Берил прогласен за ураган од трета категорија

 Берил е прогласен за ураган од трета категорија кога помина над Антилите, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на американскиот Национален центар за урагани, со седиште во Мајами.

Според центарот, ветровите на ураганот се потенцијално опасни.

Берил се наоѓа на околу 675 километри југоисточно од Барбадос со ветрови од 155 километри на час. /МИА

Јанев - Николовски: Заедно да ставиме крај на криминалот и корупцијата

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска остварил работна средба со заменик претседателот на Влада и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

На средбата, соопштија од МВР, било разговарано и биле посочени можни криминали во однос на Извештајот од Државниот завод за ревизија во однос на работата на Јавното претпријатие „Македонски железници – инфраструктура“ за изградба на железничката пруга кон Бугарија и Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), при што се дискутирале наводите од извештајот. Од страна на директорот ма БЈБ било потенцирано дека Министерството за внатрешни работи ќе ги преземе сите неопходни дејствија согласни со нашите надлежности.

- Борбата со корупцијата и криминалот е главен приоритет на оваа Влада. Ќе се истражи целата работа и сиот можен криминал. Нема да дозволиме никој да ги краде народните пари и никој не смее да биде над законите, истакнал министерот Николоски по средбата.

На средбата се разговарало и за идната соработка и пријавување на сите сомнежи за сторени кривични дејствија. за да се стави крај на криминалот и корупцијата.

Како што стои во соопштението, директорот Јанев нагласил дека борбата против корупцијата и криминалот ќе биде неприкосновена и неселективна.

Македонците од Албанија со политичка декларација ќе бараат отфрлање на пописните резулатати

Македонците во Мала Преспа се обединуваат. Работат на потпишување на заедничка декларација со која ќе ги оспорат резултатите од пописот кој го сметаат за резултат на брутален политички инженеринг на Софија и Тирана.

Иницијатор на потпишување на документот е партијата на Македонците во Албанија. Заедно со Македонците кои се дел од другите партии во Албанија, заеднички ќе побараат пописот во делот на Мала Преспа и околината на Корча да не се признае како веродостоен.

Очекуваат реакција и од Властите во Скопје, за кои велат дека можат преку дипломатски и политички канали да реагираат официјална Тирана. Ја поздравуваат реакцијата на Министер за надворешни работи Тимчо Муцунски по чија интервенција беше корегирана графата на Албанската статистичка агенција, каде првично Македонците беа запишани како „Северномакедонци“

Инаку, во потписот во соседна Албанија бројот на Македонците е драстично намален, а на Бугарите од нула пред 10тина години сега е над 7.000. Според нашинците тоа е производ силната бугарска пропаганда и отворени обиди за асимилација на Македонците, преку нудењето пасоши, привилегии, патувања, работа, здравствени прегледи од бугарски лекари и слично.

Муцунски ги прими акредитивите од амбасадорот на Албанија Денион Меидани

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Албанија Денион Меидани, информираат од МНР.

Посакувајќи му успешна мисија на новиот албански амбасадор, министерот Муцунски изразил задоволство од билатералната соработка меѓу двете земји и увереност дека амбасадорот ќе даде значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу двете држави.

- Соговорниците се осврнаа на евроинтеграциите на двете земји, нагласувајќи ја потребата од забрзување на овие процеси во периодот што следи. Се согласија дека враќањето на проширувањето на ЕУ на агендата е значајно за регионот како целина и ќе придонесе за поттикнување на реформските и демократските процеси. Двете земји остануваат посветени на европскиот пат и подготвени да соработуваат во насока на реализација на крајната и споделена цел – полноправно членство во Унијата, известуваат од МНР.

Воедно, станало збор за соработката во однос на претстојниот НАТО Самит, што ќе се одржи идната недела во Вашингтон.

- Притоа, беше нагласено дека како НАТО сојузници, двете земји споделуваат исти вредности и даваат придонес во унапредувањето на регионалната соработка, што е гаранција за безбеден и стабилен регион, соопштуваат од МНР.

На средбата се разговарало и за модалитетите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на економијата, зголемувањето на трговската размена и реализацијата на инфраструктурните проекти, а биле разменети мислења и за регионалните случувања и за актуелните надворешно – политички теми.

притисни ентер