Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
2Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
МакедонијаНЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026-„Најдобра банка за физички лица“НЛБ Банка го доби признанието „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, едно од најпрестижните признанија во глобалната банкарска индустрија. Ова признание претставува потврда за континуираните резултати на Банката во сегментот на банкарството за физички лица, нејзината водечка пазарна позиција и посветеноста на иновации, дигитална трансформација и супериорно клиентско искуство. Како лидер во кредитирањето на населението со пазарно учество од 23,5%, НЛБ Банка во 2025 година оствари раст од 14% кај кредитите и 13% кај депозитите на населението. Банката истовремено забележа највисок раст кај станбените и потрошувачките кредити, дополнително зацврстувајќи ја својата позиција како финансиски партнер од доверба за граѓаните. Паралелно со растот на своето работење, НЛБ Банка продолжи интензивно да инвестира во дигитализација и развој на современи банкарски решенија. Континуираниот раст на користењето на дигиталните канали, постојаното унапредување на мобилното и електронското банкарство, како и фокусот на едноставно, безбедно и современо клиентско искуство, претставуваат значаен придонес кон препознавањето на Банката како лидер во банкарството за физички лица. Успешната стратегија и континуираните резултати на НЛБ Банка се препознаени од меѓународната експертска јавност. Во 2025 година, Банката по дванаесетти пат беше прогласена за „Банка на годината“ од магазинот The Banker, а на овa признаниe се надоврзува и наградата „Најдобра банка за физички лица во Македонија“ од Euromoney Awards for Excellence 2026, која дополнително ја потврдува нејзината водечка позиција на македонскиот банкарски пазар. НЛБ Банка останува посветена на својата Стратегија 2030, со јасна амбиција да биде најиновативната, најклиентски ориентирана и најодржлива финансиска институција во земјата. Во таа насока, дигиталната трансформација продолжува да биде еден од клучните двигатели на растот и унапредувањето на услугите, овозможувајќи им на клиентите побрзо, поедноставно и посигурно банкарско искуство. Паралелно, Банката продолжува да инвестира во решенија што создаваат долгорочна вредност за клиентите, заедницата и економијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЖивотАмериканка криела ДНК-докази во случаи на силување, осудена на 10 години затворПоранешната форензичарка од Бирото за истраги на Колорадо (CBI), Ивон „Миси“ Вудс, е осудена на десет години затвор поради манипулирање со податоци од ДНК-анализи во кривични предмети, вклучувајќи случаи на убиство, сексуално насилство и грабеж.Вудс, која работела како форензички аналитичар речиси три децении, во јуни се изјасни за виновна по четири точки од обвинението: компјутерски криминал, лажно сведочење, фалсификување и обид за влијание врз службено лице. Таа беше осудена на 8 септември од страна на судијата Ендру Поланд во округот Џеферсон, Колорадо. Откако беа откриени неправилности, CBI ја прегледа работата на Вудс и утврди проблеми во 1.045 кривични предмети. Вудс работела на повеќе од 10.000 предмети за време на нејзиниот 29-годишен ангажман во лабораторијата. Според обвинителите, таа менувала или изоставувала податоци за ДНК, прескокнувала задолжителни чекори и на други начини манипулирала со лабораториските записи за побрзо да ги обработи предметите. Како резултат на тоа, во некои случаи, полицијата и обвинителите не добиле целосна слика за тоа што всушност покажале ДНК-анализите. „Колорадо паблик радио“ (Colorado Public Radio) известува дека повеќе од 400 од предметите на кои работела Вудс се однесувале на сексуални напади. На рочиштето за изрекување на пресудата, обвинителите опишаа случаи во кои количината на откриена машка ДНК била прикажана како помала или била изоставена од извештаите. Обвинителот Дарен Кафка на суд наведе десет конкретни случаи за да ги прикаже последиците од постапките на Вудс. Меѓу нив беа случаи на сексуален напад врз четиригодишно девојче во Пуебло и врз 88-годишна жена, како и пријавено силување во Националниот парк „Роки Маунтин“. Според обвинителството, Вудс пронашла машка ДНК на предметните докази, но не ја пријавила точно во конечните лабораториски наоди. Пред судот, Вудс им се извинила на жртвите, на нивните семејства и на колегите, признавајќи дека нејзините одлуки можеби довеле до пропуштање на можности за понатамошна истрага. Укината пресуда за убиство поради нејзината работа. Скандалот веќе доведе до укинување на најмалку една пресуда за убиство. Скандалот го принуди CBI повторно да анализира големо количество докази и да ги преиспита лабораториските процедури. Колорадо веќе потроши милиони долари за нови тестирања, а адвокатите на одбраната и обвинителите повторно ги отвораат предметите во кои бил вклучен Вудс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВечерва на „Кино на отворено“ во Кисела Вода: „Таинствената шума“ и култниот „Пред дождот“Во прекрасна опуштена атмосфера, синоќа во паркот „Македонија“ се одржа првата вечер од манифестацијата „Кино на отворено“ во Кисела Вода. Присутните уживаа во програмата која ја отвори детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, а продолжи со проекцијата на наградуваниот македонски филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска и продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Општина Кисела Вода ги поканува граѓаните да бидат дел од филмското дружење и вечерва, на истата локација. Вечерашната програма, која се одржува во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“, стартува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Веднаш потоа, од 20:25 часот, следува проекција на култниот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, македонско ремек-дело кое има освоено над 30 меѓународни награди, меѓу кои и „Златниот лав“ во Венеција, како и номинација за Оскар. Настанот се реализира во соработка со Кинотека на Република Македонија и „Киноверзум“. Ве очекуваме и вечерва во паркот „Македонија“!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Првиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидентПрвиот ден на „Октоберфест“ во сенка на инцидент. Посетители виселе наопаку, итните служби веќе згрижиле 600 лица.Посетителите на „Октоберфест“ во Минхен виселе наопаку околу пет минути за време на една атрактивна панаѓурска вожња, а причината за инцидентот сè уште е непозната, пренесе ДПА. Откако се симнале од високиот тобоган,неколку лица, главно помлади, се пожалиле на блага вртоглавица и проблеми со циркулацијата. По кратка лекарска контрола, сите се вратиле на фестивалот на пивото. Службата за итна помош соопшти дека првиот ден од 191-виот „Октоберфест“ згрижила околу 600 пациенти. Најголемиот фестивал на пивото во светот беше отворен вчера и ќе трае 16 дена, сè до 4 октомври. https://www.instagram.com/reel/DdeZBufocli/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loadingТагови: Октоберфест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16