БалканВо Србија 95 новозаразени , 41 пациент на респиратори Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 95 нови случаи на инфекција со коронавирус, а две лица починале, соопшти денеска српското Министерство за здравство.Денес 545 пациенти се во болница, од кои 41 се на апарати за дишење. Од 6 март, кога е потврден првиот случај на коронавирус во Србија, регистрирани се вкупно 31676 заразени лица, од кои 718 починале, а стапката на смртност е 2,27. До 3 септември биле тестирани вкупно 955.730 лица, од кои 8.432 во последните 24 часа. Министерот за здравство Златибор Лончар денеска рече дека 106 здравствени работници во моментов се заразени во Србија, од кои пет се во болница. Меѓу заразените има 108 корисници на домови за стари лица и 46 вработени во тие социјални институции, рече Лончар. Членот на кризниот штаб, епидемиологот Предраг Кон, смета дека „епидемиолошката состојба во Србија е сè уште неизвесна“, бидејќи вирусот сè уште циркулира, а чувствителноста на популацијата е сè уште голема. „Ситуацијата е поповолна отколку што беше, но тешко дека ќе се спуштиме на нула“, изјави Кон за ТВ Пинк. Градоначалникот на Белград, доктор Зоран Радојичиќ, тврди дека епидемијата на коронавирус е „под контрола“ и најави дека ќе се продолжи работното време на угостителските објекти. „Овие мерки се ограничени на 40 дена, но ние ќе ја следиме ситуацијата на неделно ниво и ќе се прилагодиме на ситуацијата доколку е потребно“, рече Радојичиќ, оценувајќи дека јавниот превоз сепак е „точка на висок ризик од инфекција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаНеизвесни преговори за состав на владата на Шведска- сега во прв план се центриститеПретседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен вели дека побарал од лидерката на Централната партија Елизабет Танд Рингквист да го разгледа формирањето на новата влада, давајќи ѝ рок од една недела да разговара со другите партии.Минатомесечните избори и дадоа на левиот центар тесно мнозинство во парламентот, но иако сите четири опозициски партии ја поддржуваат лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон за премиер, тие не се согласуваат околу тоа кој треба да учествува во новата влада. Тан Рингквист сега ќе ја испита можноста за формирање центристичка алтернатива, рече Норлен на прес-конференцијата, додавајќи дека се уште не е јасно кој би станал премиер доколку успеат преговорите. Неизвесност во преговорите „Различни опции за формирање влада исто така се разгледуваат, иако колку што можам да кажам, ниту една од нив сè уште не покажува јасен напредок“, рече Норлен. Танд Рингквист, чија партија го освои петтото место на изборите, рече дека ќе ги покани сите лидери на политичките партии на разговорите. Мојата намера е да придонесам за решавање на прашањето за формирање влада, а не да станам премиер“, напиша таа во објавата на социјалната мрежа Икс. Во четвртокот, како што се очекуваше, пратениците го отфрлија предлогот на Андерсон за формирање малцинска влада. Тоа беше првото од четирите парламентарни гласа пред да мора да се распишат нови избори. Последен пат во Шведска имаше предвремени избори во 1958 година. Танд Рингквист претходно ја покрена можноста за формирање „центристичка“ влада која ќе ги исклучи и Левичарската партија и екстремно десничарските шведски демократи. Норлен рече дека Танд Рингквист мора да му поднесе извештај најдоцна до 26 октомври. Тагови: влада Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаНесреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)Вознемирувачки снимки од насилство на улиците на градовите низ целата земја доаѓаат деновиве од Франција, каде што се судираат демонстрантите и полицијата.Во морето снимки од насилство и грабежи на продавници за луксузна стока, оваа од Париз, каде што две туристки се најдоа среде улична војна, привлече големо внимание на социјалните мрежи. Имено, двете патувале во „градот на светлината“ во потрага по романса и веројатно желба да ги видат симболите на француската престолнина, како што се Ајфеловата кула и Триумфалната капија, а наместо тоа морале да си го спасат животот. Водени топови, солзавец, маскирани бандити ги опкружиле додека се движеле низ улиците на Париз туркајќи ги своите куфери. Според сите извештаи, овие две туристки избрале погрешно време да го посетат „градот на светлината“. 🔴 INSOLITE Quand deux touristes prennent leurs vacances à Paris au mauvais moment 🧳🧳 https://t.co/fBV0tbk62r — Rafael Sereti (@RafaelSereti) October 18, 2026 Патем, Париз се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации во светот. Помеѓу 47 и 49 милиони туристи, домашни и од целиот свет, го посетуваат овој град секоја година. Бројот на жртви од немирите во неделата навечер кон понеделник беше голем. Според најновите бројки од француското Министерство за внатрешни работи, 2.397 лица биле уапсени, а 997 полицајци и жандармериски службеници биле повредени, од кои седум потешко, за време на националните протести поради високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.Тагови: Париз туристи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСмртоносна амеба е откриена во шест езера- маж почина, властите со итно предупредување Здравствените власти во мексиканската држава Јукатан објавија дека амебата Naegleria е пронајдена во шест од деветте вештачки езера во градот Мерида, поради што е забранет секој контакт со водата на тие локации.Резултатите од тестот беа објавени по проширената контрола на квалитетот на водата, започната по смртта на 34-годишен маж, за кого беше потврдено дека е заразен со амебата Naegleria fowleri. Заштитни бариери и предупредувачки знаци Амебата е пронајдена во езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла, во источните и главните езера на комплексот Кабо Норте, како и во езерата Сентенарио, езерото Гран Парке Ла Планча и еколошкиот парк Пониенте, објавува списанието Јукатан. Здравствените власти наредија поставување заштитни бариери и предупредувачки знаци, додека контактот со водата ќе биде забранет сè додека езерата не ги исполнат пропишаните санитарни услови и лабораториските анализи не потврдат дека се безбедни. Парковите и зоолошките градини остануваат отворени за посетители, но пристапот до водата е забранет на шест локации каде што е откриена амебата. Според здравствените власти, инфекцијата на човекот кој почина во септември е потврдена од националната референтна лабораторија InDRE. Според извештаите на локалните медиуми, човекот работел како инструктор за вејкбординг на езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла. Голтањето вода не предизвикува инфекција Поради случајот, здравствениот надзор вклучувал 361 лице кои престојувале на локацијата. Амебите од родот Naegleria главно живеат во топла слатка вода. Видот Naegleria fowleri може да предизвика ретка, но исклучително опасна инфекција на мозокот, позната како примарен амебен менингоенцефалитис. Инфекцијата се јавува кога контаминираната вода ќе стигне до мозокот преку носот. Голтањето на водата не предизвикува инфекција, а болеста не се пренесува од човек на човек. Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), повеќе од 97 проценти од луѓето заразени со Naegleria fowleri не преживуваат, иако болеста е исклучително ретка. Помалку од десет случаи се пријавуваат годишно во Соединетите Американски Држави.Тагови: амеба езерата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter