Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил - Канал 5

Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил

Лек против канцер или измама за илјадници евра? 

Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил

Додека семејствата на тешко болните се бореле за животот на своите најблиски, 47 годишник од Велес на десетици семејства им нудел спас преку наводна „кубанска вакцина“, која тврдел дека ја набавувал во Белград. Сторијата ја објави Слободен печат, а според информациите од жртвите, тој за една доза наплаќал по 3.200 евра и инститирал да ги дава во нивните домови.

Канал 5 стапи во контакт со дел од семејствата кои ги пренесоа своите потресни сведоштва. Една од нив е Елена Ангелова, која живее во Ирска, чиј 48 годишен сопруг починал пред една недела од канцер. Сега починатиот примил 5 дози од наводната вакцина..

-Отидовме за една вакцина само, зошто немавме финансии за повеќе, а и за таа една вакцина, нашите дечиња ги дадоа нивните пари што си ги штедеа дадени од нивните баби и дедовци, ги донесоа сите пари еве мамо за да го спасиме тато. Ни ја зема последната надеж и не раздели последните четири месеци кои можевме да ги поминеме заедно, им го одзема таткото на четири месеци, неговиот пат тргна надолу, секој ден беше се полошо и полошо.. На крајот сопругот веќе беше и убеден дека му бил ставен физиолошки раствор, само затоа што ако беа вакцини коректни, ќе имаше барем некоја реакција, барем некои знаци во крвта.

Колку пари вкупно ви зеде?

-15.000 евра.

Како се снаоѓавте, како ги собиравте парите?

-Преку донации.- Елена Ангелова – Сопруга на лице починато од канцер

Сличен случај е семесјтвото на Трајче Димитров од Кавадарци. Тој парите за вакцината за својата мајка ги дал на бензиска пумпа и добил уверување дека истата ја примале доктори и политичари. Успеал да го земе шприцот од велешанецот и заедно со целата документација го испратил во Белград.

-Ја чував кај мене, некој месец, и потоа со другите документи што ги имав во мене, бидејќи се сомневав подолго време дека станува збор за кубанска болница во Белград, ги пратив сите анализи, сите документи од мојата мајка, добив документи дека мојата мајка не се лечела во таа болница, во никој систем во болницата таа таму не постои. - Трајче Димитриов – Син на лице заболено од канцер

Други пак на целата мака, велат не наседнале на т.н. вакцини. Се посомневале кога велешанецот бил упорен за пари и како што велат, излажал дека отпатувал во Белград.

-Ни кажаа дека таа кубанска вакцинна ја има само М.А. од Велес. И нешто ни стана сомнително бидејќи тој многу нас не притисна за парите да ги пуштиме. Почнавме да проверуваме дали тој човек навистина патувал за Србија, дали навистина во моментот е во Белград, но во период кој ни го посочи, не бил. - Мартина Гроздановска – Сопруга на лице заболено од канцер.

Канал 5 стапи во контакт и со 47 годишниот велешанец со иницијали М.А. кој ги аплицирал вакцините. Тој не сакаше да говори многу, но уверува дека не станувало збор за измама.

-Автентична е вакцината, не е точно дека е физиолошки раствор и тоа ќе се докаже. Направен е претрес кај мене, ништо не е најдено. Друго не можам да ви кажам, бидејќи се е во обвинителството.

Полицијата направила претсрес во неговиот дом, по пријава на дел од жртвите. Му го одзеле телефонот и е предаден на вештачње. За случајот инфориран е јавен обвинтел, кој ги чека резултатите од полициската истрага.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Истрагата опфаќа 1,2 милиони возила на „Ford“ во САД.

Сериозен проблем за „Ford“ во САД: Патниците се изложени на ризик од изгореници предизвикани од воздушните перничиња

Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (NHTSA) денеска започна прелиминарна истрага за повеќе од 1,2 милиони возила на „Ford“, по добиени извештаи за ненамерно активирање на страничните воздушни перничиња, што резултирало со сериозни изгореници кај патниците.

Како што пренесува Ројтерс, агенцијата соопшти дека примила осум поплаки и четири извештаи за инциденти поврзани со возила од моделот „Ford Explorer“, произведени во периодот од 2021 до 2026 година.

Според податоците на „NHTSA“, возачите, патниците на предните седишта, како и некои полициски службеници – кои го користеле моделот „Explorer Police Interceptor“ – се здобиле со изгореници од втор и трет степен откако се активирале страничните воздушни перничиња вградени во седиштата.

Покренувањето на прелиминарна истрага претставува прва фаза од регулаторниот процес, во текот на која „NHTSA“ го проценува обемот на проблемот и утврдува дали е потребно дополнително испитување или евентуално повлекување на возилата.

Од „NHTSA“ наведуваат дека прелиминарната проценка обично трае до осум месеци. Доколку се појават дополнителни докази, агенцијата може да ја прошири истрагата и, на крајот, да наложи повлекување на возилата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Бројот на загинати во експлозија во челичарница во Измир се искачи на најмалку 16, а пријавени се и 13 повредени, додека спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по работници заробени под урнатините.

Експлозија во Турција, расте бројот на жртви: Спасувачките операции продолжуваат

Во изјава по состанокот на кабинетот, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 16 лица ги загубиле животите, а 13 се повредени – од кои двајца потешко – во експлозија во фабрика за железо и челик во Измир, пренесува агенцијата Анадолија.

Тој изјави дека одговорните за каква било небрежност во Измир ќе сносат одговорност.

Претходно, тој добил извештај за несреќата од министерот за внатрешни работи Мустафа Чифтчи и министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, кои отпатуваа во Измир.

Според „ТРТ Хабер“, во Измир пристигнал и министерот за труд и социјална сигурност, Ведат Ишикхан. Тој најави дека Институцијата за социјална сигурност назначила главен инспектор за истражување на околностите под кои се случила несреќата.

Министерот за правда, Акин Ѓурлек, изјави дека е започната истрага и дека на случајот се ангажирани четворица обвинители од Јавното обвинителство во Менемен.

Турските власти изразија сочувство до семејствата на жртвите и посакаа брзо закрепнување на повредените, напоменувајќи дека спасувачките операции се во тек, а околностите околу несреќата се истражуваат. Експлозијата се случила за време на леење на стопен челик.

Експлозијата се случила денеска околу пладне во погон на компанијата „Хабаш“ во областа Бозкој, предизвикувајќи пожар и густ чад над фабриката.

Противпожарните екипи го изгаснаа пожарот, додека на местото на настанот беа испратени полиција, медицински персонал и спасувачки тимови.

Според првичните информации, до експлозијата дошло за време на леење на стопен челик, кога кран се откачил и паднал во електрична печка.

Во соопштение од регионалните власти се наведува дека осум работници останале заробени под урнатините, поради што спасувачките екипи започнале интензивна операција за нивно пронаоѓање.

Повредените се пренесени во блиските болници, а едно лице со хеликоптер е префрлено во болница во Измир. Компанијата Хабаш соопшти дека несреќата се случила за време на планирани работи за одржување на една од печките со електричен лак, додавајќи дека повредените добиле итна помош и биле пренесени во болници.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Пожарот што попладнево избувна во куќи во близина на Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола, но причинета е материјална штета, соопштија од скопската противпожарна единица. 

Пожар зафати куќи кај Бит – пазар, има материјална штета

Командатот на единицата Звонко Томески, кажа дека со пожарот зафатени биле индивидуални куќи. Избувнал на кров на двокатна куќа, а потоа поради близината на околните објекти, зафатил делови од уште две други куќи. Интервенирале со девет возила и со 22 пожарникари, кои го ставиле пожарот под целосна контрола. Повреднеи нема, а висината на материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер