3Научниците докажаа дека полифенолите од боровинките и брусниците го забавуваат стареењето на клетките
МакедонијаОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупцијаПоефективно презентирање на доказите и зголемена транспарентност – ОБСЕ позитивно го оценува обвинителството во постапките за организиран криминал и корупција.Јавното обвинителство дополнително ги надградува добрите практики за редовна комуникација со јавноста, објавувајќи соопштенија, резимеа и организирајќи брифинзи за случаите опфатени од страна на Регионалниот проект за набљудување судски процеси во Западен Балкан, кој го спроведува ОБСЕ со финансиска поддршка од Европската Унија. Јавниот обвинител Елвин Вели од Јавното обвинителство на Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители Башким Бесими и јавната обвинителка од ОЈОГОКК Наташа Поп Трајкова, на покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), учествуваат на Регионалната конференција „Од хартија до практика: Како реформите во правосудството да дадат резултати во предметите на организиран криминал и корупција“, која ќе се одржува во Будва, Црна Гора и на која беше претставен извештајот од набљудувањето на судските постапки во Западен Балкан. Во извештајот, освен транспарентноста во врска со предметите од висок јавен интерес за која Јавното обвинителство добива високи оценки споредено и со останатите земји во регионот, се нагласува и видливата посветеност за воспоставување стратешки рамки насочени кон поголема отвореност и отчетност. Тука се истакнува усвојувањето на комуникациската стратегија, како важен чекор за зајакнување на довербата на јавноста и унапредување на попроактивна и попрофесионална комуникација. “Од аспект на обвинителството, се појавија одредени позитивни практики во однос на ефективното изведување на доказите и постапувањето пред судот. Во неколку предмети, јавните обвинители активно учествуваа во планирањето на судењата, предлагаа реални распореди за изведување на доказите и преземаа одговорност за повикување на сопствените сведоци”, нотира извештајот, препорачувајќи ваквите позитивни чекори доследно да продолжат да се применувааат Како уште еден важен сегмент кој се однесува на работата на Јавното обвинителство, ОБСЕ ги истакнува и активностите што се прават преку Здружението на јавните обвинители, а во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, со цел подобрување на квалитетот на обвиненијата “Државното јавно обвинителство, исто така, ги поддржа овие иницијативи, со посебно внимание на подобрувањето на изведувањето на доказите пред судот и зајакнувањето на ефективноста на јавните обвинители во текот на судењата”, стои во извештајот. Како позитивен исчекор се одбележани и активностите за изготвување нови прописи за надзор над работата на јавните обвинителства и за оцена на работењето на јавните обвинители, иницијатива која е поддржана преку Проектот за владеење на правот финансиран од ЕУ и има за цел да ги усогласи постојните внатрешни прописи и да воспостави појасни механизми за надзор и професионална оцена. Самиот извештај во неколку клучни делови ги нотира недоволните човечки и финансиски ресурси со кои располага обвинителството, како важен предуслов за дополнително зголемување на ефикасноста. “Се чини дека ова е едно од најкритичните прашања што бара паралелен пристап: континуирани напори од страна на обвинителството за подобрување на ефикасноста, во комбинација со соодветна институционална поддршка и обезбедување ресурси. Решавањето на двата аспекта е неопходно за да се прекине кругот во кој се очекува подобрување на ефикасноста пред да се обезбедат дополнителни ресурси, додека јавните обвинители сметаат дека дополнителните ресурси се неопходни за постигнување поголема ефикасност”, стои во извештајот на ОБСЕ. Во рамките на овој проект, во земјава беа набљудувани најголем број предмети споредено со останатите земји во регионот, односно 16 предмети за кривични дела од организиран криминал и 56 предмети од областа на корупцијата. Предметите беа избрани според тежината на кривичното дело, статусот на обвинетите и степенот на јавен интерес, при што приоритет им се дава на предметите во кои правната сигурност, институционалниот кредибилитет и довербата на јавноста се од најголемо значење. На тој начин вниманието се насочува кон постапките во кои институционалните капацитети, правичноста, ефикасноста и довербата на јавноста се изложени на најголем тест. Во сите предмети, Проектот ја толкува ефективноста на правосудството на база на три меѓусебно поврзани аспекти: капацитетите, во смисла на квалитет, доследност и услови за поддршка на професионалната и институционалната практика правичноста, разгледувана преку гаранциите за правично судење, еднаквоста пред законот и образложеното судско одлучување; и ефикасноста, сфатена како управување со сложеноста, времето и ресурсите без нарушување на правичноста или квалитетот, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноМу се суди за морничаво убиство- постави бизарен услов за да се изјасни за виновен (ВИДЕО)Во неочекуван потег, 74-годишен маж од Флорида обвинет за убиство го изненади судијата за време на рочиштето за изрекување на пресудата кога даде необична понуда за признавање на вина.Роберт Кеслер се појави на судот во Хилсборо во понеделник, 26 октомври, каде што е закажан избор на порота за судењето за убиство на Стефани Крон-Оверхолт (47) во 2021 година. „Не можам да давам храна“ Според објавеното видео, судијата му рекол дека може да се изјасни за виновен без претходно да преговара со обвинителството. Кеслер ја разгледал можноста неколку секунди. „Ќе признаам вина за еден чизстек, помфрит и Пепси“, одговорил Кеслер. Кога судијата го замолил да ја потврди понудата, Кеслер повторил дека сака „сендвич со стек и сирење, со кромид и мајонез, помфрит и пиперки“. Тој рекол дека е спремен да направи таков договор за да „им заштеди пари на даночните обврзници“. „Очигледно, не можам да им дадам храна на луѓето за да се изјаснат за виновни. Тоа би било многу погрешно. Можам да ви гарантирам дека ќе добиете ручек денес, но не можам да гарантирам каков ќе биде“, возврати судијата. Подоцна, Кеслер го праша судијата дали може да продолжи со изборот на порота. Делови од тело пронајдени во заливот „Не сакам да се изјаснам за виновен без договор. Само изберете ја поротата. Го сакам тој чизстек. Ако го добијам, можеби ќе се согласам, но нема да го добијам“, додаде тој. Според канцеларијата на окружниот обвинител на округот Хилсборо, Кеслер одлучил самиот да се застапува на судењето. Тој се соочува со обвиненија за убиство од прв степен и сквернавење на починато лице, според јавно достапните судски записи. Делови од телото на Стефани Крон-Оверхолт биле пронајдени во заливот Мекеј во ноември 2021 година. Судски документ тврди дека најмалку тројца сведоци виделе човек кој одговара на описот на Кеслер како фрла кеси за ѓубре во заливот, објавува People. Крон-Оверхолт престојувала кај Кеслер и неговата ќерка неколку дена пред да исчезне. Ќерката на Кеслер подоцна им кажала на истражителите дека ги видела како нејзиниот татко и жртвата се расправаат пред таа да исчезне. Според изјавата под заклетва, Крон-Оверхолт му побарала 200 долари за да си замине.Тагови: убиство виновен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНајчудна казна досега- Барселона е казнета со 602 евраШпанската фудбалска федерација ја казни Барселона со 602 евра за контакти со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, кој беше под истрага за сомневање за прекршување на прописите, објавија шпанските медиуми.На 30 јуни, Атлетико Мадрид поднесе официјални жалби до Шпанската фудбалска федерација и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), тврдејќи дека Барселона влегла во преговори со Алварез без претходно да достави писмено известување до неговиот клуб. Врз основа на жалбата, надлежните органи на Федерацијата покренаа дисциплинска постапка на 30 јули, чиј исход, според весникот „Мундо Депортиво“, беше во корист на мадридскиот клуб. По разгледувањето на случајот, надлежната комисија го окарактеризира утврденото прекршок како лесно. Затоа, Барселона беше казнета со 602 евра, што е највисокиот износ предвиден за таков прекршок според член 133 од Дисциплинскиот законик. Ова не е прв пат Барселона да се соочи со слични санкции по жалба од Атлетико Мадрид. Во 2019 година, каталонскиот клуб мораше да плати 300 евра за нелегален контакт со Антоан Гризман, кој во тоа време играше и за мадридскиот тим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони на удар на хакерите- нападнат е италијанскиот парламент ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент беа цел на сајбер напад во последните денови, а на листата на цели беше и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџија Мелони. Оваа информација ја потврди извор од парламентот, пренесува Ројтерс. Истиот извор не можеше да прецизира дали хакерите успеале да пристапат до е-поштата на премиерката, но истакна дека безбедноста не е загрозена бидејќи се активирани сите потребни заштитни мерки. Канцеларијата на премиерката Мелони подоцна разјасни дека ова не е адресата што таа ја користи за официјална комуникација на Владата. На удар се и други пратеници Според истите информации, нападот бил насочен и кон други претставници во Претставничкиот дом, како и кон други институции. Кибер нападите станаа почести во последните години низ цела Италија и Европа. Владите, инфраструктурата и компаниите често се цел, а ваквите инциденти предизвикуваат прекини во услугите и го покренуваат прашањето за заштита на податоците.Тагови: хакери Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12