Во пресушена река во Тексас се најдени отисоци на диносаурус, стари 113 милиони години (ВИДЕО) - Канал 5

Во пресушена река во Тексас се најдени отисоци на диносаурус, стари 113 милиони години (ВИДЕО)

Во паркот Dinosaur Valley  во Тексас, реката пресушила поради екстремни суши, а пронајдени се траги од диносауруси од пред околу 113 милиони години, објавија од паркот преку соопштение за медиумите.

Во пресушена река во Тексас се најдени отисоци на диносаурус, стари 113 милиони години (ВИДЕО)

„Повеќето траги кои неодамна беа откриени на различни делови од реката во паркот припаѓаат на акрокантосаурусот. Станува збор за диносаурус кој бил висок околу четири и пол метри и тежел близу седум тони“, изјави портпаролката на паркот Стефани Салинас Гарсија за Си-Ен-Ен.

„Во паркот во Глен Роуз, Тексас, најдовме и траги од сауросејдон, кој би бил висок околу 18 метри и тежок околу 44 тони“, додаде таа.

Поради екстремните суши, голем број реки во паркот пресушиле. Повеќе од 60% од Тексас минатата недела бил погоден од двете најинтензивни категории на суши и топлотни бранови.

Во нормални временски услови, трагите од диносаурусите во коритото на реката би биле под вода и покриени со седимент.

„Секогаш е возбудливо да се најдат нови траги од диносауруси во паркот! - изјави Гарсија.

Научниците велат дека трагите наскоро повторно ќе бидат покриени бидејќи се предвидува дожд.

„Иако овие траги ќе бидат видливи само кратко време, ние сме многу возбудени. Паркот на долината на диносаурусите ќе продолжи да ги штити овие 113 милиони години стари патеки не само за сегашните, туку и за идните генерации“, рече Гарсија.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“. 

Денеска продолжува судењето за дискотеката „Пулс“

Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се случи на 16 март 2025 година за време на концерт на групата ДНК. Во трагедијата загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, што претставува една од најтешките несреќи во поновата историја на државата,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ.

Средба Николоски - Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Турција, Алпер Акташ, на која беа разгледани билатералните односи меѓу двете земји, како и можностите за унапредување на меѓусебната соработка.

Посебен акцент беше ставен на трговската размена и економската соработка, особено во областа на транспортната политика и инфраструктурното поврзување.

На средбата, министерот ги претстави развојните политики на Владата и плановите за подобрување на инфраструктурната поврзаност во регионот.

Николоски нагласи дека Македонија претставува поволна дестинација за инвестиции и претставува порта за поврзувањето со Централна Европа.

Во таа насока, беше истакнато дека присуството на голем број турски компании кои инвестираат во земјава претставува потврда за развиените пријателски односи меѓу двете држави, како и за потенцијалот за натамошно унапредување на економското партнерство.

Соговорниците ја потврдија важноста на продолжувањето на соработката меѓу Македонија и Турција во повеќе области, со посебен акцент на економијата, поврзувањето на граѓаните и развојот на туризмот.

Во делот на туризмот, беше нагласено дека постојат огромни потенцијали за поврзување меѓу двете земји, со цел поттикнување на туристичките посети и продлабочување на меѓусебните врски.

Средбата претставува можност за зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во интерес на економскиот развој, новите инвестиции и унапредувањето на севкупните билатерални односи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер