Градоначалникот Лимани објави видео со албански знамиња низ Гостивар во пресрет на денот на независноста на Албанија - Канал 5

Градоначалникот Лимани објави видео со албански знамиња низ Гостивар во пресрет на денот на независноста на Албанија

Во пресрет на денот албанското знаме , првиот човек на општина Гостивар, Валбон Лимани, објави видео на социјаните мрежи на кое се гледа како во централното градско подрачје на општината се поставени повеќе албански знамиња, но ниту едно македонско.

Градоначалникот Лимани објави видео со албански знамиња низ Гостивар во пресрет на денот на независноста на Албанија

Во пресрет на денот албанското знаме – 28 ноември, првиот човек на општина Гостивар, Валбон Лимани, објави видео на социјаните мрежи на кое се гледа како во централното градско подрачје на општината се поставени повеќе албански знамиња, но ниту едно македонско.

Иако во Законот за употреба на знамиња на заедниците стои дека покрај знамето на конкретната заедница мора да биде истакнато и државното знаме, сепак, тоа не е случај во видеото кое го објавил самиот градоначалник.

Од општина Гостивар пак за Канал 5, велат дека Законот за употреба на јазици е испочитуван во целост, а во пресрет на денот на албанското знаме – во центарот на Општината се поставени и државни знамиња,.

-Вчера започна украсувањето на градот Гостивар по повод празникот на албанското национално знаме 28 ноември. При украсувањето беше испочитувано и државното знаме на Република Македонија. Гоствар е пример за соживот, меѓусебно почитување и заедништво. Нашата определба е да ги негуваме и зајакнуваме овие вредности, почитувајќи ги симболите, традициите и празниците на сите заедници кои живеат во нашиот град. Соживотот не е само вредност што ја декларираме, туку принцип по кој постапуваме и кој продолжуваме да го градиме заедно,- – Општина Гостивар.

Од СВР Тетово, под чија надлежност влегува и територијата на општина Гостивар, по синоќашното видео на Лимани, велат дека досега не е пристигната ниту една пријава дека општината го прекршила Законот за употреба на знамиња. Оттаму , преку фотографии уверуваат дека покрај албанското, општината го истакнала и македонското знаме.

-Во СВР Тетово досега не е пристигната ниту една пријава за прекршување на Законот за употреба на знамиња на заедниците. На повеќе места во Гостивар, каде што општината има одговорност, поставени се македонското, албанското и турското знаме,- -СВР Тетово.

Согласно Законот за употреба на знамињата на заедници во Македонија - во општините кадешто припадниците на помала заедница се мнозинство, односно над се 50 проецнти, при одбележување на нивни празници, знамето на конкретната заедница се истакнува пред и во објектите на локалната самоуправа и на јавни места, но секогаш ви придружба на државното знаме.

За потсетување пак, додека од претходно во Македонија во повеќе наврати не се почитуваше Законот за употреба на знамињата на заедниците, во Тирана, на денот на независноста на Македонија - 8 септември, беа поставени повеќе македонски државни знамиња, преку што беше искажана почит за сите македонци во кои живеат во Албанија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следната недела ќе се бара начин да се изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата

Собранискиот спикер Африм Гаши од следната недела ќе бара начин да се одглави и изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата, која од ДКСК во Собранието е поднесена уште пред 5 месеци, но се уште не е усвоена.

Следната недела ќе се бара начин да се изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата

По реакциите на дел од невладините, Гаши на брифинг со новинарите објасни дека таа е ставена на дневен ред, но седницата е заглавена поради законот за правична застапеност кој го блокираат албанските опозициски партии. Една од опциите е на седница да се гласа само за ова точка, но доколку нема договор меѓу пратениците, Антикорупциска ќе треба да ја повлече, па повторно да ја достави, кажа Гаши.

- Националната стратегија за борба против корупцијата е ставена на 111 седница кадешто е и законот за правична застапеност. Како што знаете таа седница беше блокирана од опозицијата. Јас ќе побарам во понеделник од координаторите да се согласиме заедно да свикаме продолжение на оваа седница, само таа точка да ја гласаме. Ако не успееме да се договориме, тогаш ќе побараме од ДКСК да ја повлече стратегијата и веднаш да ја достави, за да ја ставиме на друга седница, изјави Гаши.

Според поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска справувањето со корупцијата треба да биде приоритет, а не да биде обврска што се одложува. Собранието, вели таа, сноси своја одговорност заради тоа што националната стратегија се уште не е усвоена. Евентуалното повлекување на стратегијата од ДКСК за да направи измена, според Ивановска, ќе значи дополнително потрошено време и ресурси.

-За жал, од ова непостапување на Собранието и неодговорно однесување на законодавниот дом, можеме да констатираме дека не се покажува доволно свесност за значењето на националната стратегија, ниту пак се почитува законот. Со тоа се ослабува позицијата на ДКСК, бидејќи ДКСК има надлежност да го следи спроведувањето на мерките од националната стратегија, да подготвува годишни извештаи и за тоа истите да ги доставува до Собранието. Анализите покажуваат дека политичката волја е пресудна за постапување на партиите, а политичкото влијание е најсилен генератор на корупцијата, изјави Ивановска за Канал 5.

Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2031 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието.

Од Платформата на граѓански организации претходно реагираа дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Итна седница за фемицидите ќе има што ќе стигне барањето од опозицијата, вели Гаши

По повиците за одговорност од мрежата за заштита од дискриминација до претседателот на собранието Африм Гаши, оти три месеци законодавниот дом чека со законските измени за заштита на жените од насилство.

Итна седница за фемицидите ќе има што ќе стигне барањето од опозицијата, вели Гаши

По повиците за одговорност од мрежата за заштита од дискриминација до претседателот на собранието Африм Гаши, оти три месеци законодавниот дом чека со законските измени за заштита на жените од насилство, спикерот кажа дека до него не е пристигнато барање за итна седница и дека по добивањето ќе се постапи веднаш. Тој појасни, оти законските – измени се поднесени од група пратеници и согласно процедурите испратени се до Владата за мислење, па ако нема забелешки на истите, итно ќе се најдат пред пратениците.

-Мислам дека ова е толку сензитивно прашање и болно прашање што секој од нас, кои сме носители на јавни функции, ама не и само новинари и сите граѓани, мислам дека сакаат тоа што побргу да се донесе и да се намали насилството врз жените и воопшто да го нема ако можеме, но тоа ќе биде борба која ќе треба сите да ја извојуваме заедно,- - Африм Гаши – Претседател на Собрание на РМ.

Од Владата посочија дека мислењето треба да помине неколку институции и дека очекуваат во најскоро време истото да биде обезбедено и доставено до Собранието.

-Тоа се состојби кои што патуваат од институција до институција, не би импровизирала сега, немам проблем да ги соопштам со јавноста да знаеме кога е испратено, кои се причините и зошто, се надевам дека повеќе мислења се потребни да се инкорпорираат во едно за да биде доставено до собранието. Заложбата на Владата е јасна во однос на немањето никаква толеранција по однос на насилството врз жените,- - Марија Митева – Портпарол на Влада.

По барањата за институционална одговорност и навремена заштита на жртвите од протестите и оние за оставка од опозициската СДСМ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека за разлика од претходните власти од кои не се барала одговорност и кои имале по седум фемициди годишно, сега се преземаат дејствија. Вели, има 163 притвори, во однос на 44те лани, донесени законски измени, и други кои допрва ќе се донесат.

-Претпоставувам и четврти пат ќе има барање за интерпелација во период од две години за министерот внатрешни работи, но не се сеќавам дека некој го повикал од оние кои што сега од петни жили се обидуваат да ја префрлат вината на министерот за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ, во 2022 година, кога исто сме имале фемициди, истите кои што сега се најгласни да побарале оставка од тогашниот министер. Се обидуваат да го лажат и македонскиот народ дека ова кое што го прават и ова кое денес е за нив најголем приоритет било и во 2022 и во 2018, ама тие кога биле на власт тогаш не било,- Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Невладините организација, во рамките на 16 дена активизам против родово базирано насилство, најавија дека ќе ги повикуваат сите носители на јавни функции да дејствуваат и дека на 10ти декември, очекуваат истите да ја информираат јавноста што исполниле од барањата кои ги преставија деновиве.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер