МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена - Канал 5

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Претставата „Змеј“, во режија на Нела Витошевиќ и продукција на Младинско гледалишче од Љубљана (МГЛ), освои три награди на Меѓународниот фестивал „Театар на раскрсница“. 

МНТ: Награда за режија за Нела Витошевиќ и три признанија за „Змеј“ на меѓународната сцена

Жирито, предводено од Ирфан Менсур, ѝ ја додели наградата за најдобра режија на Нела Витошевиќ. Признанието за најдобра сценографија му припадна на Игор Васиљев, а за најдобра костимографија беше наградена Јелена Проковиќ.

Витошевиќ ја истакна важноста на заедничкиот придонес на сите учесници во создавањето на претставата, упатувајќи благодарност до директорката на МГЛ, членовите на жирито, актерскиот ансамбл, како и до авторскиот и техничкиот тим. Таа нагласи дека успехот е резултат на посветеноста и соработката на целата екипа.

Најновата режија на Витошевиќ во нејзиниот матичен театар, Македонскиот народен театар, е претставата „Три сестри“ - современо сценско читање инспирирано од истоименото дело на Чехов, кое наиде на одличен прием кај публиката.

Интересот за претставата го потврдува и исполнетата сала на секоја изведба, позиционирајќи ја како едно од најактуелните остварувања на репертоарот на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фатална Бразилка го понижи Винисиус

Фатална Бразилка го понижи своето сега веќе екс момче, ѕвездата на Реал мадрид,  Винисиус пред целиот свет, социјалните мрежите вријат од коментари .

Фатална Бразилка го понижи Винисиус

Бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста откако раскина со Винисиус Жуниор, фудбалерот на Реал Мадрид.

Винисиус Жуниор и бразилската инфлуенсерка Вирџинија Фонсека ја прекинаа врската пред една недела.

Инаку, ова е вторпат славниот пар да стави крај на својата врска, а веста ја соопштија претставниците за односи со јавноста на познатата инфлуенсерка. Сепак, се чини дека Фонсека стана предмет на внимание во јавноста поради една изјава.

Кога медиумите ја прашаа како се чувствува по разделбата, таа одговори едноставно и кратко, со насмевка:

„Крај на врската со Винисиус? Чувствувам големо олеснување“, заклучи таа. Овие зборови предизвикаа вистинска бура во јавноста, а многумина ја сфатија пораката како директна навреда за славниот фудбалер.

Винисиус сè уште нема дадено коментар за спорната изјава на својата поранешна девојка...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер

 Според медиумските извештаи, светската музичка ѕвезда и актерот – кои заедно играат во филмот „Office Romance“ – се гледаат веќе некое време.

Џенифер Лопез има нова љубов, наводно во врска со 11 помлад актер

Медиумите шпекулираат дека Џенифер Лопез и Брет Голдстин ја пренеле својата филмска романса во реалниот живот.

Според медиумските извештаи, пејачката и актерот – кои заедно играат во филмот „Канцелариска романса“ (Office Romance) – се гледаат веќе некое време, иако во оваа фаза нивната врска не е сериозна.

YouTube video

Извор открил за „Page Six“ дека 57-годишната Лопез и 46-годишниот Голдстин започнале неврзана романса, иако претходно ги демантираа гласините дека меѓу нив има нешто повеќе од пријателство.

Шпекулациите повторно се разгореа на 16 октомври, кога беа забележани заедно на забава кај еден менаџер во Лос Анџелес. Наводно, тие пристигнале на настанот со ист автомобил, но се потрудиле да влезат одделно за да не привлекуваат премногу внимание.

Според извори, Голдстајн пристигнал на забавата сам и си заминал сам, иако тој и Лопез сепак заедно го напуштиле настанот. „Едно нешто што им е заедничко е тоа што и двајцата сакаат излегувања, забави и ресторани“, вели изворот, осврнувајќи се и на поранешниот сопруг на Лопез, Бен Афлек.

„За разлика од нејзиниот поранешен, Бен – кој секогаш имаше строг израз на лицето кога и да излезеа некаде“, додава изворот.

Ова не е првпат Џенифер Лопез и ѕвездата од серијата „Тед Ласо“ да поттикнат шпекулации дека меѓу нив има нешто повеќе од обична професионална соработка.

Уште летото се појавија информации дека, иако се обидувале да одржат професионален однос за време на снимањето на „Office Romance“, хемијата меѓу нив била „неодолива“.

Двајцата беа видени заедно и во март 2025 година, кога присуствуваа на бродвејската претстава „Oh, Mary!“ – еден месец пред да започне снимањето на филм во кој заедно играа главни улоги.

Голдстин го напиша сценариото за филмот „Office Romance“ за Лопез, а пејачката подоцна зборуваше за нивната соработка во емисијата на Енди Коен, „Watch What Happens Live“.

„Тукушто завршив со снимање филм со Брет Голдстин и морам да кажам дека тој ми беше најдобриот партнер за бакнеж на екранот“, призна Лопез во октомври, со што дополнително ги поттикна шпекулациите за природата на нивната врска. Голдстин со години не крие дека ѝ се восхитува на Џенифер.

Веќе со години е познато дека Голдстин е голем обожавател на славната пејачка.

Уште во 2019 година, во својот подкаст „Films To Be Buried With“, тој зборуваше за нејзината улога во филмот „Hustlers“, не криејќи го своето воодушевување од нејзиниот изглед и харизма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!

Тринаесетгодишниот Матис Линдстрем ја освои титулата во Шведска во скијачки скокови во сениорска конкуренција, остварувајќи убедлива победа на натпреварот во Ерншелдсвик. 

Светско чудо: На 13-години ја освои сениорската титула во скијачки скокови!

Младиот Швеѓанец изведе скокови од 95 и 90 метри на скокалницата К-90, освојувајќи вкупно 223 поени.

Второпласираниот Оскар Франсен собра 172,4 поени, што значи дека Линдстрем победи со предност од дури 50,6 поени.

Третото место му припадна на Оливер Јидел, додека четврти беше Елвин Сванборг.

Поискусните натпреварувачи Себастијан Девал и Маркус Фламстрем ги зазедоа последните две места во конкуренција од шестмина скокачи.

Линдстрем го заврши првенството со три победи, бидејќи беше најдобар и во јуниорските категории на нормалната и средната скокалница.

Младиот скокач го сврте вниманието кон себе во февруари, кога триумфираше на „Осло Винтергејмс“ (Oslo Wintergames), победувајќи 23 норвешки натпреварувачи на возраст од 12 до 15 години.

Неговите резултати се особено значајни за шведските скијачки скокови, спорт кој се соочува со недостиг на натпреварувачи. На тој начин, Линдстрем се издвојува како еден од оние што би можеле да ја носат иднината на овој спорт во Шведска.

Дополнителен поттик за развојот на скијачките скокови во таа земја би можело да биде Светското првенство во нордиски скијачки дисциплини, кое ќе се одржи во Фалун во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер