Видео: Со нож прободен таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал - Канал 5

Видео: Со нож прободен таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал

Мунир Насрауи, таткото на новата фудбалска ѕвезда на светскиот фудбал, Шпанецот Ламин Јамал, е избоден со нож на паркинг во шпанскиот град Матаро. 

Видео: Со нож прободен таткото на фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал

Инцидентот се случил во населбата во која живее таткото на Јамал.

Прво се појави информација дека на нападот со нож му претходела тепачка која се случила попладнето, а подоцна на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека таткото на фудбалерот на Барселона е во прилично жестока расправија со соседите.

Се сомнева дека тоа била и причината за инциденентот со таткото на мегапопуларниот фудбалер на Барселона.

Шпанските медиуми синоќа објавија дека Мунир во инцидентот во кој е прободен со нож се здобил со сериозни повреди и завршил во болница во Бадалона.

Медиумите дури шпекулираа дека животот му е во опасност, но подоцна се појавија информации дека сега е добро и дека веќе е пуштен на домашно лекување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев.

Путин по заканата на Зеленски дека ќе го нападне руското небо: Не преговараме со терористи

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Москва целосно ќе ги прекине мировните контакти со Киев и дека жестоко ќе одговори доколку биде загрозена безбедноста на руското цивилно воздухопловство, како што се закани украинскиот претседател Зеленски.

Зборувајќи пред новинарите по самитот на шангајската организација за соработка тој реториката на Зеленски ја нарече чин на државен тероризам и оцени дека барањата на киев за директни преговори се апсурдни во моменти кога украинската страна таргетира транспортни правци. Зеленски претходно се закани дека ќе ги нападне руските цивилни аеродроми и ги повика меѓународните авиокомпании да се повлечат од руските коридори тој рече дека рускиот воздушен простор ќе стане небезбеден и дека бројот на беспилотни летала на руското небо ќе се зголеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Во тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври.

Лекарската комора почна процедура за избор на ново раководство

Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Продолжува борбата со пожарите низ државата.

Ангелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшко

Гори на неколку локации, а најкритично е во штипско и во струшкиот регион.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер