Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
1Поплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на Македонија
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
2Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
ФудбалВидео: Аргентина се откажа од прославата по поразот во финалето, но народот не послушаСпоред аргентинските медиуми, само мал број навивачи и новинари се собраа пред хотелот на националниот тим во Њу Џерси за да ги испратат вицешампионите од Светското првенство на нивното патување кон дома. Аргентинската репрезентација сакаше мирно враќање дома по болниот пораз од Шпанија во финалето на Светското првенство, но емоциите на навивачите беа посилни од каква било одлука. Argentina still SHOWED OUT despite the loss (via IG/genadonati) pic.twitter.com/e9cxWeUZ30 — FOX Soccer (@FOXSoccer) July 20, 2026 И покрај тоа што играчите и стручниот штаб побараа да не се организира пречек или парада, стотици илјади Аргентинци се собраа во Буенос Аирес за да ги поздрават своите фудбалски херои – меѓу кои не беше присутен капитенот Лионел Меси. "Muchas gracias!" 🇦🇷 Seleção da Argentina é recebida com festa em Buenos Aires após o vice na Copa do Mundo. 🎥 Reuters#CopaNaGlobo #ge2026 #futebol #argentina pic.twitter.com/SQ8eH8daPH — ge (@geglobo) July 21, 2026 Улиците на главниот град беа преплавени со знамиња, песни и факели додека навивачите со часови го очекуваа пристигнувањето на националниот тим. Снимките што ги преплавија социјалните мрежи ја доловуваат спектакуларната атмосфера, како и искрените емоции на играчите; тие не ја криеја својата радост поради поддршката што ја добија, и покрај болниот пораз во борбата за светската титула. Despite the defeat in the final, thousands of Argentinians welcomed the national team like CHAMPIONS upon their return to Argentina ✨🇦🇷 pic.twitter.com/5PCCZ1gR6s — CentreGoals. (@centregoals) July 21, 2026 За Буенос Аирес полетаа два чартер-лета. Во едниот авион беа играчите, стручниот штаб и претставниците на федерацијата, додека другиот ги превезуваше членовите на семејствата и официјалните лица. Капитенот Лионел Меси не се врати во татковината заедно со остатокот од репрезентацијата. Претходно беше објавено дека некои членови на тимот ќе останат во САД по финалето или ќе отпатуваат директно во Европа за да им се приклучат на своите клубови или да започнат со одморот. Меѓу нив се: Енцо Фернандез, Лаутаро Мартинез, Хулијан Алварез, Кристијан Ромеро, Науел Молина, Херонимо Рули, Николас Паз и Хуан Мусо. Аргентинската фудбалска асоцијација им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка во текот на турнирот, нагласувајќи дека националниот тим повторно стигна до финалето благодарение на единството на екипата и огромната поддршка од трибините. Во меѓувреме, аргентинската влада се откажа од претходно разгледуваната идеја за прогласување државен празник и организирање голем прием. Иако претседателот Хавиер Милеи ја понуди претседателската палата Каса Росада за потенцијална прослава, беше одлучено - по разговорите со Асоцијацијата и тимот - дека нема да има јавна прослава.Тагови: Аргентина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСаповирус и астровирус што се пренесуваат по фекално-орален пат потврдени кај пациенти од Гостивар Саповирус и астровирус што предизвикуваат гастроентеритис, а се пренесуваат по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или контакт се потврдени кај двајца пациенти кои од Гостивар завршиле на Инфективната клиника во Скопје.Саповирус и астровирус што предизвикуваат гастроентеритис, а се пренесуваат по фекално-орален пат, преку загадена вода, храна или контакт се потврдени кај двајца пациенти кои од Гостивар завршиле на Инфективната клиника во Скопје, тие се во стабилна здравствена состојба, но засега остануваат во болница. Она што со анализи е потврдено на Инфективна е конзистентно со фекална контаминација на водата, иако не е доволен доказ дека тоа е единствениот извор на зараза бидејќи за да се тврди ова потребна е голема епидемиолошка истрага и лабораториски анализи на многу пациенти, вели за Канал 5 Д-р Фадил Цана, Директор на Клиниката за инфективни болести. Не се исклучува можноста и по еден месец да има наплив на пациенти со посериозни зарази, вели Д-р Цана, но засега најголем дел од заразените немаат сериозна клиничка слика и вообичаените стомачни тегоби траат само неколку дена. Сепак, советот е ако по 48 часа нема подобрување, задолжително да се посети лекар. За една недела над 3000 луѓе побарале лекарска помош поради стомачни тегоби, а според Институтот за јавно здравје, во Гостивар нема семејство во кое нема барем еден со симптоми. Епидемиолози се обидуваат да стигнат до податоци од нулта заразениот, или првиот, до последните преку јавувања и разговори со голем дел од граѓаните кои пријавиле симптоми, а властите апелираат граѓаните да одговораат на прашањата од епидемиолошката анкета. Тагови: инфекции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоплавени домови, паднати дрвја и прекини на електрична енергија по силното невреме на истокот на МакедонијаУрнати дрва, паднати бандери, оштетени електрични водови и уништени возила – ова е епилогот од силното невреме кое синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјава. Најпогодени беа Струмица, Радовиш, Делчево, Дојран и Куманово, каде покрај материјални штети, беа предизвикани и сериозни проблеми во сообраќајот. Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски во изјава за Канал 5 вели дека освен материјална штета, нема повредени граѓани, а во расчистувањето на последиците од невремето се вклучила и Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, како и екипи со специјализирана механизација“. Невремето во Стар Дојран оштети натстрешници, урбана опрема на плажата, неколку возила, а откорна и десетици повеќегодишни дрвја на повеќе локации. Градоначалникот Илија Тентов вели дека од рано утринава се работи на расчистување на последиците од невремето, а животот во Дојран денеска нормално се одвива. Краткотрајна појава на невреме од УХМР најавуваат и за следните денови. Од таму сепак, велат дека за викендот се очекува стабилно и топло време. И додека се санираат последиците од синоќешното невреме, надлежните повторно апелираат на внимателност, граѓаните да ги следат предупредувањата и да избегнуваат непотребни движења на отворено за време на силен ветер и невреме. Тагови: невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
МакедонијаНоќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локалОва се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина. Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила. Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица. Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот. -Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви. Тагови: пожар Чаир Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter