Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
МакедонијаВладата упати протестна нота до Бугарија и ЕУ по видеото на европарламентарецот Џамбаски Министерството за надворешни работи на Македонија, преку Амбасадата на Македонија во Република Бугарија до Министерството за надворешни работи на Бугарија, упати протестна нота.МНР упати протестна нота во врска со видеото на пратеникот во Европскиот парламент од Република Бугарија и заменик-претседател на политичката партија ВМРО-Бугарско Национално Движење, Ангел Џамбаски. Истовремено, ќе известиме и соодветно ќе реагираме и до институциите во Европската унија. Во оваа прилика напоменуваме дека ваквите изјави не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете земји. Реторика во која се изразуваат територијални претензии кон соседите не доликува на земји-сојузнички во НАТО и земја-членка на Европската унија, што е директно и спротивна на идеалите и вредностите на Европската унија, на кои и двете земји силно се посветени. Погледнете го крајно иредентистичкиот статус на ФБ на Џамбаски со видетото во кое оскажува Европратеникот искажува сериозни невистини полни со омраза и иредентизам , во кој лајт мотивот е дека : Македонија е Бугарија! : Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПрво целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 годинаМилиони луѓе во Шпанија и Исланд го гледаа првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година.Овој небесен спектакл можеше да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување беше видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и западна Африка. Небесниот спектакл ќе продолжи и ноќта, кога се очекува и метеорскиот дожд персеиди, во раните утрински часови, пак, на небото ќе може да се забележи и планетарна парада, кога во ист период во различни делови од утринското небо ќе се најдат шест планети – Меркур, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаКибернапад во Полска: Протекоа податоци од 19 милиони луѓеПолските власти денес објавија големо протекување на медицински и лични податоци на речиси 19 милиони граѓани, по кибернападот врз добавувач на медицински софтвер.Според министерот за дигитална безбедност Кшиштоф Гавковски, инцидентот е „едно од најголемите“ кршења на сајбер безбедноста во историјата на земјата, која е дом на 37 милиони луѓе. „Во моментов, нема индикации дека станува збор за надворешен напад, кој може да потекнува од Русија или од која било друга земја“, рече тој. Првичните наоди укажуваат на сајбер криминалци кои дејствуваат за финансиска добивка, рече министерот, додавајќи дека е исклучена можноста за плаќање откуп. Тој вети дека „немилосрдно“ ќе ги гони сторителите. Украдените податоци изнесуваат околу два терабајти и се однесуваат на информации поврзани со медицински консултации, рецепти за лекови и други документи што најчесто се користат за следење на здравјето на пациентите. Природата и обемот на компромитираните податоци варираат од личност до личност, рече министерот, најавувајќи имплементација на систем што ќе им овозможи на граѓаните да проверат дали нивните податоци се украдени. Услугите на целната компанија ги користеле приближно 12.000 медицински установи. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: Кибернапад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари и кражбиНа пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.Денеска (12.08.2026) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, Отсекот за превенција при СВР Велес, ОВР Кавадарци и СВР Штип на неколку локации во Скопје, Кавадарци, Кочани, Виница, Штип, Делчево и Велес, реализираа сообраќајни превентивни активност со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им беше потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал. Полициски службеници од ПС Берово и ПК Градско, реализираа превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31.08.2026 година. Полициски службеници од ПО Чашка, Одделението за превенција при СВР Скопје и Отсекот за превенција при СВР Штип денеска реализираа и превентивни активности за заштита од кражби, при што на граѓаните им беа појаснети начините како да се заштитат и да го зголемат нивото на лична и имотна сигурност.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter