НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
1НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
МакедонијаМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот системПретседателот на владата, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“.-Добар ден и од мене. Сашо кажа се прилично прецизно и јасно. Јас би сакал уште еднаш да посакам да што помалку се користат овие возила. Се разбира, колку помалку се користат тоа значи дека ќе имаме толку помалку случаи коишто треба да се третираат со овие возила. Но, онаму каде што е потребно убеден сум дека со овие возила побргу ќе се стигнува и ќе се интервенира многу попрецизно имајќи ја предвид опремата којашто ја поседуваат овие нови возила, 100 на број. Би сакал исто така да кажам неколку работи коишто се многу значајни да се споменат и за здравството но, и генерално за политиките на Владата. Многу работи се запоставени, многу работи се уништени, многу работи се украдени, но она коешто е задача на оваа Влада е тоа што е уништено, тоа што е запоставено, тоа што е украдено да го надомести. Има уште многу проблеми за решавање, не е сè решено со овие 100 возила, се разбира можеби е помалку или повеќе олеснета состојбата, но не е сè решено. Но, она коешто е значајно е дека приоритет по приоритет, проблем по проблем се решаваат. Овие 27-28 месеци, покрај нови 120 нови возила, коишто Министерството за внатрешни работи ги обезбеди после децениска негрижа таму, после оние стотина возила коишто ги доби „Пошта“, после оние 53 возила коишто се користат веќе во општините за чистење, за чистење на сметта, дојде редот и на овие 100 возила амбулантни, а многу скоро од денеска ќе имаме и нови 150 електрични автобуси коишто исто така ќе бидат распределени низ градовите во Македонија. Сето ова можеби навидум не изгледа нешто многу големо и значајно но верувајте оној момент кога тоа ќе ви биде потребно сето ова коешто ние денеска го правиме и коешто го обезбедуваме ќе биде и те како значајно кога тоа ќе ви биде потребно, бидејќи до сега тоа го немало. Сакам исто така да напомнам дека наш приоритет во периодот којшто следи се инвестициите во здравството и ќе продолжиме да инвестираме. Има многу за инвестирање, не можеме се да решиме можеби во еден цел мандат на една влада, но она коешто планираме во периодот којшто следи, а којшто веќе заедно со нашите партнери, финансиски институции го завршуваме во делот на здравството во преговорите, тоа се проектите коишто здружено Светска банка и Европската инвестициска банка ќе ги финансираат, а тоа е конечно Клиничкиот центар, односно клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност Кичево и клиничката болница во Тетово. Очекувам според последната мисија на Светска банка и Европската инвестициска банка, одобрување и формално да имаме некаде кон крајот на првиот квартал од следната година за финансирање на овие проекти. И ако биде се како што треба, веднаш потоа да биде објавен и тендерот, и ако биде се како што треба, очекувам првиот проект од овие проекти да почне да се реализира некаде таму крајот на вториот, почетокот на третиот квартал од следната година. Низа проекти коишто со децении биле запоставувани или воопшто не се водело сметка, едниот за волја на вистината, отпочнат па заборавен, испокраден, уништен. И сега замислете вие кога ќе треба со проект којшто е започнат пред 15-20 години да го продолжите да го работите, а во суштина треба да размислувате што ќе се случува од денеска за 10-15 години во здравството. Значи, таа технологија којашто била пред 10-15 години, е сега веќе застарена, а замислете каква технологија треба да антиципирате што ќе се развива во следните 10-15 години. Ние сме фокусирани при рестартирањето конкретно на проектот на клиничката болница во Штип за технологија којашто ќе биде апликативна во 2035-2040-тата година. Така што сето ова бара една правилна антиципација, работа со нашите стратешки партнери и ценам дека успеавме да дојдеме до некое решение коешто ќе значи додадена вредност во македонското здравство. Се наоѓаме тука некаде помеѓу двете парцели коишто ги разгледуваме и за коишто преговараме за новиот клинички центар. Едната е пред овој базен којшто го гледате овде лево од нас којшто, исто така, беше оставен на забот на времето па сега се реконструира. А другата е позади овој тобоган којшто го гледате. Тоа се двете парцели отприлика каде што би требало да биде и новиот клинички центар. Очекувам до крајот на оваа година и тие преговори да ги завршиме. Цениме дека ова место заедно со поврзувањето на постоечката „8 Септември“, Пет центарот и болницата, односно поликлиниката „Букурешт“, мислиме дека сето тоа ќе даде една убава симбиоза овде, еден убав центар. А заедно со Општина Карпош работиме и на обезбедување нови паркинг места, бидејќи кога сето ова ќе функционира и кога сето ова ќе биде изградено, ќе има згушување и затоа планираме уште од сега како да го растеретиме и тој дел од предизвиците со коишто ќе се соочат жителите на овој дел на Градот Скопје. Така што се планира, се работи, ако направите добар план, тоа значи 90 посто добро завршена работа, ако планот не ви е добар, тогаш ни работата нема да ви биде добра. Затоа ние се трудиме планот да биде добар. Како и да е, уште еднаш нека ни се со среќа овие 100 нови амбулантни возила и ете уште многу проекти да реализираме во здравството. Јас благодарност сакам да изразам до министерот, кој со својата посветена работа, го истера овој проект и ги развива сите овие проекти за коишто претходно зборував, за луѓето од Министерството за здравство, за луѓето од мојот кабинет, за здравствените работници, за лекарите, за сите оние коишто имаат трпение, бидејќи навистина работат во услови понекогаш коишто се и натчовечки напори вложуваат да ги совладаат тие услови во коишто работат. Знам колку е сето тоа тешко, но тие покажуваат дека не е невозможно, дека се е возможно, дури и во такви услови да се работи. Како Влада се трудиме и тоа да го олесниме. Благодарност до пратениците од македонското Собрание, кои со својата работа, со своите амандмани, политиките коишто ги носат преку законите во македонското Собрание обезбедуваат побрза набавка и интервенирање во здравствениот сектор. Благодарност на сите коишто учествуваат, ќе ми простите некој ако го заборавив. Битно е дека имаме 100 нови амбулантни возила, нешто што би рекол одамна не е направено за здравствениот систем во Македонија и се надевам за нови 50, Сашо нели за тоа што зборувавме, ако биде се како што треба, би требало уште нови 50 да добиеме, веќе следната година. Но, за тоа потоа, ајде еве прво да ја изработиме и таа работа, па потоа и за тоа да се пофалиме. Уште еднаш нека ни е со среќа и аирлија нека е.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсновниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook