Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
1Тензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)
2Епилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругата
МакедонијаНад 3 милиони евра е штетата од кражбата во електровлечната подстаница Драчево, која сега е целосно нефункционалнаНад 3 милиони евра е штетета од кражбата во подстаницата Драчево, по која таа остана целосно нефункционална, откако засега непознати сторители превртеле два трансформатори тешки околу 30 тони, украдени се бакарни жици, пруги и други вредни компоненти.По тешката кражба во која засега непознати сторители демонтираа и уништија два железнички трансформатори тешки по 27 тони во Драчево и украдоа бакарни компоненти, електровлечната подстаница остана целосно нефункционална. Штетата се проценува на над 3,5 милиони евра. Во моментов, како што велат од Македонски железници – Инфраструктура, на терен се екипи кои работат на нормализирање на железничкиот сообраќај на тој дел од градот. Според директорот Синиша Ивановски, зад тешката кражба најверојатно стојат лица кои имаат високо познавање за работа со висок напон, а поради актуелните градежни зафати во тој дел, најверојатно имале информација дека струјата е исклучена. Тој потврди дека веќе се води истрага за тоа каде потфрлиле чуварските служби на железницата, но посочи дека поради големиот опсег на железничката инфраструктура е невозможно целата територија физички да биде обезбедена. „Овој терен, од Драчево кон Скопје, поради градскиот воз е исклучен од струја. За некој да пристапи таму и да работи, мора да има точна информација дека струјата е исклучена, бидејќи напонот од 110 киловолти е исклучително опасен и ризичен по живот. Некој знаел дека таму нема струја и се осмелил да го направи ова. Ако смеам слободно да кажам, ова е и тероризам, бидејќи покрај финансиската штета, сериозно е загрозена безбедноста на сите патници во железничкиот сообраќај“, вели Ивановски. Од полицијата велат дека се трага по сторителите. При увидот на местото на кражбата било утврдено дека е оштетена електроенергетската опрема, а од објектот е одземен бакар. „На 25.07.2026 година во 14:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во електричната подстаница Драчево, сопственост на Македонски железници, во изминатите шест месеци од страна на непознат сторител е извршена тешка кражба, при што е оштетена електроенергетската опрема и е одземен бакар“, велат од МВР. Инаку, во електровлечната подстаница Драчево, лоцирана помеѓу железничките станици Лисиче и Драчево, при кражбата биле превртени два трансформатори тешки околу 30 тони. Од нив било истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и другите вредни компоненти биле целосно отстранети и украдени, поради што објектот остана целосно нефункционален. За извршување на кражбата биле користени специјализиран алат и хидраучична дигалка а истражителите утврдуваат по кој пат механизациајта била донесена на местото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТензично во Тирана: Полицијата со водени топови и солзавец, студентите со бехатон плочки и запалени контејнери (ВИДЕО)Демонстрантите се судрија со полицијата пред Министерството за образование во Тирана. Со слоган на кој пишуваше „Рама во затвор, Бериша во затвор“, студентите јасно им ставија до знаење на демократите дека не се поканети на нивниот протест пред Министерството за образование, објави Топ ченел. Демократските пратеници не заминаа, туку останаа на крајот од протестот, набљудувајќи ги од далечина поддржувачите кои се судрија со оние кои бараа нивниот претседател да биде во затвор. Попладнево демонстрантите запалија два контејнера, а полицијата одговори со бибер спреј и солзавец. Агресивните демонстранти беа растерувани со водени топови. Тагови: водени топови Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕпилог на трагедијата во Шпанија: Европското обвинителство поведе истрага за злоупотреба на пари при реновирање на пругатаЕвропското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља.Европското обвинителство денеска соопшти дека покренало истрага за можна злоупотреба на средствата на Европската унија (ЕУ) за време на реновирањето на пругата меѓу Мадрид и Севиља, каде на 28 октомври се случи тешка железничка несреќа во која загинаа 69 лица. Агенти на Централната оперативна единица (УЦО) на Цивилната гарда пристигнале во седиштето на Управата за железничка инфраструктура (АДИФ), Државната агенција за безбедност на железницата (АЕСФ) и Ревизорскиот суд за да подигнат документи, пренесува „Паис“. Истрагата е покрената на иницијатива на тоа обвинителство по трагичната несреќа на 28 октомври во Урда. Ова не е прв пат Европското обвинителство, независно тело задолжено за истрага на злосторства кои ги загрозуваат финансиските интереси на ЕУ, да покрене истрага за работите на тој дел од шпанската железница. Тоа тело покрена истрага и по железничката несреќа во Адамуз во јануари годинава, кога загинаа 46 лица. Во двата случаи, фокусот на истрагата е да се утврди како Шпанија искористила субвенција од 111 милиони евра доделена од Брисел во јуни 2024 година за големото реновирање на железничката линија Мадрид-Севилја, која е најстарата брза линија во Шпанија. Европското обвинителство побара договори и досиеја за работи поврзани со делниците каде што се случија несреќите. Обвинителството има истражен модел сличен на оној на многу земји на ЕУ, во кои обвинителите ја водат истрагата, додека судијата назначен во Шпанија е единствено одговорен за надзор над напредокот на постапката во согласност со законските гаранции, надзор на мерките што ги ограничуваат основните права, како што се претреси на куќи или прислушување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЗастрелан полицаец од блиску пука во напаѓачот во Краков (Вознемирувачко видео) Драматично видео од полициската интервенција по денешната пукотница на главниот градски плоштад во Краков, Полска, во која загинаа пет лица, а повеќе од десет беа повредени, се појави на социјалните мрежи. Видеото го објави и полскиот портал Niezależna.pl, наведувајќи дека го прикажува моментот во кој полицаецот пука во напаѓачот. На видеото се гледа полицаец како стои над маж во маскирна облека и пука во него. Недолго потоа, полицаецот исто така паѓа на земја, веројатно ранет. Moment wyeliminowania zagrożenia, super postawa policjanta, ale wygląda jako że śmieć był nabity sprzętem Kraków #krakow https://t.co/bBiPXkdhRV — London Goldynov (@LondonGoldynov) November 7, 2026 Полицијата потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен Полската полиција потврди дека напаѓачот е ранет и уапсен за време на интервенцијата. „Во инцидентот на главниот плоштад, пет лица загинаа, а повеќе од десет беа повредени. Полицајците го раниле сторителот и тој во моментов е превезен во болница. Интервенцијата на службите на местото на настанот сè уште е во тек“, објави полицијата. Полицијата, исто така, потврди дека меѓу повредените има полицајци, но сè уште не објавила детали за нивните повреди. Влегол на плоштадот со автомобил и почнал да пука Нападот се случил околу 15 часот во историскиот центар на Краков, една од најпосетуваните туристички области во Полска. Според полициското соопштение, мажот влегол на главниот градски плоштад со автомобил и почнал да пука кон минувачите. „Во тек е полициска операција на главниот плоштад во Краков. Околу 15 часот, еден маж почнал да пука кон случајни луѓе од автомобилот што го користел за да влезе на плоштадот. Сторителот е уапсен“, објави полицијата. Првичните информации беа за двајца мртви, но полицијата подоцна потврди дека бројот на мртви се искачил на пет. Идентитетот на напаѓачот и мотивот за пукањето се уште се непознати. Полицијата продолжува да ги истражува околностите на нападот.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter