Во среда Уставниот суд избира нов претседател, судијка од гостиварскиот суд предложена за нов член на судот
2Во среда Уставниот суд избира нов претседател, судијка од гостиварскиот суд предложена за нов член на судот
3Билатералните прашања не го одминаа Самитот ЕУ – Западен Балкан, а најдоа место и во завршната декларација
МакедонијаБилатералните прашања не го одминаа Самитот ЕУ – Западен Балкан, а најдоа место и во завршната декларацијаМицкоски бара договор за акцискиот план за малцинствата, блокиран од Бугарија, Милатовиќ арбитража за решавање на спорот со границата со Хрватска. Билатералните прашања не го одминаа вчерашниот самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел, а најдоа место и во завршната декларација. Добрососедските односи, вклучително и опипливи резултати при спроведувањето на меѓународните договори, како Преспанскиот и договорот со Бугарија остануваат клучни, се вели во документот. -Сè уште се потребни одлучни понатамошни напори за поттикнување на помирувањето и регионалната стабилност, како и за наоѓање и спроведување дефинитивни, инклузивни и обврзувачки решенија за регионалните и билатералните спорови и прашања на партнерите, вкоренети во наследството од минатото, пишува во декларацијата. За Македонија, освен Уставните измени, предизвик и натаму останува усвојувањето на Акцискиот план за малцинствата, за кој Мицкоски вчера од Брисел порача дека треба да се затвори пред воопшто да се размислува за промена на Уставот. За политичкиот аналитичар, Марко Трошановски стравувањата од ново бугарско вето и по евентуално внесување на Бугарите во Уставот, се сосема оправдани. -Ја разбирам целосно идејата на премирот да се затвори овој документ за да не се случи нова блокада што би било разорувачи за процесот за проширување. Со многу мали измени и дополнувања на Акцискиот план може да се излезе во пресрет на барањата на бнуагрската заедница овде и Бугарија истиот да го прифати. , вели Марко Трошановски, Институт за демократија „Социетас Цивилис“. Освен Македонија од бугарската, и Црна Гора сега бара начин како да се извлече од хрватската блокада за граничниот спор, откако синоќа претседателот Милатовиќ најави можност да се оди на меѓународен суд или арбитража, по примерот токму меѓу Загреб и Љубљана за спорот околу Пиранскиот залив. Денеска пристигна студен туш од Пленковиќ. -Арбитражата за нас не е опција, да бидеме целосно јасни. Од друга страна, односот меѓу Хрватска и Црна Гора и односнот меѓу Хрватска и Словенија не е ист, Црна гора беше дел од поранешната СФРЈ која спроведуваше вооружена агресија на хрватска територија. Можам слободно да речам, поглавјето 31 нема да биде затворено додека не се реши разграничувањето на копно. , изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска. По вчерашниот Самит, Фон дер Лајен најави дополнителни 338 милиони евра за Македонија, Црна Гора и Албанија од Планот за раст, средства кои беа предвидени за Србија, Косово и Босна и Херцеговина, но ќе бидат прераспределени поради нивното отсуство на реформи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
МакедонијаЃорѓиевски: Влогот во образованието е влог во иднинатаГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информираше дека изминатиов период се заменети дотраените покриви во скопските средни училишта.- Со години, додека учениците учеа, а професорите предаваа, покривите над нив прокиснуваа. Со години се знаеше за проблемот, а неговото решавање се оставаше за некое друго време. Како градоначалник, сметам дека ниту една генерација не смее да го помине школувањето чекајќи основни услови за настава. Затоа ги заменивме дотраените покриви. Под тие нови покриви ќе учат и денешните средношколци и генерациите што доаѓаат по нив. Моја одговорност како градоначалник е да ви обезбедам подобри услови за работа, а на учениците да им отворам нови можности – изјави Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски нагласи дека во градските средни училишта обновени се спортските терени, училниците се опремени со нов мебел, компјутери, лаптопи и интерактивни табли, а обезбедено е и ормарче за секој ученик, како и бесплатни униформи за учениците од прва година и лаптопи за првенците на генерацијата. - Во „Димитар Влахов“ отворивме фризерско-козметички салон каде што учениците го учат занаетот со професионална опрема. Организиравме бесплатен едукативен камп во Охрид, а за оваа зима предвидовме и ски-викенд за средношколците. Иднината на Скопје денес седи во училишните клупи и заслужува да го добие најдоброто од нас – рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски истакна дека во тек е поставувањето фотоволтаици во училиштата, а следната година ќе се градат две нови средни училишта, едно во Драчево и едно во Ѓорче Петров. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо среда Уставниот суд избира нов претседател, судијка од гостиварскиот суд предложена за нов член на судотУставниот суд на 2 декември во среда ќе избира нов претседател, месец дена пред да му истече деветгодишниот мандат како уставен судија на актуелниот прв човек на Судот, Дарко Костадиновски. Иако неговиот тригодишен мандат како претседател требаше да трае до јуни 2027 година, со престанокот на судиската функција автоматски престанува и можноста да продолжи да раководи со Судот. -Претседателот на Судот, д-р Дарко Костадиновски на колегиум одржан на 2 ноември ги извести судиите за динамиката на состаноците и седниците. Меѓу нив и за изборот на нов претседател на Уставниот суд, на седница која ќе биде одржана на 2 декември,- Уставен суд на РМ. Во јануари истекува и деветгодишниот мандат на уставниот судија Осман Кадриу. Предлозите за двете места што ќе се испразнат со заминувањето на Костадиновски и Кадриу треба да дојдат од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Од нејзиниот кабинет нема информација кога ќе ги достави предлозите за нови уставни судии, ниту кои имиња ќе ги предложи за двете места што ќе се испразнат. Во меѓувреме, судијката од гостиварскиот основен суд Теодора Евтимовска-Бојковска денеска доби поддршка од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата како собраниски предлог за нов уставен судија. Беше поддржана со осум гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, а предлогот помина без дискусија. -Собранието на РМ на седницата одржана на 20ти јули 2026 година ја констатираше оставката на судијата на Уставниот суд профр. д-р Гоце Наумовски. На негово место треба да се избере нов судија. Теодора Евтимовска Бојковска потекнува од Тетово, 1995 година дипломирала на Правниот факултет Јустинијан Први. Од 2008 година е избрана во Основниот суд Гостивар каде работи по предмети граѓанска материја. Се работи за искусен судија и човек кој може да помогне на Уставниот суд,- изјави - Ѓорѓија Сајкоски - Комисијата за прашања на изборите и именувањата. За нејзиниот избор треба да се изјасни и Собранието на пленарна седница. Новиот претседател на Уставен со мандат од три години ќе биде избран од редот на останатите актуелни судии во овој суд - Насер Ајдари, Татјана Васиќ-Бозаџиева, Мери Дика-Георгиевска, Ана Павловска-Данева и Фатмир Скендер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39