Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал - Канал 5

Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал

Ова се остатоците од ,пожарот кој сведочат за тоа што се случуваше на ова место во 4 часот изутрина.

Ноќен пожар во Чаир: Целосно изгоре еден автомобил, оштетени уште две возила и локал

Пукање на стаклата на запелените возила ги разбуди жителите на улицата Џон Кенеди во скопски Чаир. Сведоците на настанот велат дека во помош да се изгасне пожарот истрчале и локалните жители кои со ПП апарат се обиделе да ги изгаснат запалените возила.

Се чистат остатоците од опожарените возила кои предизвикале материјална штета врз станбената зграда зад мене а во воздухот се уште се чувствува мирисот на чад. Локалните жители зад камерата велат дека не паметат ваков инцидент на оваа улица.

Според официјалните информации опожарени се три, а пожарот предизвикал оштетување и на фасадата на станбена зграда до која биле паркирани возилата. Сведок на настанот чиј идентитет е познат на редакцијата, за Канал 5 тврди дека палењето на возилото настанало откако по меѓусебна расправија две лица фрлиле молотови коктели, а пожарот набргу и се проширил. Од МВР пак информираат дека се истражуваат причините за пожарот.

-Околу 04:15 часот во СВР Скопје пријавено е дека на ул.„Џ.Кенеди“, целосно е опожарено патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(34). Од пожарот зафатени биле и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки сопственост на С.Х.(34) и патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(50). Од пожарот оштетен е дел од фасада на зградата и прозорци од угостителски објект во близина. Пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот и за расчистување на случајот.- МВР

Инаку, ова не е прв случај на опожарувањето на возила низ главниот град. за последниот сучај истрага ќе ги покаже точните мотиви.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Огромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Дрон снимил голема бела ајкула долга три метри како плива на само неколку метри од пливачите на плажата Капистрано во Калифорнија.

Огромна ајкула кружи околу капачите во Калифорнија, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Видеото ја прикажува ајкулата како се приближува кон група луѓе, вклучувајќи деца, кои не биле свесни за нејзиното присуство. Сцената ја снимил фотографот Мет Ларманд, пишува Surfer.

Ларманд, кој редовно снима ајкули, рекол дека никогаш не видел ајкула да се приближи толку блиску до луѓето без тие да забележат. Се обидел да ги предупреди од блискиот пристаниште, но тие не го слушнале. Животното си заминало по некое време без инциденти.

Снимка од воздух

Ваквите средби се вообичаени во Јужна Калифорнија, особено во лето. Крис Лоу, директор на Лабораторијата за истражување на ајкули во Калифорнија Стејт Лонг Бич, објаснува дека областа служи како еден вид „детска градинка“ за млади големи бели ајкули. Тие учат да ловат таму и често се движат околу луѓето.

Лоу истакнува дека ајкулите генерално не се заинтересирани за луѓето. „Во повеќето случаи, ајкулите едноставно ги игнорираат луѓето. Тие пливаат веднаш до нив, а луѓето дури и не знаат дека се таму. Имаме многу докази што покажуваат дека тие не се вистинска закана, туку само си ја вршат својата работа“, рече тој.

Додаде дека однесувањето на животното не треба да се толкува како демнење. „Не е како ајкулата да ги следи или да ги лови. Само ги проверува. Како да шетате по улицата, да гледате нешто ново во соседството и да одите и да го проверувате. Тоа е она што го прават овие ајкули“, објасни Лоу. И покрај честите блиски средби, нападите се исклучително ретки и повеќето ситуации завршуваат мирно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукровски со апел до карпошани: Да делуваме локално

Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски со апел да излезат граѓаните на своите улици да ги поттргнат гранките и она што е полесно, а потоа службите ќе ги подигнат.

Лукровски со апел до карпошани: Да делуваме локално

Лукровски рече дека добил повици за паднати дрвја и кровови и дека засега нема повреднео. Вели дека делуваат организирано на ниво на град и дека се на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Невремето го оштети и објектот на Македонската опера и балет (ВИДЕО)

Силното невреме што попладнево го зафати Скопје, предизвика оштетување и на објектот на Македонската опера и балет.

Невремето го оштети и објектот на Македонската опера и балет (ВИДЕО)

Според фотографиите и видеата , скршени со прозорците на влезот од објектот, а водата од силниот дожд навлегла во фоајато.

Вработените во МОБ веднаш по невремето почнаа со расчистување на скршените стакла.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер