Владата упати протестна нота до Бугарија и ЕУ по видеото на европарламентарецот Џамбаски - Канал 5

Владата упати протестна нота до Бугарија и ЕУ по видеото на европарламентарецот Џамбаски

Министерството за надворешни работи на Македонија, преку Амбасадата на Македонија во Република Бугарија до Министерството за надворешни работи  на Бугарија, упати протестна нота.

Владата упати протестна нота до Бугарија и ЕУ по видеото на европарламентарецот Џамбаски

МНР упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Република Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски. Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија.

Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени.

Погледнете го крајно иредентистичкиот статус на ФБ на Џамбаски со видетото во кое оскажува Европратеникот искажува сериозни невистини полни со омраза и иредентизам , во кој лајт мотивот е дека : Македонија е Бугарија! :

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украина, САД и Русија на нова рунда преговори во Абу Даби

Во Абу Даби започна нова дводневна рунда трилатерални мировни преговори меѓу Украина, САД и Русија, во обид да се постигне договор за ставање крај на речиси петгодишната војна во Украина.

Украина, САД и Русија на нова рунда преговори во Абу Даби

Американската делегација ја предводат Стив Виткоф, специјален пратеник на претседателот Доналд Трамп, и неговиот зет и советник, Џеред Кушнер.

На чело на украинската делегација е разузнавачот Рустем Умеров, додека руската делегација ја предводи Владимир Медински, советник на рускиот претседател Путин.

„Делегацијата ќе донесе одлука во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите со преговорите.“ изјави – Дмитриј Песков, портпарол на Кремљ.

Според извештаите на светските медиуми, во фокусот на разговорите во Абу Даби се безбедносните гаранции, прекинот на огнот и територијалните прашања. Киев бара гаранции против нова агресија и запирање на руските напади, додека Москва инсистира на територијални отстапки, откажување на Украина од членството во НАТО и ограничување на нејзината армија.

Во пресрет на преговорите, американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам за мировниот процес.

„Штотуку имавме добри разговори за Украина и Русија. Како што знаете, има средби утре во Абу Даби. Всушност, започнуваат денеска, но практично тоа е утре, во вторник. Работевме многу напорно за да го завршиме руско-украинскиот кошмар, во кој загинуваат многу луѓе,“- изјави – Доналд Трамп, претседател на САД.

И додека Вашингтон, Москва и Киев преговараат за ставање крај на војната, Европа засега останува надвор од главната преговарачка маса во Абу даби. Таму отпатуваа претставници од повеќе европски земји, но само на одделни средби со американската и украинската страна, без директно да учествуваат во преговорите, откако Кремљ претходно се спротивстави на европското учество.

Поддршка за дипломатските напори пристигна и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која порача дека Европа е за мир.

„Мислам дека најважното нешто што нè обединува е тоа што сите сакаме мир. Пред сè, народот на Украина сака мир. И токму на тоа се работи во моментов, меѓу другото и во Абу Даби. Многу е важно да ја поддржуваме Украина, бидејќи таа е фактор на стабилност. Русија е таа што ја нападна Украина. Тоа никогаш не смееме да го заборавиме. Ако Украина престане да се бори во овој момент, таа ќе биде избришана од картата. Ако Русија престане да се бори во овој момент, војната ќе заврши. Затоа, максимално ги поддржуваме сите мировни напори и разговори.“- изјави – Урсула Фон Дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Ова е прва средба во ваков формат по девет месеци, откако претходната рунда преговори во февруари заврши без напредок. Иако позициите на Москва и Киев за клучните прашања остануваат спротивставени, според Ројтерс, постои внимателен оптимизам дека дводневните разговори би можеле да донесат одреден напредок, барем во решавањето на хуманитарните прашања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јавна дебата за планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

Почист воздух во Скопје во следните пет години – ова е целта на новиот план за борба против аерозагадувањето.

Јавна дебата за планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје

Каде е најголемиот проблем и кои мерки би дале најдобри резултати? На денешната дебата беа презентирани анализите за загадувањето во изминатите десет години, како и компјутерски модел кој овозможува да се предвиди како предложените мерки би влијаеле врз квалитетот на воздухот.

„Направено е моделирање на аерозагадувањето со светски признат модел, односно софтверот ADMS Urban, кој е развиен од Кембриџ и валидиран со постојната мерна мрежа, односно мониторинг-станиците на Министерството за животна средина и просторно планирање. Направен е еден дигитален близнак на овој модел со којшто може да се прави идно предвидување и моделирање на дополнителни емисии на загадувачки супстанции.“ – доцент на Машински факултет – Скопје.

Мерките за намалување на загадувањето опфаќаат повеќе сектори, а нивното влијание врз квалитетот на воздухот се менува во зависност од периодот во годината. Од Машинскиот факултет посочуваат дека во грејната сезона особено се издвојуваат домаќинствата.

„Мерките се однесуваат на промена на енергентите што се користат за греење во домаќинствата, субвенционирање на топлински пумпи, користење соларни панели во индустријата, како и примена на најдобрите достапни техники. Во делот на транспортот, предвидена е набавка на електрични автобуси, проширување на велосипедската мрежа и воведување зони со ниски емисии во централното градско подрачје.“ – доцент на Машински факултет – Скопје.

Од иницијативата „Стоп за Усје“ реагираат дека мерките што се однесуваат на цементарницата не го адресираат, според нив, главниот проблем со емисиите на азотни оксиди.

„NOx е емисијата која што е навистина проблематична за Усје, бидејќи Усје актуелно прави 500 милиграми на метар кубен, вредност која е над европски дозволениот максимум. Затоа апелираме да се направи детална ревизија на предложените мерки и да се применат предлозите и препораките од сите учесници.“- – Марија Манучева, Иницијатива „Стоп за УСЈЕ“.

Покрај мерките за намалување на емисиите, потребен е и подобар систем за следење на метеоролошките услови и загадувањето. Лидија Стојова предлага во секоја општина да има автоматска метеоролошка станица и станица за мерење на загадувачките супстанции, со цел попрецизно да се утврди ширењето на загадувањето.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет потврдени случаи на ковид во Болницата Козле

Две бебиња со компликации на ковид се примени во Клиниката за белодробни заболувања „Козле“,кај десетина деца е потврден ковидот лабораторски во текот на претходната недела.

Десет потврдени случаи на ковид во Болницата Козле

Едното бебе имало исип и висока температура и имало сомневање за морбили, но лабораторијата потврдила ковид. Педијатарите објаснуваат посебно внимание со новороденчињата и бебињата во овој период, пред се оние кои не се вакцинирани поради малата возрст со МРП вакцина.

„Шест месечно бебе доенче, е примено со осип на кожат и висока темпертатра, првите сомнежи беа дека има ситни сипаници. Но, се потврди дека е ковид. Второто дете е старо 40 дена со висока температура и потврден ковид“, вели прим.д-р Елена Ѓиновска Тасевска од детската клиника Козле.

Засега нема потврдено грип и РСВ вирус кај малите пациенти од болницата Козле, најчести се респираторните вируси и дневно има до 100 прегледи, за викенд и до 120.

„Родителите за секоја температура и настинка да не одат во болница, има поболни деца во чекалните со адено вирус и може да се разболат дополнително“, вели прим. Тасевска.

Од ИЈЗ потврдија дека нема нови случаи со морбили, потврдени беа кај пет лица, кои не биле вакцинирани против морбили.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер