Нојер собори рекорд на Швајнштајгер

Голманот Мануел Нојер ја сочува мрежата за Бундестимот во победата од 2:0 над Данска во осминафиналето на ЕП 2024.

Тоа беше негов 19. натпревар на Европските првенства. Така Нојер го подобри досегашниот рекорд на Бастијан Швајнштајгер за најмногу мечеви за Германија во европските завршници, кој веќе заостанува зад него со одиграни 18 меча.

Покрај тоа, Нојер собра 38 настапи за својата земја на големите првенства./МИА

Ѓорѓиевски: Реконструираме улици во Пинтија кои биле заборавени три децении

Во рамки на роденденската седмица што се одвива во Општина Кисела Вода и во која синоќа беше затворено четиридневното Културно лето, секојдневно се реализираат и поголеми инфраструктурни проекти. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска ја посети населбата Пинтија каде започнува реконструкција на патна инфраструктура на површина од преку 5000 квадратни метри.

Како што соопштија од Општината, станува збор за улиците "Саса 12" и „Јабланица“ со сите нивни краци, улици кои што не биле обновени триесет години.

-Започнуваме со еден поголем проект за реконструкција на улици во Пинтија кои биле заборавени повеќе од три децении. Во периодот што е пред нас ќе работиме на улиците "Саса 12" со сите нејзини краци и на сите краци на улицата "Јабланица". Ќе се врши асфалтирање и поплочување со павер елементи на површина од над 5000 квадратни метри. Како што ветив, патната инфраструктура низ целата општина, до крајот на мојот мандат, а и порано од тоа, ќе биде обновена со што ќе овозможиме одлични услови за одвивање на сообраќајот и ќе го унапредиме квалитетот на живот во сите населби и населени места низ општина Кисела Вода, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Берил прогласен за ураган од трета категорија

 Берил е прогласен за ураган од трета категорија кога помина над Антилите, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на американскиот Национален центар за урагани, со седиште во Мајами.

Според центарот, ветровите на ураганот се потенцијално опасни.

Берил се наоѓа на околу 675 километри југоисточно од Барбадос со ветрови од 155 километри на час. /МИА

притисни ентер