат Матијас Меси. Клубот се натпреварува во четвртата аргентинска лига (Примера Ц), а домашните натпревари ги игра на стадионот „Антонио ди Џакомо“ во Аројо Секо.

Аргентинските медиуми ја протолкуваа неговата посета како јасен знак за поддршка на фудбалскиот проект што го води неговото семејство. Меси наскоро ќе му се придружи на Интер Мајами, кој е во средината на сезоната. Сè уште не е познато дали ќе се збогува со националниот тим, иако повеќето аргентински медиуми шпекулираат дека ќе го стори тоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

ЈП „Лајка" – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка,

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена"

Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната работа на претпријатието, но и да ја отвори пошироката тема за одговорноста на поединците и заедницата во справувањето со проблемот со бездомните кучиња.

Во рамки на програмата, која официјално започнува во 12:30 часот, ќе бидат реализирани неколку активности:

„Десет кучиња. Десет погрешни човечки одлуки." – претставување на десет кучиња од прифатилиштето, преку чии индивидуални приказни ќе се укаже на последиците од напуштањето, неодговорното сопствеништво и негрижата за животните.

Ревија на вдомени кучиња – настан на кој вдомените миленици ќе бидат претставени преку нивните животни приказни, наместо според изгледот, расата или потеклото. За учесниците се обезбедени признанија и награди со поддршка од нашите спонзори.

Креативна работилница со Luna Pet Shop – интерактивни активности во кои децата и нивните миленици ќе имаат можност за заедничко творење и дружење.

Изложба на детски цртежи – учениците од ООУ „Блаже Конески" и ООУ „Кузман Јосифовски – Питу" преку своите цртежи ги претставија кучињата од Лајка, испраќајќи порака за одговорно сопствеништво и ветување дека никогаш нема да ги напуштат своите миленици.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Во петок (09.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Соња Манасиевска Коневска

„Гответе со Дракче“ - Шишарки

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. корнфлекс од какао

250 гр. маргарин

200 гр. чоколадо за готвење

150 гр. шеќер во прав

150 гр. сусам

150 гр. сецкани ореви

8 големи лажици мед

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.

Приведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80

-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво.

Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот.

Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер