Весна Кираџиева, Сашо Тасевски и Јанаки Митровски во „Само вистина“ - Канал 5

Весна Кираџиева, Сашо Тасевски и Јанаки Митровски во „Само вистина“

Почитувани гледачи, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Весна Кираџиева, Сашо Тасевски и Јанаки Митровски. 

Весна Кираџиева, Сашо Тасевски и Јанаки Митровски во „Само вистина“

Мириса ли на политичко разидување, можна ли е реконструкција на Влада пред локалните?

Етничките теми, реален проблем во општеството или џокер за политички ќар, кој со кого предизборно кокетира?

Царините на Трамп ги потресоа светските берзи, ќе има ли корекција за македонските производи?

Кој е виновен, а кој ќе одговара, дали корупцијата е посилна од институциите?

Каде биле инспекциите и до каде ќе се трага по одговорност за трагедијата во Кочани? Колку вреди животот во Македонија?

Вечерва Александар Видиновски со Весна Кираџиева, Сашо Тасевски и Јанаки Митровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интернационална конференција „одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“

Во екот на дебатата за иднината и одржливоста на вториот пензиски столб и експертските ставови за можните опции за негова реформа, пензиските друштва се на став дека овој столб е неоходен за долгорочната стабилност на пензискиот систем..

Интернационална конференција „одржливи пензиски системи, меѓународни искуства и предизвици“

За предизвиците и перспективите повеќе од Маја Стојановска.. Маја што предлагаат пензиските друштва?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести

Веднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија.

Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести

Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери.

„Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години.Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме“, -– Ангела Василевска, претседателка на Национално студентско тело.

Додека студентите најавуваат протест, од Министерството за образование и наука, пак, велат дека до нив веќе доставиле предлог за повисок износ и промена на досегашниот модел...

YouTube video

„МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите сè уште немаме добиено писмен одговор.“– МОН.

Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари.

Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денари

На над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра

По спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денари

На над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра, кои сега ќе мора да им ги вратат назад, откако пазарниот инспекторат во вонредни контроли утврдил дека најголем дел од вкупно 27 вакви лиценцирани фирми го кршеле закокот за зашита на потрошувачи. Оштетените граѓани треба да бидат повикувани од самата фирма за брз кредит од чија страна биле злоупотребени, а рокот за исплата се движи од еден до три месеци, потврди Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски.

Кај 18 друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни одредби, поради што се казнети од над 3,5 милиони денари. Две вакви друштва не дале документација со изговор дека сметководството им се води во странство и за нив од инспекторатот надлежноста се префрла во Министерството за финансии. Изречените казни, се различни, но се движат само од 2.000 до 10.000 евра по прекршок.

Тримесечните инспекциски контроли го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек. Надлежните ветија дека ќе се објават фирмите што се бават со брзи кредити што правеле злоупотреби, иако не кажаа кога точно тоа ќе се случи, со објаснување дека сега не сакаат да наштетат на истражните процеси.

Од ДПИ упатија и апел до граѓаните да пријавуваат неправилности при користењето на брз кредиот, најавувајќи дека нема да има толеранција за незаконско работење, како и дека ќе заврши праксата на неказнивост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер