3Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање
МакедонијаЈанев: Пожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кај село ВозарциПожарникарите од ТППЕ Кавадарци интервенираат на пожар кој зафати сува трева и дрвја во атарот на село Возарци.Екипите на терен вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот и спречување на неговото понатамошно ширење. Апелираме до сите граѓани да бидат внимателни и одговорни, особено во овие денови со високи температури, и да не палат оган на отворен простор. Со заедничка грижа и одговорно однесување можеме да помогнеме во заштитата на природата и безбедноста на сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски: „Безбеден град“ во Охридскиот регион стартува од 12 октомвриМинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговараше за актуелната безбедносна состојба, тековните активности и приоритетите во работењето. Во СВР Охрид, посебен акцент беше ставен на завршните подготовки на командниот центар, неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“ на подрачјето на Секторот. На средбата беше констатирано дека активностите се во завршна фаза и дека системот треба да започне со примена од 12 октомври. „Во завршна фаза сме со уредувањето на командниот центар во СВР Охрид, кој е неопходен за да започнеме со практична примена на ‘Безбеден град’. Начелно се договоривме со раководството дека ќе бидеме подготвени системот да започне со примена од 12 октомври на целата територија на СВР Охрид. Тоа значи дека ‘Безбеден град’ го прошируваме и на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. Во следните две недели треба да ги завршиме преостанатите активности за овој паметен систем целосно да го ставиме во функција“, истакна министерот Тошковски. Во рамки на посетата се разговараше и за состојбите и резултатите во борбата против криминалот и корупцијата, спречувањето на нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за активностите за подобрување на безбедноста во сообраќајот. При посетата на Регионалниот центар за гранични работи Запад, министерот информираше и за значаен исчекор во соработката со ФРОНТЕКС. Договорено е активностите што досега се спроведуваат на јужната граница да бидат проширени и кон западната граница, при што почетокот на заедничките активности се очекува на почетокот на идната година. „За првпат е договорено ФРОНТЕКС, во рамки на соработката што ја имаме со Европската Унија, своите активности да ги насочи и кон западната граница, а не само кон јужната како досега. Очекуваме заедничките активности да започнат на почетокот на идната година, со што ќе обезбедиме дополнителни капацитети и подобра контрола на западната граница, пред сè кон Република Албанија“, потенцираше Тошковски. Министерот нагласи дека Министерството за внатрешни работи продолжува со активности за модернизација на полициското работење, зајакнување на граничната безбедност и унапредување на капацитетите на полициските служби, со цел поефикасно справување со безбедносните предизвици и поголема безбедност на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ФормулаВерстапен најбрз во Баку на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан Возачот на Редбул, Макс Верстапен беше најбрз на последниот тренинг пред Големата награда на Азербејџан во Баку и со тоа ја прекина доминацијата на Мерцедес за време на тренинг-сесиите.Возачот на Ред Бул постигна време за 0,099 секунди подобро од она на Џорџ Расел, и тоа во самиот финиш. Британецот беше најбрз на првите два тренинга одржани во четвртокот. Луис Хамилтон заврши трет, со заостанување од 0,111 секунди, додека Кими Антонели беше четврти. Шарл Леклер го зазеде петтото место, но заостануваше дури 0,622 секунди зад Верстапен, при што кон крајот на сесијата мораше да излезе од патеката во зоната за безбедност. Пјер Гасли заврши седми, пред возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис. Иако Верстапен беше најбрз, Мерцедес останува сериозен кандидат за пол-позицијата, особено поради предноста на правците и во бавните свиоци. Квалификациите за Големата награда на Азербејџан започнуваат во 14:00 часот по средноевропско време.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРегистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
МакедонијаТренчевска: Да се повлече планот за рудниците - Македонија не е на распродажбаМакедонија не е на продажба!За Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ, Македонија е ресурс од кој треба да извлечат само профит - не држава за која треба да се грижат. Затоа и го смислија новиот нацрт план за просторно планирање - за профит. Распродажбата на Македонија Мицкоски ја внесе во Нацрт – просторниот план - документот што треба да ја определи иднината на Македонија до 2040 година. Тоа е неговата матрица - кога нема никакви резултати,кога нема инвестиции, економијата тоне, арамијата Мицкоски ја распродава државата - за свои бизнис интереси и провизии. Локациите за пет рудници за метали Иловица–Штука, Казан Дол, Плавица, Кадиица и Луке - се веќе исцртани внесени во стратешкиот документ со кој се планира иднината на државата во следните 15 години. Дополнително се проектира и зголемување на површините под експлоатација на критични минерални суровини од околу два на приближно десет квадратни километри. Значи петкратно зголемување, а граѓаните немаат јасен приказ на точните граници и на целиот простор што би го зафатиле рударските активности. Кој одлучил? Ги прашале ли граѓаните? Не, Мицкоски сам ја изцртал иднината на државата така како што нему му одговара. Еднаш загадената вода и почва остануваат трајно загадени. А последиците врз здравјето на луѓето не можат да се платат со никаква провизија. Никој нема право да го загрозува здравјето на граѓаните и да ја распродава државата. Природните богатства не се сопственост на Мицкоски, ниту на неговата Влада. Тие се богатство на граѓаните. СДСМ нема да дозволи Македонија да биде распродадена парче по парче, за туѓи бизнис интереси и финансиски профити. Остро ќе се спротиставиме на овој криминален план на Мицкоски и неговата Влада. Бараме да се повлече криминалниот план. Македонија не е на продажба. Ниту нашата почваа, ниту водата, ниту природните богатства. Нема да дозволиме иднината на државата да биде претворена во профит за некого, на штета на здравјето на граѓаните. Прес-конференција на СДСМ - Јована Тренчевска – потпретседателка Скопје, 25.9.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter