Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
2Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
ЖивотВозот на Ким Џонг –ун и неговата ,,бригада за уживање” од десетици девици Диктаторите си ги сакаат своите возови. Хитлер ја имал „Америка“, оклопно чудовиште опремено со вооружување. Мусолини и Сталин инсистираа на луксузни вагони секогаш кога се спремале на долг пат.Ким Џонг-ун, лидерот на Северна Кореја, го има својот зелен воз, толку оклопен што мора да го влечат две локомотиви со брзина од 60 километри на час. Како што се шпекулираше во последните неколку недели дека Ким не е жив, но неговиот воз пристигнал во приватната станица во одморалиштето Вонсан, медиумите започнаа да шпекулираат што значи тоа. Гласините велат дека Ким починал на 15 април, кога не присуствувал на роденденската прослава за неговиот дедо, првиот комунистички диктатор на Северна Кореја, Ким Ил-сунг. Оттогаш се објави дека прекумерното пушење и дебелината го загрозиле животот на 36-годишниот диктатор, кој завршил на итна операција на срцето. Додека не се открие вистината , Сеул и Вашингтон будно го следат возот. Бидејќи е голем и бавен, немаат проблем да го следат. Возот има 20 или повеќе вагони, во кои има корално-розов салон со кожна софа, модерна, целосно бела сала за конференции, канцеларија опремена со сателитска телевизија и најсовремена кујна која ги испорачува деликатесите што Ким ги јаде со сребрени стапчиња. Свеж јастог, најдобрите вина и привлечните „келнерки“ се неопходни на диктаторските излети на Ким. Се шпекулира дека иако бил во брак шест години со помладата Ри Сол, Ким ја оживеал практиката на неговиот покоен татко позната како „Бригада за задоволство“. Станува збор за млади девојки кои имаат задача да обезбедуваат сексуални и други задоволства за време на патувањето. Иако првично се спротивставил на заживување на бригадата, се шпекулира дека го сменил мислењето по три години брак, односно откако завршил периодот на жалење по неговиот татко. Наводно, сите девојки кои се во бригадата се високи и убави, а лекарите проверуваат дали се девици. Доколку се согласат да бидат дел од бригадата, девојките добиваат по 1.600 евра, што се огромни пари во Северна Кореја. Ким влегува во возот преку рампа покриена со црвен тепих. Некои од омилените пијалоци на Ким вклучуваат шампањ Кристал и коњак Хенеси, а тој бил љубител и на швајцарските сирења. Се шпекулира дека се заразил од оваа љубов за време на школувањето во Швајцарија, каде се претставувал како дете на вработен во амбасадата. Неговиот оклопен Мерцедес е секогаш натоварен на возот. За разлика од неговиот татко, Ким не се плаши од авиони, кои често ги користи. Тој бил дури и снимен зад контролната табла на неговиот приватен авион. Ким го користел приватниот воз за да патува за Русија, Кина и Виетнам. Додека вози, нема други возови на шините и само мал број офицери имаат информации за неговите движења. Уште два воза полни со чувари одат пред и зад него, а хеликоптер се грижи за безбедноста на возот. Понекогаш движењето на возот е само покритие за вистинската локација на Ким, што ги прави непријателите да мислат дека е внатре иако не е така. Рускиот службеник Константин Пуликовски еднаш патувал со Ким Џонг-ил, и раскажува дека можел да избира меѓу руска, кинеска, корејска, јапонска и француска кујна, во време кога земјата се бори со глад. Свежи јастози ги чекале на станицата, чија цена во тоа време била огромна, пренесува Дејли Меил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНикола Србов и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Никола Србов и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЉубов на прв поглед или само привлечност? – Пет знаци дека сте доживеале длабока поврзаностЉубовта на прв поглед не потекнува од умот, ниту пак се потчинува на логиката; таа е промена што се случува во еден миг, после која странецот повеќе не се доживува како непознат. Кога ќе се случи, таа со себе не носи ниту немир, ниту анализирање, туку чувство на длабоко, необјасниво присуство. Ако се прашувате дали сте доживеале ваква мистериозна средба, еве ги знаците што откриваат дека станува збор за нешто многу подлабоко од обична привлечност. 1. Внатрешен мир и спуштање на гардот Првите средби со нови луѓе речиси секогаш носат доза на воздржаност и претпазливост. Меѓутоа, во присуство на оваа личност, целиот внатрешен оклоп се топи без труд. Не вложувате енергија во тоа како ќе испаднете, нити ги преиспитувате правилата на однесување. Нема потреба да се докажувате и покрај оваа личност немате чувство дека сте излегле од вашата комфорна зона, туку како неочекувано да се враќате кон сопствениот мир. 2. Чувство на долготрајна блискост и препознавање Блискоста е чувство што обично го градиме со месеци или години, но тука се јавува парадокс: иако речиси ништо не знаете за личноста, длабоко во себе чувствувате дека отсекогаш сте ја познавале. Временските и просторни дистанци губат значење, разговорот тече лесно, нивната појава не ви е туѓа, туку препознавате некого кој ви е несфатливо близок. 3. Тивко откажување од менталната листа со критериуми Повеќето од нас носат во себе слика за тоа како би требало да изгледа идеалниот партнер, со што би требало да се занимава или како би требало да се однесува. Во моментот кога ќе се воспостави ваква поврзаност, сите тие однапред замислени услови веднаш стануваат неважни. Не ја споредувате оваа личност со вашите стари мерила, ниту се обидувате да ја вклопите во вашите претходни сфаќања. Ја прифаќате целосно – токму таква каква што е – сфаќајќи дека нејзината автентичност е единственото нешто што навистина ви е важно. 4. Говор на телото што го разоткрива поместувањето на границите Пред умот воопшто да може да дефинира што се случува, телото реагира прво. Вашата внатрешна состојба суптилно го менува вашето држење, гестикулациите и изразот на лицето. Движењата ви стануваат помеки, погледот постабилен, а говорот на телото несвесно се отвора кон другата личност. Без каква било намера или преправање, вашата физиономија испраќа тивок сигнал на прифаќање, дозволувајќи ѝ на другата личност да се приближи повеќе отколку што вообичаено би дозволиле некому што тукушто сте го запознале. 5. Присуство што не блее по разделбата Кога средбата ќе заврши и ќе се вратите на секојдневните обврски, енергијата на тој момент не исчезнува. Личноста останува присутна во вашите мисли – не како товар или опсесија, туку како благ, траен впечаток. Вашиот внатрешен простор останува исполнет со нејзиното присуство, а сликите од идните заеднички мигови сосема природно се редат во вашиот ум, без никаков притисок. Ако ова чувство не бледнее со минување на деновите, сосема е сигурно дека не сте доживеале само минлива занесеност, туку средба која ја носи моќта на вистинската поврзаност. Извор: sensa.story.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЕве зошто е важно да се напиете чаша вода пред првото утринско кафеШтом ќе ги отворите очите и ќе посакате голтка од вашиот омилен напиток, неопходно е да се хидрирате.Кога ќе се разбудите наутро, веројатно првата помисла не ви е да се напиете чаша вода, особено ако имате навика да посегнете по шолја кафе. Но, стручните лица предупредуваат дека кофеинот може да почека додека не се напиете барем една чаша вода. Во текот на ноќта, нашето тело губи течност со потење и дишење. Поради тоа се будиме со блага дехидратација, што директно влијае на падот на енергијата, намалена концентрација и отежнато носење одлуки во првите часови на денот. Истражување објавено во списанието “Psychological Research” покажало дека доллгиот период без вода влијае на когнитивните функции и мозокот. Спас за желудникот и варењето Освен што ја враќа неопходната течност во телото, чашата вода пред утринското кафе го штити и дигестивниот тракт. Кафето само по себе е кисело, па кај многумина пиењето кафе на празен желудник предизвикува киселина или непријатно чувство. Водата создава блага заштита во желудникот и ја ублажува иритацијата што кафето може да ја предизвика. Стручни лица од универзитет во Њујорк наведуваат дека за добар почеток на денот доволно е да испиете 250-500 мл вода веднаш по будење. За да го поттикнете варењето помага топла или млака вода бидејќи ги опушта мускулите на дигестивниот систем и ја поттикнува работата на цревата. Златно правило на хидратација Иако чаша вода наутро е одличен почеток, важно е да го одржувате внесувањето на течности во текот на денот. Според нутриционистите, вкупната дневна количина би требало да изнесува околу 2,7 L за жени и 3,7 L за мажи (вклучувајќи ја течноста од храната и другите напитоци). Ако чувствувате умор и исцрпеност наутро или блага главоболка, воведете една рутина. Пред да сварите кафе, напијте се чаша вода и следете како ќе се чувствувате. Можеби токму оваа едноставна навика ви е потребна за поенергичен почеток на денот. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook