Следната недела ќе се бара начин да се изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата - Канал 5

Следната недела ќе се бара начин да се изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата

Собранискиот спикер Африм Гаши од следната недела ќе бара начин да се одглави и изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата, која од ДКСК во Собранието е поднесена уште пред 5 месеци, но се уште не е усвоена.

Следната недела ќе се бара начин да се изгласа Националната стратегија за борба против корупцијата

По реакциите на дел од невладините, Гаши на брифинг со новинарите објасни дека таа е ставена на дневен ред, но седницата е заглавена поради законот за правична застапеност кој го блокираат албанските опозициски партии. Една од опциите е на седница да се гласа само за ова точка, но доколку нема договор меѓу пратениците, Антикорупциска ќе треба да ја повлече, па повторно да ја достави, кажа Гаши.

- Националната стратегија за борба против корупцијата е ставена на 111 седница кадешто е и законот за правична застапеност. Како што знаете таа седница беше блокирана од опозицијата. Јас ќе побарам во понеделник од координаторите да се согласиме заедно да свикаме продолжение на оваа седница, само таа точка да ја гласаме. Ако не успееме да се договориме, тогаш ќе побараме од ДКСК да ја повлече стратегијата и веднаш да ја достави, за да ја ставиме на друга седница, изјави Гаши.

Според поранешната претседателка на Антикорупциска, Билјана Ивановска справувањето со корупцијата треба да биде приоритет, а не да биде обврска што се одложува. Собранието, вели таа, сноси своја одговорност заради тоа што националната стратегија се уште не е усвоена. Евентуалното повлекување на стратегијата од ДКСК за да направи измена, според Ивановска, ќе значи дополнително потрошено време и ресурси.

-За жал, од ова непостапување на Собранието и неодговорно однесување на законодавниот дом, можеме да констатираме дека не се покажува доволно свесност за значењето на националната стратегија, ниту пак се почитува законот. Со тоа се ослабува позицијата на ДКСК, бидејќи ДКСК има надлежност да го следи спроведувањето на мерките од националната стратегија, да подготвува годишни извештаи и за тоа истите да ги доставува до Собранието. Анализите покажуваат дека политичката волја е пресудна за постапување на партиите, а политичкото влијание е најсилен генератор на корупцијата, изјави Ивановска за Канал 5.

Претходната стратегија истече на крајот од минатата година, а новата која треба да е со важност 2026 – 2031 година ДКСК ја усвои во јуни годинава и уште истиот месец ја испрати во Собранието.

Од Платформата на граѓански организации претходно реагираа дека со неусвојувањето на стратегијата во Собранието се нарушува континунитетот на националните антикорупциски политики и се испраќа загрижувачка порака за приоритетите на институциите во справувањето со корупцијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести

Веднаш да се зголеми на 180 денари студентскиот оброк,бараат студентските здруженија.

Студентските организации бараат исплата на зголемениот субвенбциониран оброк веднаш, во спротивно ќе излезат на протести

Во спротивно, студентите најавуваат протест.Тие велат дека по одржаните средби со претставниците на Владата и Министерството за образование и наука, остануваат на барањето за повисок дневен износ на субвенционираниот оброк и не ги прифаќаат дигиталните ваучери.

„Студентскиот оброк мора веднаш да се покачи , нашето барање денес ќе го испратиме до соодветните институции и очекуваме во рок од 7 дена да биде разгледано барањето и во рок од 14 календарски дена да биде истото реализирано и обработено со дела, студентите чекаа три години.Доколку не ни се исполнат барањата ќе протестираме заради тоа што ние немаме друг начин,веќе долго време изгубивме на средби, долго време изгубивме на иницијативи и на градење на апликации..повеќе не можеме да чекаме“, -– Ангела Василевска, претседателка на Национално студентско тело.

Додека студентите најавуваат протест, од Министерството за образование и наука, пак, велат дека до нив веќе доставиле предлог за повисок износ и промена на досегашниот модел...

YouTube video

„МОН и Владата доставија предлог до студентите за зголемување на износот на дневната субвенција за оброк, дополнителен попуст по искористување на месечниот износ и промена на моделот со цел користење на средствата исклучиво за храна. Од студентите сè уште немаме добиено писмен одговор.“– МОН.

Субвенционираниот студентски оброк во моментов изнесува 140 денари. Последното зголемување беше во 2023 година, кога износот од 120 се покачи на 140 денари.

Студентите во изминатиот период побараа и бесплатен јавен и меѓуградски превоз, како и подобри услови во студентските домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денари

На над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра

По спроведени контроли над 26 илјади граѓани треба да добијат назад над 140 милиони денари

На над 26.000 граѓани финансиски друштва за брзи кредити како провизија, трошоци или казна за доцнење за плаќање на рата и слично незаконски им земале околу 140 милиони денари, или 2,28 милиони евра, кои сега ќе мора да им ги вратат назад, откако пазарниот инспекторат во вонредни контроли утврдил дека најголем дел од вкупно 27 вакви лиценцирани фирми го кршеле закокот за зашита на потрошувачи. Оштетените граѓани треба да бидат повикувани од самата фирма за брз кредит од чија страна биле злоупотребени, а рокот за исплата се движи од еден до три месеци, потврди Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски.

Кај 18 друштва е констатирано дека применувале нечесна трговска практика, односно дека во договорите за потрошувачки кредити вградувале нечесни одредби, поради што се казнети од над 3,5 милиони денари. Две вакви друштва не дале документација со изговор дека сметководството им се води во странство и за нив од инспекторатот надлежноста се префрла во Министерството за финансии. Изречените казни, се различни, но се движат само од 2.000 до 10.000 евра по прекршок.

Тримесечните инспекциски контроли го опфатиле периодот од 2023 до 2026 година, а истрагата е се уште во тек. Надлежните ветија дека ќе се објават фирмите што се бават со брзи кредити што правеле злоупотреби, иако не кажаа кога точно тоа ќе се случи, со објаснување дека сега не сакаат да наштетат на истражните процеси.

Од ДПИ упатија и апел до граѓаните да пријавуваат неправилности при користењето на брз кредиот, најавувајќи дека нема да има толеранција за незаконско работење, како и дека ќе заврши праксата на неказнивост.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер