Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
1Повеќе од 1.000 километри со едно полнење! Ова се најдобрите електрични автомобили за патувања на долги релации
БалканНајмалку 11 загинати и 50 повредени во верижни судири на автопат во БугаријаКатастрофални последици од двете верижни сообраќајки на автопатот „Тракија“ во Бугарија што рано утринава се случија кај местото Зимница во југоисточниот дел на Бугарија. Вкупно 86 возила учествувале во судирите, а билансот е 11 загинати и 50 повредени лица. Увидот и истрагата на местото, допрва треба да ги утврдат причините за несреќата, но една од причини за трагедијата која се посочува е густата магла, поради која видливоста на автопатот во одреден момент се намалила на само десет метри. Деталите од трагедијата ги соопштија претставници на бугарското МВР на брифинг на местото на несреќата. Според нив, во правец кон Бургас учествувале 63 возила, додека во спротивната насока се судриле 23 возила. -Вкупно во верижната сообраќајна несреќа во двете сообраќајни ленти учествувале 86 возила – од кои 63 на коловозната лента во правец кон Бургас и 23 во насока кон Софија. Утврдени се вкупно 50 повредени лица, кои се распределени во три области – 28 во Сливен, 16 во Јамбол и 6 во Бургас. Утврдени се 10 загинати лица на самото место, а едно лице починало подоцна во болничка установа на територијата на Сливен,- изјави – Љубомир Николов – В.д главен секретар на МВР. Страшни сцени, искршени автомобили и камиони, повредени луѓе заробени во возилата. Вака очевидците ја опишуваат драмата на автопатот. Според нивните сведоштва, густата магла дополнително ја отежнувала видливоста, а возачите во последен момент ги забележувале возилата пред себе. Судирите се случувале еден по друг, без можност дел од учесниците во сообраќајот навреме да реагираат. -Глетката беше ужасна. Помогнав колку можев, качивме неколку луѓе во амбулантните возила. Ја видов густата магла, јас возев доста бавно, успеав да запрам на време и го избегнав автобусот. Според мене возеа доста бргу. Ако јас возев со 60 км/час тие ме претекнуваа. -Самиот ужас беше во автобусот внатре затоа што паѓаше од горе од прозорците, сите се скршија, паќаше стакло. Ние бевме еден преку друг, кој паднал кој се удрил, кој приклешетен и не може да излезе. И кога излеговме надвор почнавме да се оддалеќуваме од автобусот да не се запали. -Не удри и не исфрли кон банкината, ја закачивме и таа кола и додека сите излеговме за неколку секунди сите коли се удрија во нас. Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта. Веста за трагедијата бугарскиот премиер Румен Радев го затекна за време на средбата со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и најави ангажирање дополнителни ресурси за транспорт на повредените. -Веднаш по слетувањето наредив министерот Демерџиев да замине со владиниот авион за Бургас, за да може да ги транспортира повредените до болниците во Софија. Резултатот во моментов е 11 загинати и 48 ранети. Остануваме целосно подготвени за евакуација на ранети од Сливен, Јамбол и Бургас во болницата во Софија,- изјави – Румен Радев. Во тек е акцијата „Спасување“ а во меѓувреме, автопатот „Тракија“ е затворен за сообраќај во двата правци и е пренасочен по обиколните патишта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградбаГрадежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза.„Био Пазарот во Кавадарци влегува во завршна фаза на изградба! Градежните активности на Био Пазарот се одвиваат со забрзано темпо, а проектот влегува во својата завршна фаза. Со реализацијата на овој капитален проект, Кавадарци добива современ, уреден и сертифициран простор наменет за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси, каде што директно ќе ги пласираат своите производи, без посредници, по фер цени и со поголема доверба кај потрошувачите. Инвестираме во здравјето на граѓаните, поддршката на домашните производители и развојот на одржлива локална економија. [✔] Инвестиција на Општина Кавадарци: 26.500.000 денари + ДДВ.“- објави првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Македонија„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улицитеНаскоро полициски возила со камери ќе мерат брзина во движење и ќе ги казнуваат оние кои возат пребрзо, најави министерот за внатрешни работи Тошковски. На критичните сообраќајни точки се прават анализи и ќе бидат поставени дополнителни мобилни уреди кои ќе го следат сообраќајот. Тошковски најави и дека до крајот на годината се очекува на адреса на граѓаните да стигнувасат и казни за погрешно запирање или паркирање на улиците и булеварите. – Предлогот којшто го добивме од експертите е во постоечките возила коишто ги имаме да исталираме камери, коишто камери ќе можат да ја детектираат брзината, а тие може да се постават било каде, може во од, во движење да констатираат. Наредниве месец, месец и половина сигурен сум дека ќе отпочнеме со достава до оние кои не го почитуваат правилата, во рамки на истиот систем значи преку СМС пораки, и на оние коишто погрешно паркираат и запираат, особено во рамки на главните крвотоци во рамки на главниот град,- изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Тошковски на денешната тематска прес-конфеенција соопшти дека проектот „Безбеден град“ ја освоил наградата за сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи, во конкуренција со Полицијата на Сингапур, Полицијата на Абу Даби, Управата за патишта и транспорт на Дубаи... Доказ за успешноста, рече, е и статитиката, која годинава покажува 34 загинати помалку... За 10 месеци лани на патиштата згаснале 108, годинава 74 животи. – Тошковски вели дека целта на проширување на опсегот на системот безбеден град е да се превенира, а не да се полни буџетската каса. зборува за критичарите... изјави Панче Тошковски, министер за внатрешни работи. Нареден град во кој ќе се применува системот Сејф Сити е подрачјето на СВР Струмица, а до крајот на годината се очекува системот да профункционира и во СВР Штип. Псоледен регион што ќе остане е подрачјето на СВР Битола, кое се очекува да биде покриено со ситемот најдоцна до февруари. Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21