Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
1Осмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата
ХороскопДневен хороскоп за 21. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за среда, 21. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10.-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОсмиот ден од протестите во Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијатаОсмиот ден од протестите во главниот град на Албанија, Тирана, повторно беше одбележан со судири меѓу демонстрантите и полицијата, но со помал интензитет на директни напади во споредба со претходните денови.Професори и студенти најпрво се собраа пред политехничкиот универзитет, а потоа маршираа кон кабинетот на премиерот под мотото „Стоп на насилството врз студентите“. Професорите покренаа и петиција со која бараат да бидат слушнати барањата на студентите.По маршот низ улиците на Тирана, демонстрантите се собраа на булеварот „маченици на нацијата“, каде што ситуацијата околу два часа беше мирна. Тензиите ескалираа по стемнувањето, кога маскирани лица почнаа да фрлаат молотови коктели и камења кон полицискиот кордон.Полицијата одговори со водени топови и солзавец, откако претходно преку мегафон ги повика жените и децата да се оддалечат од местото на протестот.Интервенцијата ја растури толпата, а судирите продолжија на повеќе локации во градот. Плоштадот „Скендербег“ накратко се претвори во жариште на судири, при што демонстрантите фрлаa пиротехнички средства кон полицијата.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Фудбалски спектакл во Париз, европскиот шампион ПСЖ подобар од фуриозната Барселона Сè што сакаме од фудбалот видовме синоќа на Паркот на принцовите во Париз. Дуелот меѓу во моментов сигурно двете најдобри екипи на светот европскиот првак ПСЖ и шпанскиот шампион Барселона покажа зошто фудбалот е најпопуларниот спорт на планетаБранителот на тронот ПСЖ во спектакуларен дуел го победи големиот ривал Барселона во рамките на 3 коло од Лигата на шампионите со 4-2. Целиот свет со големо нетрпение го очекуваше овој натпревар и, без сомнение, овој спектакл ги оправда сите очекувања. Во меч во кој топката скоро никогаш не мируваше видовме многу феноменални порези од фудбалерите на двете екипи , се редеа шанси пред двата гола и на крајот сосема заслужено трите пода останаа на контотои на домаќинот ПСЖ, иако ако победеше и барселона тоа немаше да биде незаслужено. Предводникот на Барса , Флик дури и на ваков супер дерби успеа да одмори неколку свои ѕвезди пред неделното ел класико против Реал. Мадрид. Седум натпревари се одиграа во вечерната сесија од 3.коло во Лигата на шампионите. ПСЖ - Барселона 4:2 (Дуе 38', Ернандез 72', Витиња 81', Руиз 86' / Еспарт 55', Јамал 79') Манчестер Сити - АЕК 5:1 (Андерсон 12', Фоден 34', 65', 76' Черки 57' / Пилиос 52') Рома - Слован 4:0 (Хермосо 21', Молина 39', Писили 52', Мален 58' - 11 м.) Порто - ПСВ 0:1 Ливерпул - Виљареал 4:3 (Мак Алистер 36', 65' Араухо 45+2', Вирц 68' / Микаутадзе 4', Кардона 29', Олувасеи 87') Штутгарт - Атлетико Мадрид 1:1 (Левелинг 36' / Алварез 47') Наполи - Бодо/Глимт 4:3 (Политано 1', МекТоминај 41', 75', Бјортуфт 88' - аг / Хауге 27', Хелмерсен 62', Фет 90+4') Вечерва играат : среда 18.45 Комо - М. Јунајтед Лил – Галатасарај 21.00 Астон Вила - Викинг Баерн - Арсенал Бетис - Феенорд Клуб Бриж - Ланс Интер - Шахтјор Реал Мадрид - Лајпциг Спортинг - ЛАСККрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ Во сообраќајна несреќа синоќа на мостот Беласица во Скопје при судир на две возила повредени се три лица.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена околу 20:50 часот, кај крстосницата со улицата Ѓуро Ѓоновиќ, во правец кон трговскиот центар. Во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од 37-годишниот М.П. од Скопје, и автомобил „ауди“ управуван од 21-годишниот О.Ц., исто така од Скопје. Од судирот, двајцата возачи и еден сопатник се здобиле со телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook