3Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотСтеќак - мистичен извор за средновековниот живот во Херцеговина Природните феномени и историските локалитети во западниот дел на Херцеговина, областа околу Љубушки, Посушје, Мостар и природниот резерват Блидиње отсекогаш претставувале енигма за жителите на регионот. Една од тие енигми се и древните камени споменици што означуваат гробни места или камените стели со укрсни или гравирани симболи познати како стеќак. Овие мистични надгробни споменици ги има низ цела Босна и Херцеговина, а ние посетивме два локалитета во Херцеговина. Првиот локалитет е во местото Посушје, каде се наоѓаат највисоките вакви споменици, а вториот во Дуго Поле во природниот парк Блидиње, каде на едно место се наоѓаат 150 стеќци. Само во областа на Посушје има четириесетина локации со околу илјада стеќци. Овие во самото место Посушје се едни од најмонументалните во цела Босна и Херцеговина, што се гледа од нивната висина и ги има вкупно шест. Луција Пекас од Општина Посушје појаснува дека стеќак е надгробен споменик, а под него се наоѓаат камени плочи од кои се направени саркофази, кои на себе имаат положен таканаречен „сљеменик“ или камен гребен. - Се претпоставува дека под овие стеќци е закопано благородничко семејство. При истражување на коските пронајдени се четири скелети - на двајца возрасни мажи и две момчиња. Пронајдениот прстен ги сместува овие стеќци во средновековието, односно на крајот од 14-тиот и почетокот на 15 век, раскажува Пекас. Посочува дека еден од скелетите бил многу висок и се претпоставува дека бил коњаник. - Имаше здрави заби и се претпоставува дека е коњаник бидејќи карлицата покажуваше знаци на многу јавање. По прегледот на забите, се докажа дека се работи за локален жител од овој крај, веројатно од некакво благородно семејство. Се верува дека овде имало уште еден стеќак кој бил отстранет или едноставно времето си го направило своето, вели Пекас. Старите луѓе велат дека имало обиди тие да се преселат на друго место, додаде таа, но, кога и да се обиделе тоа да го направат, имало многу големо невреме. По Посушје, се упативме кон природниот парк Блидиње, кој го опфаќа средишниот дел на планинскиот масив на Динаридите, каде покрај многуте природни знаменитости, е Дуго поле, познато по својата некропола која поради разновидноста на облиците и богатството на украси доби статус на Национален споменик на Босна и Херцеговина. Некрополата на стеќци Дуго Поле е една од шесте некрополи во Паркот на природата Блидиње и е најголемата некропола, бидејќи овде има околу 150 стеќци и гробници. Во 2016 година оваа некропола беше ставена под заштита на УНЕСКО, посочува Томислав Зеленика, дипломиран исторчар од Блидиње, еден од 20-те преостанати лица кои се уште живеат во областа Блидиње. - Знаеме дека овие надгробни споменици биле подигнати меѓу 12 и 14 век, односно до доаѓањето на османлиската власт и падот на Херцеговина во 1482 година. Интересни се затоа што, на пример, ова е единствената од илјадниците некрополи на просторот на поранешната држава која има и сакрален објект, класична капела каде што свештеникот е свртен со грбот кон луѓето, а со лицето кон олтарот. Таа капела денес е во урнатини, посочува Зеленика. Што се однесува до стеќците овде, според Зеленика, ги делат на „семењаци“, на плочи и на сандаци. - Овде ги имаме застапено сите три вида стеќци. Најбогатите се украсени со прикази на лов и танцување, од кои можеме да видиме дека ловците биле најбогатата социјална каста на овие простори и во тоа време. На многу стечаци овде наоѓаме приказ на човек на коњ со копје како брка елен во друштво на куче или, подолу, имаме приказ на празнувањето на тој улов, односно на семејството на тој човек што е погребан долу, а кој во животот бил ловец. На неколку стеќци имаме и претстава на меч, од што дознаваме дека под него лежи некој што во негово време бил војник. На 33 стеќци од овие 150 застапен е и симболот на крстот, така што можеме да кажеме дека се работи за христијански надгробни споменици, раскажува Зеленика. Бројните локалитети со стеќци кои се драгоцен извор на информации за животот, вероисповеста, уметноста и културата на средновековните зедници во Босна и Херцеговина се неизоставна приказна и една од најзначајните обележја на Западна Херцеговина. А да се биде тука, а да не се посети некоја од бројните локалитет со стеќци, е исто и како да не сте биле во Херцеговина. Оливер Бранковиќ Фото: МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Петар БогојескиВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Петар БогојескиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКолку пати дневно треба да се шета кучето? Ветеринари откриваат што е најдобро за домашниот миленикОсобините на вашето куче ќе ви дадат појасен одговор на прашањето колку е доволно. За многу миленици, прошетката е омилен дел од денот, не постои универзално правило колку често и колку време треба кучето да се изнесе надвор. Потребата од движење зависи од возраста, големината, расата, здравствената состојба на кучето, но и од неговата енергија. Прошетката е добра за здравјето и расположението на кучето Редовните прошетки помагаат кучето да одржи здрава телесна тежина, да го зачува здравјето, зглобовите и да поттикне добро варење. Физичките активности му даваат можност да ја истражи околината, да запознае нови мириси и да го посматра светот околу себе. Дури и ако имате двор, тоа не значи дека кучето добива доволно активност. На кучињата им е потребна интеракција со сопственикот. Колку прошетка е доволно во текот на денот? На повеќето возрасни кучиња доволни им се помеѓу 30 минути и два часа физичка активност дневно, но точниот обем зависи од нивната индивидуална потреба. Затоа прошетката не треба да се сведе на брзо завршување нужда. На некои кучиња им одговара пократка прошетка, додека активните раси бараат долги прошетки и дополнителна игра. Малите кутриња допрва развиваат издржливост, па траењето на прошетката треба постепено да се зголемува. Особено е важно да се избегнуваат напорни активности што се повторуваат додека кучето не го заврши развојот, бидејќи може да се зголеми ризикот од проблеми со зглобовите. Кај старите раси, кратките и почести прошетки се подобар избор, со внимателно следење на знаците на умор. Ни големината на кучето не е единствен показател за неговите потреби. Малите кучиња може да бидат многу активни, додека кај големите раси треба да се обрати внимание на оптоварувањето на зглобовите. Кај кучиња со респираторни и срцеви проблеми, како и кај раси со кратка муцка, планот за активност треба да биде според советот на ветеринарот. Временските услови исто така се важни. За време на големи горештини избегнувајте напорни прошетки додека е топло, додека при студено време треба да обратите внимание на тресење, непријатност и други знаци. Ако забележите дека тешко дише, оди побавно или се обидува да седне, прекинете ја активноста и проценете дали му е потребна помош. Како секојдневните прошетки да бидат побезбедни Овозможете му на вашето куче да истражува нови мириси, па повремено менувајте ја рутата. Користете цврст поводник и добро прилагоден околувратник, кучето би требало да носи плочка за идентификација со телефонскиот број на сопственикот. Микрочипот исто така е важен за полесно пронаоѓање на миленикот. Редовните прошетки со доволно време за душкање и заедничка игра придонесуваат за негово подобро здравје и добра ментална стимулација. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
ЗдравјеШто откриваат научните истражувања за очилата за заштита од сина светлина?Екраните станаа незаменлив дел од секојдневието. Денот често ни започнува со проверка на мобилните телефони; на работа поминуваме часови гледајќи во компјутерот, а вечерите ги поминуваме пред телевизор или прелистувајќи по социјалните мрежи. Многумина се запознаени со последиците: замор на очите, главоболка, заматен вид и општо чувство на напрегнатост, пренесува „Bored Panda“. Со оглед на ова, популарните производите кои ветуваат олеснување не се изненадување. Очилата што ја филтрираат сината светлина се претставуваат како едноставно решение, наместо промена во навиките, намалување на времето поминато пред екраните или правење редовни паузи – корисниците можат едноставно да стават очила кои, наводно, го филтрираат проблематичниот дел од светлосниот спектар. Маркетиншки ветувања и едноставна логика Производителите ги рекламираат овие очила како решение за непријатноста во очите предизвикана од долготрајна работа на компјутер; некои одат и чекор понатаму, па ветуваат подобар сон и заштита на мрежницата од оштетување. Привлечноста на ваквите очила е разбирлива. Логиката се чини едноставна: ако екраните предизвикуваат проблем, филтрирањето на нивната светлина би требало да е решението. Сепак, научната основа за овие тврдења е многу посложена отколку што сугерираат маркетиншките пораките. Што вели науката? Еден опсежен систематски преглед, објавен во научната база „Кокран“ (Cochrane), ги анализирал постојните клинички испитувања за ефектите од очилата што ја филтрираат сината светлина. Истражувачите го проучувале нивното влијание врз видот, напрегањето на очите, здравјето на мрежницата и квалитетот на сонот. Наодите од студијата ги доведуваат во прашање маркетиншките тврдења и поттикнуваат дискусија за тоа што реално потрошувачите можат да очекуваат од овие производи, како и дали постојат поефикасни методи за ублажување на тегобите поврзани со екранот. Анализа на 17 случајно распоредени студии покажала дека леќите што филтрираат сина светлина не го намалуваат значително напорот врз очите или непријатноста за време на користење на екранот. Нивното влијание врз квалитетот на спиењето останува нејасно поради недоследни резултати од истражувањата; па според тоа, во моментов нема цврсти докази дека ваквите леќи го подобруваат сонот. Понатаму, клиничките истражувања не дале докази дека овие очила ја штитат мрежницата - задниот дел од окото, вклучувајќи ја и макулата - или спречуваат долгорочно оштетување на неа. Што се однесува до несаканите ефекти, тие генерално биле ретки, благи и привремени и почесто биле поврзани со носењето на самите рамки за очила, а не со специјалниот слој на леќите. Извор: srecne.republika.rsКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter