Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија - Канал 5

Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Белата куќа ја номинираше Кристи Меккормик -  поранешната републиканска потпретседателка на Комисијата за помош при изборите на САД за нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија. 

Трамп ја номинираше Кристи Меккормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Меккормик не е кариерен дипломат, туку доаѓа од областа на правосудството - до мандатот во Комисијата за избори, работела како виш адвокат за судски постапки поврзани со прекршување на федералните закони за гласање во американското Министерството за правда а била стационирана и во Багдад како американски експерт за избори, надгледувајќи ги националните избори во Ирак.

Меккормик неодамна се најде во фокусот на американските медиуми, откако се појавија наводи оти тврдела дека демократите активно промовираат гласање од страна на „нелегални граѓани“ за да победат на изборите. Меккормик даде оставка од својата функција во јули годинава.

-Значи, работиме на додавање на документарен доказ за државјанство во тој формулар. Има многу отпор од демократската страна. Значи, не знам како ќе го направиме тоа во нашата комисија бидејќи ние сме двопартиска комисија, двајца демократи и двајца републиканци, и ни требаат три наспроти нула гласови за да помине било што,- -Кристи Меккормик, предлог за нов амбасадор на САД во Македонија.

Номинацијата на Кристи Меккормик ќе биде проследена до Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД, каде е потребно мнозинство гласови за да биде избрана.

Целокупниот процес вообичаено трае од шест месеци а во некои случаи и повеќе од една година, што значи дека новиот амбасадор на САД би можел да пристине во земјава најрано во втората половина од следната година.

Во моментов, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава е Никол Варнс – дипломат од кариера во Службата за надворешни работи на САД, откако амбасадорката Анџела Агелер замина од својата функција на почетокот на годинава како дел од пошироките дипломатски промени на американската администрација по враќањето на Доналад Трамп во Белата куќа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расте поддршката на иницијативата за воведување електронска нараквица

Идејата за електронска алка повторно се актуелизираше по фемицидот на Билјана Кириќ од Богданци.

Расте поддршката на иницијативата за воведување електронска нараквица

Откако повеќе од 15 илјади граѓани кажаа „да“ на електронската петиција за да насилници што имаат судска забрана за приближување да носат електронски алки за следење, Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство на „трета среќа“ треба да се најде пред пратениците.

Моника Зајкова од ЛДП вели дека не треба да има изговори како „немаме пари“ за да се донесе законот кој како што вели, може да спаси животи. Имплементацијата, како ќе се воведе системот и колку пари и обуки ќе бидат потребни може да следи само откако ќе има донесен „закон“ црно на бело, вели Зајкова.

Со предлог-текстот се предвидува насилникот кој има забрана да се приближи до жртвата да носи алка, електронската нараквица чија функција е да ја предупреди жртвата и да ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Иницијативата на Зајкова два пати досега е одбивана.

Идејата за електронска алка повторно се актуелизираше по фемицидот на Билјана Кириќ од Богданци, која беше запалена во автомобил од партнерот кој имал судски мерки, а од кого се обидувала да се раздели, кој подоцна си го одзеде животот. Таа имаше 17 години. Претходно во Велес од својот партнер беше убиена и 31-годишната Росица Коцева, а и двете жени претходно го пријавуваа насилството во полиција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Власта и опозицијата во нов судир за „АЛТА банка“ пред утрешната надзорна расправа

Прво премиерот Мицкоски, па гувернерот Славески, вицегувернерите, минстерката Димитриеска-Кочоска, претставници на државни органи и граѓански организации се меѓу триесетината сведоци кои се повикани на надзорната расправа во Собранието .

Власта и опозицијата во нов судир за „АЛТА банка“ пред утрешната надзорна расправа

Прво премиерот Мицкоски, па гувернерот Славески, вицегувернерите, минстерката Димитриеска-Кочоска, претставници на државни органи и граѓански организации се меѓу триесетината сведоци кои се повикани на надзорната расправа во Собранието за случувањата со Алта банка. Комисијата е закажана за утре во 10 часот, на тема: причините за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност.

Лидерот на СДСМ Филипче, очекува јавноста да ги добие одговорите на сите прашања што се отворија овој период и да се утврдат одговорните за банката. Во врска со најавата од премиерот Мицкоски дека веќе има заинтересиран купувач, пак, Филипче прашува во кое својство премиерот е вклучен во процесот, и кој би купил банка со сомнителен капитал.

- Тој нашол купци за Алта банка. Во кое својство? Што е премиерот Мицкоски? Дилер, посредник, пронаоѓач на потенцијални купувачи на банки кај нас? Потребно е да има најмалку две банки за да се организира аукција. Најдени ли се тие банки или целокупната законска обврска на Народна банка ја презел Христијан Мицкоски? Знае ли тој кои банки се тие. Избрани ли се банките коишто ќе учествуваат на аукцијата? Ако се избрани, зошто не ги знаеме? Ако не се избрани, како тој и во кое својство ги бара и ги најавува, изјави Филипче.

Ваквиот став на Филипче, според според владејачката партија, е очигледна нервоза кај опозицијата затоа што ќе се најде решение за Алта банка, додека во време на СДСМ, како што велат, банките пропаѓале и се затворале.

-Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле реализирани трансакции во вредност од 110 милиони евра, сомнителни пари од Венецуела која тогаш беше под санкции. Дополнително, трансакциите поминувале или стигале до земјите како Русија, Белорусија и Србија. Каде се Филипче и Заев, таму има руски, белоруски и српски влијанија. Затоа кај СДС работи Фројд, мислат дека сите имаат задни намери како што имаа тие, изјави Бране Петрушевски.

Покрај политичката, власта и опозицијата очекуваат и правна одговорност. Од СДСМ повикуваат јавното обвинителство да го прекине молкот за Алта банка и да ја испита одговорноста за нејзиниот влез во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ, пак, бараат одговорност од опозицијата за намерно ширење паника и хистерија во јавноста.

На ваквите повици, од обвинителството одговорија дека постапуваат според докази, а не по барање од политчките партии. Савески кажа дека го следат случајот и доколку има сомнежи за кривично дело, ќе отворат истрага.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер