Вил Смит изненади со изгледот, фановите прашуваат што му се случило (ФОТО) - Канал 5

Вил Смит изненади со изгледот, фановите прашуваат што му се случило (ФОТО)

Познатиот холивудски актер Вил Смит ги изненади сите со својот нов изглед кога се појави во шоуто „The one show“.

Вил Смит изненади со изгледот, фановите прашуваат што му се случило (ФОТО)

Смит неодамна го прослави својот 53-ти роденден, а дека се уште сака да им пркоси на годините, сметаат многу корисници на совијалните мрежи, бидејќи со гостувањето во емисијата „The one show“ започна лавина коментари за неговиот физички изглед, а повеќето за лицето, пренесува „The Sun“.

Актерот се приклучил на програмата и ги шокира сите со својата трансформација, а многумина коментираа дека изгледа прилично младо, и дека наликува на Вил од почетокот на кариерата.

Дали актерот се препуштил на шармот на естетската хирургија или се работи за нешто друго, останува да видиме.

Да потсетиме, актерот неодамна си ја отвори душата во интервју за Опра Винфри и искрено проговори за употребата на дрога за време на брачните проблеми со сопругата Џејд Пинкет Смит (50) со која е во брак 24 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник .

Идентификуван и санкциониран малолетник кој управувал мотоцикл на едно тркало во Штип

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 15.10.2026 на социјални мрежи, на 18.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 16-годишен малолетник од штипско во присуство на негов родител.

На објавеното видео се гледа како тој управува мотоцикл на едно тркало со што го загрозил безбедното одвивање на сообраќајот. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мојот малолетен син е нападнат со тврд предмет“ – вознемирена мајка се јавила во полиција

Вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје, И.А. пријави дека на подрачјето на Ѓорче Петров нејзиниот малолетен син со тврд предмет бил нападнат од друг малолетник, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Случајот со Ива Михаилова продолжува да ги влошува односите меѓу Македонија и Бугарија...

Македонското МНР по втор пат во неколку дена повика претставник на бугарската амбасада

Само неколку дена откако бугарскиот амбасадор во Скопје, Радуков беше повикан во МНР за да му се изрази незадоволство од начинот на кој постапува официјална Софија, сега и самиот тој стана проблем....

МНР сега реагира за неговите изјави, како и за изјавите на бугарскиот министер за внатрешни работи... Деталите ги има Михаило Донев.. Михаило, што точно МНР им забележува на Радуков и Демерџиев?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер